Свет
Најмалку 18 загинати во експлозијата на канцеларијата на ОН во Нигерија
Во експлозијата што се случи денеска претпладне по локално време во зградата на мисијата на Обединетите нации (ОН) во Абуџа, главниот град на Нигерија, загинале најмалку 18 лица, јавува Reuters, повикувајќи се на првична оценка на еден од спасувачите
Според очевидците, пред зградата на ОН во Абуџа има многу амбулантни возила кои ги пренесуваат настраданите, а од објектот се издига густ црн чад. „Можам само да потврдам дека имаше експлозија на зградата на ОН“, изјави портпаролот на полицијата во Абуџа.„Распоредивме наши полициски и деминирачки екипи. Засега не можеме да кажеме колку жртви има во експлозијата“, го цитира агенцијата полицискиот портпарол.Како што јавува Associated Press, повикувајќи се на очевидци, од силната експлозија било разурнато барем едно крило од трикатната зграда во која е сместена мисијата на ОН во Нигерија. Како што наведува агенцијата, зградата на мисијата на ОН се наоѓа во близината на амбасадата на САД во Нигерија во кварт во кој се лоцирани и други странски дипломатски мисии.Портпаролот на полицијата во Абуџа, Џимох Мошуд за AP изјавил дека сé уште не е позната точната причина за експлозијата.Исто така, засега нема потврда ниту за точниот број настрадани. Очевидци, според AP, велат дека полицијата сé’уште го пребарува местото на експлозијата во потрага по настраданите.Според AFP, кој се повикува на потврда од претставник на нигериската полиција, експлозијата ја предизвикал бомбаш самоубиец а покрај 18-те жртви има и осуммина ранети. Во тешко оштетената зграда, според полициски извори, останале заробени многу вработени во мисијата на ОН. Според очевидци, напаѓачот ја предизвикал експлозијата откако со автомобил „хонда акорд“ во кој имало експлозив се залетал во главната капија Подоцна денеска Началникот на нигериската сојузна полиција во Абуџа, Мик Зукумор на прес-конференција потврдил дека досега најмалку 18 лица ги загубиле животите во експлозијата во зградата на мисијата на ОН. Засега ниедна од локалните милитантни групи не ја презема одговорноста за нападот. Меѓутоа, сомневањата паѓаат на исламистичката секташка групација Боко Харам, којашто досега имаше изведено неколку вакви напади. Припадниците на Боко Харам во последно време ги засилија нападите врз владини цели а безбедносните сили на Нигерија го убија лидерот, Мохамед Јусуф, додека тој беше во притвор во 2009 година.Боко Харам е обвинета за бомбашки напади и престрелки во североисточниот дел на земјата. Според Меѓународната кризна група чие седиште е во Брисел, во етничките и верските конфликти во Нигерија во периодот меѓу 1999 и 2009 година загинаа повеќе до 14 илјади луѓе. Во март годинава, во централниот дел на Нигерија, имаше крвави секташки судири секташки во кои загинаа најмалку 500 луѓе. Тогаш судирите исто така се случија во близината на градот Џос. Причината за трагедијата беше расправија меѓу локалните христијани и муслимани. Жртвите на слични судири имаше и во средината на јануари 2010 година кога загинаа најмалку 326 луѓе.Големи судири меѓу ривалските етнички и религиозни групи во Џос се случија и кон крајот на ноември 2008 година. Тогаш загинаа 381 луѓе во градот а во бранот масакри беа запалени околу стотина куќи, како и цркви и џамии.Нигерискиот претседател Гудалк Џонатан во мај ја презема должноста положувајќи заклетва по изборите кои беа одржани на 16-ти април на кои се случија серии протести и безредија во кои животите ги загубија повеќе од 800 луѓе.Претседателот Џонатан, кој има целосна поддршка на југот, но освои и милиони гласови на северот, вети формирање на влада која ќе ги вклучи сите политички, етнички и религиозни групи и која ќе се обиде да ги смири недоразбирањата и тензиите.Гудлaк Џонатан доаѓа од јужниот нафтоносен дел на земјата населен претежно со христијани, јужна, Според најновите податоци од државната изборна комисија, тој доби 57 отсто од гласовите и на тој начин ја задржа претседателската функција уште по првиот круг од изборите. Неговиот главен противкандидат Бухари, кој доаѓа од северниот муслимански дел на Нигерија освои 31отсто од гласовите.