Свет
Борби околу последните бастиони на Гадафи
Во околината на двете главни упоришта на поддржувачите на водачот на либиската Џамахирија, полковникот Моамер ел-Гадафи, денеска избија жестоки борби
Во околината на двете главни упоришта на поддржувачите на водачот на либиската Џамахирија, полковникот Моамер ел-Гадафи, денеска избија жестоки борби откако војниците лојални на соборениот режим со плотуни ракети почнале да ги гаѓаат позициите на силите на преодната влада пред градовите Бани-Валид и Сирт.Плотуни од ракетите од типот „град“ биле истрелани во петокот врз позициите на силите на Националниот преоден совет (NTC), кои се наоѓаат неколку километри од градот Бани-Валид и источно од Сирт, родниот град на Гадафи.Од линијата на фронтот, која се наоѓа на само пет километри од Бани-Валид, како што јавува Reuters, се издигнуваат столбови чад а теренот го надлетуваат авиони на НАТО. Команданти на силите на Советот на теренот изјавиле дека силите на Гадафи се обиделе да ги пробијат нивните позиции во текот на изминатата ноќ истрелувајќи ракети една од нивните позиции 30 километри надвор од Бани-Валид, но дека биле отфрлени по кус судир.Во градот Теасисаин, 90 километри источно од Сирт, очевидци изјавиле дека дошло до размена на ракетен оган меѓу силите лојални на Гадафи и единиците на востаниците. На силите лојални на Моамер ел-Гадафи кои се втаборени во Сирт и во Бани-Валид, Националниот преоден совет им даде ултиматум до сабота да го договорат своето предавање. Агенцијата потсетува дека и во минатото беа давани вакви рокови кои беа продолжувани. Претседателот на преодната влада, Махмуд Џибрил, во четвртокот во Триполи изјави дека неговите сили ќе се борат доколку бидат нападнат.Доколку падне Бани-Валид, во рацете на силите лојални на режимот на Гадафи, ќе останат само неговиот роден град Сирт, Хана и градот Сабху кој се наоѓа длабоко во пустинатаВо средата имаше информации дека племенските старешини во градот Бани-Валид ги убедиле силите лојални на поранешниот режим сили да се стави крај на борбите и дека има знаци на повлекување од страна на лојалистите на соборениот Гадафи. Меѓутоа, изјавата на портпаролот на соборениот режим, Муса Ибрахим, сугерираа дека војниците лојални на Гадафи ќе дадат отпор.Бани-Валид, на 150 километри јужно од престолнината Триполи, се наоѓа во рацете на силите лојални на Гадафи, како и неговиот роден град Сирт и Хана. Силите на соборениот режим досега ги одбиваа понудите на Националниот преоден совет за мирно предавање на градот, што предизвика стравување дека ќе дојде до жесток судир со добро утврдените и вооружени војници на Гадафи. За таа цел востаниците подготвија полска болница во која десетина лекари се подготвуваат да ги прифатат евентуалните ранети во битката за градот.Востаничките сили го држат градот под опсада, но претставниците на Советот се држат до ставот дека градот треба да биде заземен без борби и цивилни жртви. /крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нова вакцина против рак на кожа го намалува ризикот од смрт за 49 проценти
Експериментална вакцина против рак на кожа, развиена во соработка помеѓу фармацевтските компании „Модерна“ и „Мерк“, покажува силни и трајни антитуморски ефекти кај пациенти со напреднат меланом.
Петгодишното следење на вакцината во клиничките испитувања укажува на значителни придобивки од преживување, објавува „Euronews“.
Терапијата, која моментално е во фаза 2 на клинички испитувања, ја комбинира персонализираната mRNA технологија на „Модерна“, Intismera Autogen, со имунотерапевтскиот лек Keytruda на „Мерк“.
Заедно, третманите го намалија ризикот од повторна појава на рак или смрт за 49 проценти кај пациенти со висок ризик од меланом кои биле подложени на операција, во споредба само со Keytruda.
„Продолжуваме да инвестираме во нашата платформа за онкологија поради охрабрувачки резултати како овие, кои го илустрираат потенцијалот на mRNA во третманот на рак“, рече Кајл Холен, виш потпретседател на „Модерна“.
Свет
Путин: Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД, но ние го имаме искуството со Алјаска
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД.
„Она што се случува со Гренланд не е наша работа, но ние имаме искуство во решавање на слични проблеми со САД, на пример Алјаска. Во 19 век, мислам во 1867 година, како што знаеме, Русија им продаде на САД, а САД ја купи Алјаска од нас“, рече претседателот на Русија на седница на Рускиот совет за безбедност, според Спутник, пренесува РТРС.
Тој верува дека Данска отсекогаш се однесувала кон Гренланд како кон колонија и, како што вели, грубо, практично жестоко.
„САД имаат на располагање една милијарда долари за да го купат Гренланд“, вели Путин и верува дека врз основа на примерот на Алјаска, цената за Гренланд би можела да биде 200-250 милиони долари.
„Ако споредиме со цените на златото од тогаш, таа бројка би била многу поголема, веројатно милијарда долари“, рече Путин и додаде: „Но, мислам дека и САД можат да си ја дозволат таа бројка“, според агенциите.
Фото: ЕПА
Свет
Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е формирана рамка за иден договор за Гренланд и арктичкиот регион, пренесуваат медиумите во регионот.
Најави одложување на воведувањето царини што требаше да стапат на сила на 1 февруари, напиша тој на социјалната мрежа Truth Social.
Трамп изјави дека на „многу продуктивен состанок“ со Руте е формирана „рамка за иден договор во врска со Гренланд и, всушност, целиот арктички регион“. Тој оцени дека решението, „доколку се реализира, ќе биде одлично за Соединетите Американски Држави и сите земји-членки на НАТО“.
Врз основа на постигнатото разбирање, Трамп потврди дека се откажува од воведувањето царини. „Нема да ги воведам царините што требаше да стапат на сила на 1 февруари“, се вели во соопштението. Тој додаде дека има и „дополнителни дискусии во врска со „Златната купола“ во Гренланд“ и дека повеќе информации ќе бидат достапни како што напредуваат разговорите.
Според Трамп, потпретседателот Џ.Д. Венс, државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф ќе бидат задолжени за преговорите. Тој нагласи дека тие ќе „поднесуваат извештаи директно до него“.

