Свет
Турција ги засилува воените поморски патроли во источен Медитеран крај Израел
Турција ја замрзна воената трговска размена и целосно ја прекина соработката на тоа поле со Израел и ги засили поморските патроли во источен Медитеран, со што уште повеќе се зголемија тензиите меѓу двата најголеми сојузници на САД на Блискиот исток, пренесува агенцијата Reuters.
Турција ја замрзна воената трговска размена и целосно ја прекина соработката на тоа поле со Израел и ги засили поморските патроли во источен Медитеран, со што уште повеќе се зголемија тензиите меѓу двата најголеми сојузници на САД на Блискиот исток, пренесува агенцијата Reuters.
Турскиот премиер Таип Реџеп Ердоган денеска се закани дека ќе испрати воени бродови во водите каде што патролира израелската морнарица, зголемувајќи го ризикот од поморски судир меѓу регионални воени сили.
Израел, од своја страна, исто така ги засили поморските воени патроли во регионот на источниот Медитеран, каде што се наоѓаат голем број израелски платформи за вадење на природен гас. Неодамна Израел и Кипар потпишаа договор за заедничко истражување на дното на Медитеранот во тој регион и заеднички инвестиции во нови платформи за црпење на гас, на што Турција жестоко реагираше.
Запрашан по тој повод за новиот договор помеѓу Израел и Кипар, турскиот министер за Европската унија, Егемен Багис истакна дека „токму од тие причини државите имаат воени бродови, опрема и ги обучуваат своите морнарици“.
Официјална Анкара, сепак, истакна дека замрзнувањето се однесува само на воената индустрија, а не и на цивилната трговска соработка, која минатата година достигна 3,5 милијарди долари.
Израел во периодот од 2005 до 2010 година целосно реконструираше 170 турски тенкови М-60А1, зделка вредна 688 милиони долари, а Турција од Израел набави и 10 дронови „Херон“ во вредност од 180 милиони долари.
Врските помеѓу двата долгогодишни сојузници почнаа да ослабуваат по нападот од страна на израелските командоси врз турскиот брод со хуманитарна помош за Појасот Газа во мај 2010 година, кога загинаа деветмина турски државјани. Израел до сега одбива да и се извини на Турција за инцидентот, што Анкара го поставува како услов за повторно подобрување на односите.
Минатиот петок Турција го избрка израелскиот амбасадор во земјата, како и сите други високи израелски дипломатски и воени претставници, во знак на револт поради извештајот на ОН со кој не беше осудува акцијата на израелските командоси, како што бараше Анкара. /крај/reuters/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нова вакцина против рак на кожа го намалува ризикот од смрт за 49 проценти
Експериментална вакцина против рак на кожа, развиена во соработка помеѓу фармацевтските компании „Модерна“ и „Мерк“, покажува силни и трајни антитуморски ефекти кај пациенти со напреднат меланом.
Петгодишното следење на вакцината во клиничките испитувања укажува на значителни придобивки од преживување, објавува „Euronews“.
Терапијата, која моментално е во фаза 2 на клинички испитувања, ја комбинира персонализираната mRNA технологија на „Модерна“, Intismera Autogen, со имунотерапевтскиот лек Keytruda на „Мерк“.
Заедно, третманите го намалија ризикот од повторна појава на рак или смрт за 49 проценти кај пациенти со висок ризик од меланом кои биле подложени на операција, во споредба само со Keytruda.
„Продолжуваме да инвестираме во нашата платформа за онкологија поради охрабрувачки резултати како овие, кои го илустрираат потенцијалот на mRNA во третманот на рак“, рече Кајл Холен, виш потпретседател на „Модерна“.
Свет
Путин: Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД, но ние го имаме искуството со Алјаска
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД.
„Она што се случува со Гренланд не е наша работа, но ние имаме искуство во решавање на слични проблеми со САД, на пример Алјаска. Во 19 век, мислам во 1867 година, како што знаеме, Русија им продаде на САД, а САД ја купи Алјаска од нас“, рече претседателот на Русија на седница на Рускиот совет за безбедност, според Спутник, пренесува РТРС.
Тој верува дека Данска отсекогаш се однесувала кон Гренланд како кон колонија и, како што вели, грубо, практично жестоко.
„САД имаат на располагање една милијарда долари за да го купат Гренланд“, вели Путин и верува дека врз основа на примерот на Алјаска, цената за Гренланд би можела да биде 200-250 милиони долари.
„Ако споредиме со цените на златото од тогаш, таа бројка би била многу поголема, веројатно милијарда долари“, рече Путин и додаде: „Но, мислам дека и САД можат да си ја дозволат таа бројка“, според агенциите.
Фото: ЕПА
Свет
Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е формирана рамка за иден договор за Гренланд и арктичкиот регион, пренесуваат медиумите во регионот.
Најави одложување на воведувањето царини што требаше да стапат на сила на 1 февруари, напиша тој на социјалната мрежа Truth Social.
Трамп изјави дека на „многу продуктивен состанок“ со Руте е формирана „рамка за иден договор во врска со Гренланд и, всушност, целиот арктички регион“. Тој оцени дека решението, „доколку се реализира, ќе биде одлично за Соединетите Американски Држави и сите земји-членки на НАТО“.
Врз основа на постигнатото разбирање, Трамп потврди дека се откажува од воведувањето царини. „Нема да ги воведам царините што требаше да стапат на сила на 1 февруари“, се вели во соопштението. Тој додаде дека има и „дополнителни дискусии во врска со „Златната купола“ во Гренланд“ и дека повеќе информации ќе бидат достапни како што напредуваат разговорите.
Според Трамп, потпретседателот Џ.Д. Венс, државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф ќе бидат задолжени за преговорите. Тој нагласи дека тие ќе „поднесуваат извештаи директно до него“.

