Свет
Започнаа претседателските избори во Абхазија

Избирачите во самопрогласената грузиска република Абхазија започнаа да гласаат на претседателските избори, на кои треба да го изберат наследникот на починатиот претседател Сергеј Багпаш.
Избирачите во самопрогласената грузиска република Абхазија започнаа да гласаат на претседателските избори, на кои треба да го изберат наследникот на починатиот претседател Сергеј Багпаш. Од околу 200.000 жители на Абхазија, право на глас имаат околу 140.000. За наследник на Багпаш, кој почина во мај годинава, а кој Абхазија ја предводеше од 2005 година, во трката влегоа тројца кандидати: опозоционерот и поранешен агент на руската тајна служба КГБ, Раул Хадшимб, потпретседателот Александер Анкваб и премиерот Сергеј Шамба. Грузија соопшти дека се работи за нелегитимни избори, додека Русија која пред три години, по вооружената интервенција, ја призна независноста на Абхазија и Јужна Осетија, вели дека „изборите се важен настан во животот на младата и суверена држава“, и верува дека ниту еден од кандидатите нема да ги загрози добрите односи со Москва. Покрај Русија, Абхазија, како независна држава ја признаа само уште Венецуела, Никарагва и пацифичката држава Науру, додека западните земји Абхазија ја сметаат за дел од Грузија. крај/х/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.
Свет
Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации. Во последното соопштение се наведува дека 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција поради тешка неухранетост.
Според Министерството за здравство во Газа, само вчера починале уште девет лица од глад, со што бројот на жртви од неухранетост од почетокот на конфликтот достигна 122.
Израел, кој го контролира влезот на сите залихи во Газа, повторува дека не постои блокада и ја обвинува Хамас за лошата распределба на ресурсите.
Меѓународната заедница, вклучувајќи ги Германија, Франција и Велика Британија, побара итно олеснување на влезот на помошта, а генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш остро ја осуди „рамнодушноста и недостигот на човечност“ во глобалниот одговор на кризата.