Свет
Најмалку 11 загинати и 45 ранети во експлозија во Њу Делхи

Во експлозијата во зградата на Врховниот суд во главниот град на Индија, загинаа најмалку 11 луѓе а 45 се ранети, пренесуваат локалните медиуми, повикувајќи се на тамошното министерство за внатрешни работи.
Во експлозијата во зградата на Врховниот суд во главниот град на Индија, загинаа најмалку 11 луѓе а 45 се ранети, пренесуваат локалните медиуми, повикувајќи се на тамошното министерство за внатрешни работи.Експлозијата се случила во делот од комплексот згради на судовите во кој се наоѓа индискиот Врховен суд во 10.20 часот по локално време (7.50 часот по македонско време), на капијата број 5 каде што во тоа време имало меѓу 100 и 200 луѓе кои чекале на дозвола за да може да влезат во судскиот комплекс. Според првичните сознанија на полицијата, експлозивната направа била поставена во автомобил кој бил паркиран во близина на капијата. Меѓутоа, портпаролот на индиското министерство за внатрешни работи, У.К. Бансал изјави дека постои веројатност експлозивната направа да биде ставена и во куфер. Оваа верзија ја потврдил и министерот за внатрешни работи. „Веројатно експлозивната направа се наоѓала во куфер, од кој пронајдовме остатоци“, ја цитира Associated Press изјавата на Раџа Кумар Сингх.Детали за нападот, како и точните податоци за загинатите и повредените сé уште се уточнуваат./крај/ап/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Кулеба: Мирот во Украина не е реален, не обрнувајте внимание на Вашингтон

Поранешниот министер за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во интервју за германскиот „Шпигел“ изјави дека очекувањата за непосреден крај на вооружениот конфликт меѓу Москва и Киев се нереални. Како што нагласи, сите формално се залагаат за мир, но во исто време признаваат дека условите за неговото доаѓање не се исполнети.
Кулеба истакна дека во последните осум месеци Вашингтон постојано испраќа порака дека „мирот се приближува, дека Русија прави отстапки и дека се постигнува напредок“. Сепак, според неговите зборови, во реалноста ситуацијата останува непроменета. „Мојот совет е да се обрне помалку внимание на вестите од Вашингтон, а повеќе на реалните знаци дека нешто се менува“, рече тој.
Поранешниот шеф на украинската дипломатија изјави дека е потребно да се следи текот на борбите на терен, но и евентуалниот развој на иницијативи поврзани со средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин, украинскиот лидер Владимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп. Сè друго, додаде тој, претставува „информативен шум“.
Според извештајот на Ројтерс од 21 август, Москва бара Украина целосно да се откаже од Донбас како предуслов за постигнување договор. Доколку Киев не го прифати ова, руската специјална операција ќе продолжи. Можноста за постигнување договор би можела да се формализира како трилатерален договор со учество на САД или како оживување на Истанбулскиот формат од 2022 година.
Од друга страна, Украина бара од Западот конкретни безбедносни гаранции за да се стави крај на конфликтот. Една од опциите е распоредување на европски сили под водство на САД во Украина, на што Москва остро се спротивставува, особено кога станува збор за евентуалното присуство на трупи на НАТО на нејзините граници.
Фото: принтскрин
Свет
Сијарто: Европските политичари се најжестоките противници на мирот во Украина

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека европските политичари во моментов се „најжестоките противници на мирот во Украина“, обвинувајќи ги дека се обидуваат да избегнат одговорност за своите претходни одлуки, со што ја продолжуваат војната.
Во јавна дискусија, Сијарто рече дека европските лидери немаат интерес да постигнат мир, туку дека „секој ден додаваат масло на огнот“ и ја влошуваат ситуацијата, објави МТИ.
Тој нагласи дека Европа дала погрешни одговори на војната од самиот почеток, со што дополнително ја загрозува економската, социјалната и безбедносната стабилност.
Според него, ако војната заврши со договор што е сличен или дури и помалку поволен од оној што Украина успеа да го постигне пред три години, многумина може да се запрашаат зошто не е постигнат договор порано.
„Европските лидери можат да избегнат политичка одговорност сè додека трае војната, но кога ќе заврши војната, ќе мора да се соочат со таа одговорност“, рече Сијарто, додавајќи дека украинскиот претседател ќе се соочи и со прашањето зошто не го потпишал Истанбулскиот договор во април 2022 година, што сигурно би било подобро од ситуацијата што ја има Украина денес, три и пол години подоцна.
Тој зборуваше и за притисоците врз унгарската влада во врска со ставот кон членството на Украина во Европската Унија.
Според него, постои силен притисок Унгарија да ја промени својата позиција, а опозицијата во земјата се обидува да делегира „кукла“ за премиер со цел да се олесни влезот на Украина во ЕУ, пренесува Танјуг.
Тој истакна дека, спротивно на најновите медиумски шпекулации, не е Русија таа што се меша во унгарските избори, туку Брисел, Европската комисија и Европската народна партија (ЕПП). Унгарскиот министер за надворешни работи нагласи дека целта на опозицијата е да ја освои власта и да го олесни брзото членство на Украина во ЕУ.
Фото: принтскрин
Свет
Бура направи хаос во делови од Европа: град со големина на тениско топче уништи градини и посеви

Дождот и поплавите донесоа хаос во земјите од Западна Европа. Додека во Шпанија реки течеа по улиците, во Франција големиот град направи огромна штета.
Неколку делови од Шпанија беа погодени од силен град. Жителите на Арагон беа шокирани од моќта на поплавите, откако улиците се претворија во реки.
⛈️ Un puissant #orage de #grêle sévit en #SaôneEtLoire ce mercredi 27 août 2025. Il a frappé la commune de #Pallinges avec des grêlons atteignant 2 à 3 cm de diamètre. (photos Ciboulette Grelinette) pic.twitter.com/ksjIzzFf9i
— Guillaume Séchet (@Meteovilles) August 27, 2025
Улиците во градот Бардаљур во Сарагоса беа целосно поплавени, а водата однесе сè пред себе по силната бура што го донесе и градот.
Жителите сега стравуваат од штети на нивните посеви. Портокаловото предупредување останува на сила за речиси цел Арагон.
Драматичното сценарио се повтори во Франција. Град со големина на тениско топче предизвика значителна штета на градините на луѓето. И катастрофата продолжува.
Град со дијаметар од три до четири сантиметри беше забележан во департманот Сон и Лоара, каде што во средата беше на сила портокалово ниво на предупредување поради силни бури, пренесуваат медиумите во регионот.
Уште 24 други департмани се ставени под портокалова тревога поради силни грмотевици. Сепак, Сона и Лоара ќе се вратат во жолта тревога во четврток, според веб-страницата за временска прогноза Метео-Франс.
Фото: принтскрин