Свет
Синот на Гадафи се појави на улиците на Триполи
Саиф ал-Ислам, еден од највлијателните синови на либискиот лидер Моамер Гадафи, за кој претходно беше објавено дека е фатен од бунтовниците, ненадејно се појави на улиците на Триполи, со што го стави под знак прашање обемот на контрола врз престолнината од странa на бунтовниците
Саиф ал-Ислам, еден од највлијателните синови на либискиот лидер Моамер Гадафи, за кој претходно беше објавено дека е фатен од бунтовниците, ненадејно се појави на улиците на Триполи, со што го стави под знак прашање обемот на контрола врз престолнината од странa на бунтовниците
Саиф, за кого сите сметаа дека е очигледен наследник на својот татко ако не се случеше бунтот, го посети хотелот во триполи каде штоп се сместени странските новинари, каде што повторно истакна дека владините сили ја добиваат битката против бунтовниците. Тој ги одведе новинарите до упориштето на неговиот татко во комплексот Баб ал-Азизија, при што насмеан се ракуваше со поголема група негови поддржувачи.
„Им го скршивме ‘рбетот на бунтовниците. Ова беше стапица. Тие се соочија со силен отпор и сега ние победуваме“, рече Саиф и им порача на оние кои пред камерите чекаа ред да добијат оружје дека Уште денес ќе ги нападнеме стаорците“.
На прашањето дали неговиот татко е на сигурно, Саиф кратко одговори „секако“.
Саиф истакна и дека Триполи е под целосна владина контрола и дека не му е грижа за налогот за апсење издаден од Меѓународниот суд за злосторства, кој не го и неговиот татко ги гони за злосторства врз човештвото.
Бунтовниците навлегоа во Триполи во саботата и се претпоставува дека оттогаш има стотици загинати и ранети во борбите за престолнината на Либија. Во градот има повеќе силни џебови на отпор на лојалистите на Гадафи, а во пресметките се користи и тешко оружје како противавионски топови.
Според странските известувачи, се чини дека тенковите и снајперистите на Гадафи држат само уште неколку помали области во градот, главно околу силно утврденото упориште на гадафи, комплексот Баб ал-Азизија во центарот на градот.
Пристигнуваат и извештаи дека силни борби се водат и во и околу еден од најголемите нафтени терминал, градот Брега, за кои бунтовниците тврдеа дека е целосно под нивна контрола.
Повеќе светски лидери вчера повторно го повикаа Гадафи да се предаде и да го прекине крвопролевањето. Тој, во последното обраќање до јавноста преку државната телевизија во неделата, кратко пред таа да го прекине емитувањето на програмата, истакна дека „ќе остане во Триполи до самиот крај“. /крај/reuters/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Бугарија ја зголемува безбедноста во рафинеријата на „Лукоил“ во Бургас пред преземањето
Бугарија ја зајакнува безбедноста на копно, вода и во воздух, вклучително и системот за заштита од дронови, во објектите на „Лукоил“ на нејзина територија, пред планираното преземање на фабриката, објави денес бугарската влада.
Државната агенција за национална безбедност (ДАНС) денес влезе во канцелариите на компанијата „Лукоил“ во земјата и во рафинеријата во Бургас и започна со инспекции, објави Бугарското национално радио (БНР).
Според соопштението на кабинетот, во Бургас се распоредени единици на воена полиција и системи против дронови, додека Министерството за внатрешни работи спроведува зголемени контроли на сите возила што влегуваат во периметарот на објектот, вклучително и проверки за експлозивни направи.
Владата во Софија наведува дека мерките се „исклучиво превентивни“ и имаат за цел да ја зачуваат безбедноста на енергетските објекти означени како критична инфраструктура, објавува Ројтерс.
Во петок, бугарскиот парламент усвои измени на Законот за административно регулирање на економските активности поврзани со нафта и нафтени производи, со кои се даваат вонредни овластувања на идниот специјален менаџер на компанијата Лукоил во таа земја, пишуваат медиумите.
Врз основа на новите овластувања, управителот ќе може да ја продаде рафинеријата во Бургас, а рускиот „Лукоил“, кој досега управуваше со рафинеријата, повеќе нема да има право на глас ниту можност за жалба на одлуката за преземање.
Американските и британските санкции против руските енергетски гиганти Лукоил и Роснефт, воведени минатиот месец поради војната во Украина, извршија притисок врз владите на земјите-членки на Европската Унија кои продолжуваат да зависат од руските деривати.
Бугарската рафинерија во Бургас е од стратешко значење за снабдувањето со гориво во регионот, а властите во Софија стравуваат од можни прекини во синџирите на снабдување доколку дојде до целосен прекин на работењето на „Лукоил“, според написите.
Министерот за економија Петар Дилов изрази верување дека Бугарија, како и Унгарија, ќе добие ослободување од американските санкции за рафинеријата „Лукоил“.
Според него, Бугарија, за разлика од Унгарија, не работи со руска нафта повеќе од една година.
Фото: принтскрин
Регион
(Видео) Вучиќ ѝ се јавил на Дијана Хрка за да ја замоли да го прекине штрајкот со глад, таа вели дека не се чувствува добро
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утрово лично им се јавил на Дијана Хрка и Угљеша Мрдиќ, двајцата активисти кои веќе неколку дена штрајкуваат со глад во Собранието.
„Разговарав по телефон со Дијана Хрка и Угљеша Мрдиќ. Ги замолив да го прекинат штрајкот со глад и ја поканив госпоѓата Хрка во претседателството на состанок. Сите добри луѓе во Србија се загрижени за нивното здравје, се молам и се надевам дека ќе донесат одлука за прекин на штрајкот“, изјави Вучиќ.
View this post on Instagram
Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој загина при пад на натстрешница на железничката станица во Нови Сад, штрајкува со глад веќе девет дена.
Во изјава за агенцијата ФоНет, Хрка потврди дека не се чувствува добро и дека не е во состојба да коментира за повикот на претседателот. „Не можам да зборувам за тоа сега. Моментално лежам и не сум баш добро“, изјави таа.
Претходно Хрка изјави дека нема да го прекине штрајкот со глад додека институциите не почнат да си ја работат својата работа.
Свет
Размена на тела во Газа: Израел предаде 15 Палестинци
Министерството за здравство на Газа денес објави дека нивни претставници ги примиле телата на 15 Палестинци од Израе, со посредство на Црвениот крст.
Со последното предавање тела од почетокот на прекинот на огнот во Газа, Израел предаде 315 тела на Палестинци, пренесува АП.
Израел ги врати телата на Палестинците откога еден ден претходно палестинското милитантно движење Хамас го врати телото на припадникот на израелската армија, Хадар Голдин, кој беше убиен во 2014 година.
Според договорот за прекин на огнот во Газа, што стапи во сила пред еден месец, а кој беше постигнат со посредство на Соединетите Американски Држави, Израел се обврза да врати во Газа 15 тела на убиени Палестинци за телото на секој израелски заложник вратен од Хамас.
Фото: принтскрин

