Свет
Берлускони: Мака ми е од оваа Италија

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони повторно предизвика бес во јавноста со своите постапки, овој пат поради изјавата дека му е мака од Италија и дека едвај чека да се отсели во странство, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.
Италијанскиот премиер Силвио Берлускони повторно предизвика бес во јавноста со своите постапки, овој пат поради изјавата дека му е мака од Италија и дека едвај чека да се отсели во странство, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.
Транскриптот на телефонскиот разговор меѓу Берлускони со непознато лице, кој е снимен во текот на истрагата за уцени, се појави во медиумите.
Берлускони во јули разговарал телефонски со Лавитол, осомничен за уценување на премиерот поради забавите со проститутки во вилата со премиерот.
„За неколку месеци заминувам далеку од оваа посрана земја, од која ми е мака, доста беше“, рекол Берлускони при телефонскиот разговор.
Италијанскиот премиер се обидел да се брани говорејќи дека не го мислел сериозно тоа што го рекол и оти тоа е „една од оние работи кои се зборуваат преку телефон доцна во ноќта“.
Тој додал дека нема намера да се повлече од функцијата премиер, ниту да се отсели од Италија.
Претставниците од опозицијата ги искористија изјавите на Берлускони уште еднаш да побараат негова оставка.
Во текот на истрагата за уценување во четвртокот се уапсени бизнисменот Џампоало Тарантини и неговата сопруга Анџела Девенуто./крај/бл/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израел му се закани на Хамнеи: Ќе завршиш како Садам Хусеин

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац упати предупредување до врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, претходно денеска, сугерирајќи дека тој може да доживее судбина слична на поранешниот ирачки диктатор Садам Хусеин, јавува „Иран Интернешнл“.
„Го предупредувам иранскиот диктатор да не продолжи да врши воени злосторства и да пука ракети врз израелските граѓани. Треба да се сети што се случи со диктаторот во земја сосед на Иран кој тргна по тој пат против државата Израел“, рече Кац.
Свет
Двегодишно дете од Бразил со пиштол ја застрелало својата мајка

На социјалните мрежи се шири вознемирувачка снимка од моментот кога двегодишно момче случајно ја застрелало мајка си откако го земало пиштолот на неговиот татко, јавуваат бразилските медиуми.
На снимката од надзорните камери во семејниот дом во бразилската држава Мато Гросо до Сул се гледа како момчето зема пиштол од масата и го влече чкрапалото додека мајка му се врти кон него.
Родителите седеле и разговарале и не забележале дека момчето посегнува по оружјето. На видеото се гледа како куршумот ја погодил жената во градите и раката. После тоа, таа станала, но набрзо паднала на подот. Момчето истрчало кон мајка си, а неговиот татко го зел оружјето од подот.
Жената беше идентификувана како 27-годишната Дебора Родригес Монтеиро, а нејзината фотографија беше објавена во бразилските медиуми. Полицијата отвори итна истрага и потврди дека таткото на момчето, инаку земјоделец со дозвола за поседување оружје, ќе одговара за убиство од небрежност.
Според локалните медиуми, детето најверојатно ќе биде вклучено во програма за психолошко советување. Засега не се знае дали ќе остане со својот татко или ќе биде предаден на социјалните служби.
Началникот на локалната полиција Даниеле Фелисмино потврди дека жената била пренесена во болница, каде што била констатирана смрт. Полицијата ги запленила пиштолот и муницијата, а обдукцијата била извршена во саботата наутро, ден по трагедијата. Резултатите се уште не се објавени. Згрозените жители на градот и општината Рио Верде де Мато Гросо на социјалните мрежи изразија сочувство на семејството.
Свет
Зеленски: Нападот врз Киев е најтешкиот од почетокот на војната

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека во текот на ноќта Киев бил погоден од еден од најтешките напади од почетокот на војната, додека Русија употребила повеќе од 440 беспилотни летала и 32 проектили во масивна офанзива.
Зеленски на мрежата „Икс“ изјави дека биле нападнати и регионите Одеса, Запорожје, Чернигов, Житомир, Кировохрад, Николаев и Киев.
Во Киев се оштетени згради во осум области, а спасувачките тимови трагаат по преживеани под урнатините на станбена зграда.
„Се уште не е јасно колку луѓе се заробени. Русите уништија цел дел од зградата“, рече Зеленски.
Според досегашните податоци, најмалку 15 лица загинале, а 75 се повредени.
„Сите повредени ја добиваат потребната помош“, додаде украинскиот претседател.
Зеленски ги нарече нападите „чист тероризам“ и ги повика меѓународните партнери, вклучително и САД и ЕУ, да реагираат поодлучно.
„Путин ја продолжува војната затоа што верува дека може да си ја дозволи. Светот не смее да замижува. Терористите мора да ги почувствуваат последиците, а не невините цивили“, рече Зеленски.