Свет
Ајрин однесе пет животи
Ураганот Ајрин, кој од Бахамите се доближува до брегот на Северна Каролина, досега однесе пет животи, а милиони луѓе се подготвуваат за налетот на бурата. Налетот на Ајрин се очекува да биде најжесток во текот на викендот.
Ураганот Ајрин, кој од Бахамите се доближува до брегот на Северна Каролина, досега однесе пет животи, а милиони луѓе се подготвуваат за налетот на бурата. Налетот на Ајрин се очекува да биде најжесток во текот на викендот. Во сојузната американска држава Северна Каролина па се до Нова Англија од ударот на бурата може да биде зафатено подрачје на кое живеат 65 милиони луѓе. На патот на бурата, помеѓу останатите градови ќе се најдат Вашингтон, Балтимор, Филаделфија, Њујорк и Бостон. Гувернерите на државите Северна Каролина, Вирџинија, Мериленд, Денвер, Њујорк и Њу Џерси веќе во своите држави прогласија вонредна состојба. Во Вашингтон е одложена свеченоста по повод отворањето на споменикот на Мартин Лутер Кинг, на која требаше да присуствува и американскиот претседател Барак Обама. Бурата што утре треба да мине низ Северна Каролина, ќе биде од трета категорија, што значи дека се очекува ветерот да достигне брзина од 185 километри на час, а додека стигне до Њујорк неговата јачина ќе ослабне и се очекува бурата да биде од прва или втора категорија. Ураганот утрово е лоциран над Атлантикот, кај брегот на Флорида, соопшти Националниот центар за следење на урагани. Ајрин се формира на подрачјето на Карибите, а во средата ги погоди Бахамите, каде уништи многу домови, поплави патишта, а го прекина и снабдувањето со електрична енергија. Хаити, кој не се најде на удар на невремето, беше погоден од обилни врнежи од дожд, а властите соопштија дека загинале две лица. Две жртви пријавија и властите во Доминиканска Република. Едно лице животот го загуби во Порторико, додека штетите во оваа држава се проценуваат на 500 милиони долари. крај/т/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шефот на НАТО: Кина сака добри односи со Западот и и помага на Русија, не може да ги има и двете
Кина мора да престане да ја поддржува руската војна во Украина ако сака да ужива во добри односи со Западот, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, предупредувајќи го Пекинг со невообичаено остри зборови дека не може да ги има и двете. За време на посетата на Берлин, шефот на западната воена алијанса рече дека помошта на Пекинг е од витално значење за воените напори на Москва бидејќи ја зајакнува воената економија на Русија со споделување на врвна технологија, како што се полупроводниците.
„Минатата година Русија увезе 90 отсто од својата микроелектроника од Кина, која се користи за производство на проектили, тенкови и авиони. Кина исто така работи на Русија да и обезбеди подобрени сателитски способности“, рече Столтенберг. „Кина вели дека сака добри односи со Западот. Во исто време, Пекинг продолжува да го поттикнува најголемиот вооружен конфликт во Европа од Втората светска војна. Не може да ги има и двете“, предупреди тој.
Столтенберг ги предупреди западните сојузници да не станат зависни од Кина како што беа од Русија. „Во минатото направивме грешка што станавме зависни од руската нафта и гас. Не смееме да ја повториме таа грешка со Кина и да зависиме од нејзините пари, суровини и технологии. Зависноста не прави ранливи“, додаде тој.
Кина ги зајакна трговските и воените врски со Русија во последниве години, бидејќи САД и нивните сојузници воведоа санкции и на двете, но особено на Москва, поради нејзината инвазија на Украина. Рускиот претседател Владимир Путин изјави во четвртокот дека планира да отпатува за Кина во мај, но не прецизираше точно кога.
Свет
САД градат привремено пристаниште во близина на Газа за испраќање хуманитарна помош
Соединетите Држави почнаа да градат пристаниште во Газа, соопшти денеска Пентагон, проект кој треба да ја олесни испораката на хуманитарна помош на палестинската територија. Пристаништето треба да профункционира на почетокот на мај.
Во март, претседателот Џо Бајден објави дека американската војска ќе изгради привремено пристаниште на медитеранскиот брег на Газа за да добива хуманитарна помош по море.
Изградбата е дел од напорите да се спречи гладувањето во палестинската енклава, која веќе пет месеци се наоѓа во средината на израелската воена кампања против Хамас, која го опустоши Појас Газа и ги потопи нејзините 2,3 милиони луѓе во хуманитарна катастрофа.
„Можам да потврдам дека американските воени бродови, вклучително и УСНС Бенавидез, почнаа да градат привремено пристаниште…“ изјави за новинарите портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер.
ОН предупредија дека Газа е во опасност од глад и се пожалија на „огромни пречки“ при добивањето помош и нејзино дистрибуирање низ енклавата.
Агенциите за помош и администрацијата на Бајден го молеа Израел да ја олесни испораката на помош во Газа и да им дозволи на нивните конвои безбедно поминување на територијата.
Рајдер рече дека Пентагон следи некој вид минофрлачки напад во Газа што предизвика минимална штета во близина на областа каде што се гради пристаништето, но додаде дека американските сили сè уште не почнале да преместуваат ништо во областа и дека нема американски сили на теренот.
Свет
(Видео) Големи поплави во Танзанија, загинаа 155 луѓе
Во поплавите во Танзанија загинаа 155 луѓе, а најмалку 236 се повредени, изјави денеска премиерот Касим Мајалива. Во поплавите оштетени се повеќе од 10.000 куќи.
Премиерот додаде дека обилните дождови предизвикани од Ел Нино и придружени со силен ветер доведоа до поплави и лизгање на земјиштето во различни делови на земјата.
„Многу луѓе загинаа. Имаше штета на посевите, куќите, инфраструктурата како патишта, мостови и железници“, рече Мајалива.
Поплави ја погодија и Кенија, која се граничи со Танзанија на истокот на Африка, при што загинаа повеќе од 30 луѓе, пишува Си-ен-ен.
Во Кенија врне силен дожд од средината на март, а врнежите се интензивираа минатата недела. Кенискиот Црвен крст изврши повеќе од 188 спасувачки операции од март. Властите вчера затворија некои патишта во главниот град на Кенија, а неколку населби беа поплавени.