Нигерија е најголемиот производител на нафта во Африка, и извезува околу 2,2 милиони барели нафта дневно. Меѓутоа, нафтената индустрија земјата трпи загуби поради честите напади што ги изведуваат борците на Движењето за ослободување на делтата на Нигер и други вооружени групи, врз објекти на „Chevron“, „Shel“ и други нафтени компании.Во јануари во четиридневните насилства според официјалните податоци биле убиени 326 луѓе во Џос, кој е главен град на нигериската сојузна држава Платеа, која се наоѓа меѓу муслиманскиот север и христијанскиот југ.Судири меѓу муслиманските милитанти и нигериската војска се разгоруваат повремено во регионите Борно, Потискум и Јоба. Спорадични пресметки има и во провинцијата Вудилу, на околу 20 километри од Кано, најголем град во северниот дел од Нигерија, како и во Баучи, во една од 12 провинции во северна Нигерија со мнозинско муслиманско население. Таму пред девет години почна да спроведува шеријатско право, што предизвика судири меѓи муслиманите и припадниците на локалното христијанско малцинство, и оттогаш во судирите се убиени повеќе од илјада лица.Нигерија е составена од вкупно 36 држави и има население од околу 150 милиони, кои речиси по половина се христијани и муслимани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте: Новата арктичка мисија на НАТО е многу значајна
Отфрлајќи ги критиките дека новата арктичка мисија на НАТО е само ребрендирање на постојните активности, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека тоа е „многу значајна“ иницијатива.
НАТО предложи нова операција „Арктички стражар“ завчера, која би ги консолидирала заедничките вежби во областа под команда на алијансата.
Сепак, дипломатите и експертите веруваат дека ова е главно комуникациски потег насочен кон смирување на Доналд Трамп, како и одговор на заканата што ја оценуваат како во голема мера претерана.
Руте објасни дека мисијата ќе има „чекор-по-чекор пристап“ и ќе започне со обединување на „постојните вежби и активности“ на алијансата во регионот под една команда за да се утврди „што друго ни треба“.
Врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандиер, исто така ќе биде замолен да испита како „најновите иновативни технологии“ можат да се користат на Арктикот.
фото/Depositphotos
Свет
Макрон: Русија е значително ослабена од конфликтот
Францускиот претседател, Емануел Макрон, тврди дека Русија всушност е значително ослабена од конфликтот.
Според него, Русија влегла во рецесија, станала целосно зависна од Кина, има демографски проблем и се соочува со воен неуспех.
Макрон нагласи дека Европејците сега станаа „единствениот извор на воено финансирање“ за Киев, алудирајќи на Соединетите Американски Држави, кои побараа од Европа да ги засили своите напори.
Тој верува дека не може да се постигне мировен договор меѓу Украина и Русија без учество на Европејците.
„Ние ќе бидеме дел од решението и треба да бидеме дел од решението“, рече Макрон. Тој додаде дека токму тоа е причината зошто неговата канцеларија неодамна воспостави контакт со Москва.
foto/Depositphotos
Свет
Тројца скијачи загинаа во лавина на француските Алпи
Тројца скијачи загинаа откако беа однесени од лавина во луксузниот француски алпски скијачки центар Вал д’Изер, изјави за новинарите Седрик Боневие, задолжен за патеките на одморалиштето.
Боневие рече дека една жртва е француски државјанин, додека другите се странци.
Тој додаде дека инцидентот се истражува.
Медиумските извештаи велат дека инцидентот се случил надвор од пистата.
Се чини дека една од жртвите била зафатена од лавина високо на планинската падина, додека другите двајца биле во група од пет скијачи, вклучувајќи и професионален водич, пониско од планината каде што не можеле да ја видат катастрофата што се приближува.
Не е познато што ја предизвикало лавината, рече Боневие.
Метео Франс, националната метеоролошка служба, во четвртокот го стави подрачјето под црвена тревога поради ризик од лавини.
фото/Depositphotos

