Свет
„Стандард и Пурс“ го изедначи рејтингот на Македонија за задолжување
Агенцијата „Стандард и Пурс“ денеска го намали рејтингот на Република Македонија за долгорочно задолжување во локална валута од „ББ+“ на „ББ“ за да може во рамките на промената на методологијата на оценување да го изедначи со задолжувањето во странски валути.
Агенцијата „Стандард и Пурс“ денеска го намали рејтингот на Република Македонија за долгорочно задолжување во локална валута од „ББ+“ на „ББ“ за да може во рамките на промената на методологијата на оценување да го изедначи со задолжувањето во странски валути.Воедно беше потврден и важечкиот македонски рејтинг за долгорочно задолжување во странска валута (ББ). Потврдени се и рејтинзите за краткорочно задолжување, на „Б“ и оценката на трансферот и конвертибилноста на „ББ+“. Прогнозата за македонија е стабилна. Во рамките на промената на методологијата, агенцијата ги намалува ризиците за задолжување на земјите во локалната валута, па дури и ги сведува на нула. Тоа изедначување од „Стандард и Пурс“ го објаснуваат со засилената глобализација на пазарите, поради што владите во случај на реконструкција на долговите не се присилени внимателно да одмерат дали ќе се задолжуваат во домашна или во странска валута. Владите кои независно управуваат со своите валути имаат поголеми капацитети за враќање на долговите во домашна валути, отколку на оние во странска, додека во македонија тоа не е случај, заклучуваат од „Стандард и Пурс“.Прогнозата за Македонија е стабилна и агенцијата го задржува мислењето дека рејтингот на земјата би можел да се поправи ако владата во Скопје ги реши на примерен начин структуралните проблеми кои го ограничуваат растот, вклучувајќи ја лошата инфраструктура, несигурното производство на енергија и високата невработеност. /крај/хина/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Уапсен уште еден осомничен за терористичкиот напад во Москва
Уште едно лице е уапсено во врска со терористичкиот напад на градското собрание Крокус во Москва на 22 март, соопшти денеска за „ТАСС“ портпаролот на полицијата.
„Уапсен е уште еден потенцијален осомничен во случајот со терористичкиот напад на Крокус. Инспекторите ја испитуваат неговата улога во тој напад“, изјави претставник на полицијата.
Полицијата уапсила државјанин на Таџикистан. Досега во врска со случајот се уапсени 11 лица, меѓу кои и четворица извршители на нападот.
Според последните податоци, во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва загинале 145 лица.
Свет
Почина бебето кое беше извадено од утробата на мртвата мајка во Газа
Почина бебето кое во неделата со царски рез во Газа беше спасено од утробата на мртвата мајка, пишува Би-Би-Си.
Бебето е родено по итен царски рез извршен врз трудница која била убиена во израелски напад врз градот Рафа во Газа.
Освен мајката на Сабрин Ал Сакани, меѓу загинатите се и таткото на новороденото девојче и нејзината тригодишна сестра Малак.
Бебето при раѓањето тежело 1,4 килограми, а се родило во триесеттата недела од бременоста на мајката. Веднаш по царскиот рез беше сместено во инкубатор во болницата во Рафа заедно со уште едно бебе.
Но, девојчето после неколку дена почнало да има сериозни здравствени проблеми. Лекарите го реанимирале, но сепак починало вчера.
16 деца биле убиени за време на два воздушни напади на Рафа минатиот викенд, при бомбардирање на комплекс од станбени згради.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека цел биле борците и инфраструктурата на Хамас и воените комплекси.
Свет
Британските разузнавачи: Русите се’ побрзо напредуваат во Украина
По заземањето на источноукраинскиот град Авдијевка, руските трупи напредуваат побрзо во областа, објави денеска британското Министерство за одбрана во своето секојдневно известување.
„Руските копнени сили навлегоа и создадоа тесен коридор на украинска територија со цел да влезат во градот Очеретин, приближно 15 километри северно од центарот на Авдијивка“, пишува на профилот на Министерството за одбрана.
Оцеретин во областа Доњецк имал околу 3.500 жители пред почетокот на војната.
И по заземањето на Авдијивка во средината на февруари, Русите се уште сметаат дека освојувањето на таа област е една од клучните операции, оценува британското Министерство за одбрана.
„Иако претрпуваат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сили се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во областа и дека презеле контрола врз неколку помали населби“, додаваат тие.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од две години. Британското Министерство за одбрана редовно објавува информации за напредокот на војната. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.