Свет
Милитанти киднапираа 30 момчиња во Пакистан
Најмалку 30 пакистански момчиња биле киднапирани од непознати вооружени лица во немирната област во северозападен Пакистан во близина на границата со Авганистан, јавува Press TV.
Најмалку 30 пакистански момчиња биле киднапирани од непознати вооружени лица во немирната област во северозападен Пакистан во близина на границата со Авганистан, јавува Press TV.Инцидентот се случил во северозападнaта област Баџаур, додека момчињата на возраст меѓу 12 и 18 години биле во посета на племенскиот регион по повод крајот на светиот месец Рамазан.Според официјалните извештаи, момчиња биле киднапирани кога по грешка ја минале границата со Авганистан.Според Reuters, пак, станува збор за 40 пакистански момчиња на возраст меѓу 12 и 14 години, а нивното исчезнување во Авганистан се случило во средата. Како што јавува агенцијата пакистанските безбедносни сили дознале денеска од племенските паштунски заедници на кои им припаѓале момчињата кои откако заталкале на другата страна од границата биле заточени од милитантите. Според Reuters, околу 20 деца помлади од десет години, биле веднаш пуштени, а биле задржани момчињата до 14-годишна возраст.Пакистан и Авганистан споделуваат 2.400 километри заедничка граница, каде што се лоцирани прибежишта и бази на милитантите кои се движат наизменично во пограничните области од двете страни.Во меѓувреме, во одделен инцидент, исто така, во петокот неидентификувана група киднапирала најмалку три лица, откако бил нападнат домот на еден од племенските лидери во областа Сафи Тешил во провинцијата Мохманд.Како што јавуваат пакистанските медиуми, безбедносните сили веднаш започнале со пребарување во областите во кои се извршени киднапирањата.И покрај офанзивата на пакистанската влада против про-талибанските милитанти, тие го зголемија нивното влијание и активност во повеќето погранични региони, при што загинаа неколку стотици цивили и припадници на безбедносните сили на Пакистан.Од крајот на 2009 година, во Пакистан е забележен пораст на нападите извршени од страна на исламистичките милитанти, а особено на бомбашките напади./крај/птв/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нова вакцина против рак на кожа го намалува ризикот од смрт за 49 проценти
Експериментална вакцина против рак на кожа, развиена во соработка помеѓу фармацевтските компании „Модерна“ и „Мерк“, покажува силни и трајни антитуморски ефекти кај пациенти со напреднат меланом.
Петгодишното следење на вакцината во клиничките испитувања укажува на значителни придобивки од преживување, објавува „Euronews“.
Терапијата, која моментално е во фаза 2 на клинички испитувања, ја комбинира персонализираната mRNA технологија на „Модерна“, Intismera Autogen, со имунотерапевтскиот лек Keytruda на „Мерк“.
Заедно, третманите го намалија ризикот од повторна појава на рак или смрт за 49 проценти кај пациенти со висок ризик од меланом кои биле подложени на операција, во споредба само со Keytruda.
„Продолжуваме да инвестираме во нашата платформа за онкологија поради охрабрувачки резултати како овие, кои го илустрираат потенцијалот на mRNA во третманот на рак“, рече Кајл Холен, виш потпретседател на „Модерна“.
Свет
Путин: Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД, но ние го имаме искуството со Алјаска
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД.
„Она што се случува со Гренланд не е наша работа, но ние имаме искуство во решавање на слични проблеми со САД, на пример Алјаска. Во 19 век, мислам во 1867 година, како што знаеме, Русија им продаде на САД, а САД ја купи Алјаска од нас“, рече претседателот на Русија на седница на Рускиот совет за безбедност, според Спутник, пренесува РТРС.
Тој верува дека Данска отсекогаш се однесувала кон Гренланд како кон колонија и, како што вели, грубо, практично жестоко.
„САД имаат на располагање една милијарда долари за да го купат Гренланд“, вели Путин и верува дека врз основа на примерот на Алјаска, цената за Гренланд би можела да биде 200-250 милиони долари.
„Ако споредиме со цените на златото од тогаш, таа бројка би била многу поголема, веројатно милијарда долари“, рече Путин и додаде: „Но, мислам дека и САД можат да си ја дозволат таа бројка“, според агенциите.
Фото: ЕПА
Свет
Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е формирана рамка за иден договор за Гренланд и арктичкиот регион, пренесуваат медиумите во регионот.
Најави одложување на воведувањето царини што требаше да стапат на сила на 1 февруари, напиша тој на социјалната мрежа Truth Social.
Трамп изјави дека на „многу продуктивен состанок“ со Руте е формирана „рамка за иден договор во врска со Гренланд и, всушност, целиот арктички регион“. Тој оцени дека решението, „доколку се реализира, ќе биде одлично за Соединетите Американски Држави и сите земји-членки на НАТО“.
Врз основа на постигнатото разбирање, Трамп потврди дека се откажува од воведувањето царини. „Нема да ги воведам царините што требаше да стапат на сила на 1 февруари“, се вели во соопштението. Тој додаде дека има и „дополнителни дискусии во врска со „Златната купола“ во Гренланд“ и дека повеќе информации ќе бидат достапни како што напредуваат разговорите.
Според Трамп, потпретседателот Џ.Д. Венс, државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф ќе бидат задолжени за преговорите. Тој нагласи дека тие ќе „поднесуваат извештаи директно до него“.

