Свет
Нигер ќе го уапси Гадафи ако стапне на негова територија
Нигер ќе ги почитува своите обврски кон Меѓународниот кривичен суд (OCC), доколку соборениот либиски водач Моамер ел-Гадафи или неговите синови влезат во земјата, изјави шефот на кабинетот на нигерискиот претседател Махмуд Исуф, пренесува денеска Reuters.
Нигер ќе ги почитува своите обврски кон Меѓународниот кривичен суд (OCC), доколку соборениот либиски водач Моамер ел-Гадафи или неговите синови влезат во земјата, изјави шефот на кабинетот на нигерискиот претседател Махмуд Исуф, пренесува денеска Reuters.„Ние сме потписнички на римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд, така што знаат на што се изложуваат доколку дојдат. Нигер е земја на правото но ќе ги почитуваме и нашите меѓународните обврски“, изјави шефот на претседателскиот кабинет Масауди Хасуми. Велика Британија и другите земји од меѓународната коалиција којашто ги поддржува востаниците против полковникот Моамер ел-Гадафи, изминатава седмица соопштија дека сите земји потписнички на статутот на ICC, Гадафи да биде предаден на Хашкиот трибунал. Хасуми, исто така, потврди дека генералите на силите лојални на Гадафи, Али Кана и Али Шариф ал-Рифи од Либија и дека се наоѓаат во градот Агадез во Нигер под присмотра.„Ги земавме од хуманитарни причини. Никој не ни кажал дека тие се барани лица. Ги следиме но не можеме да ги приведеме без причина“, изјави Хасуми. Претходно во петокот и Интерпол објави „црвена потерница“ за барање на Моамер ел-Гадафи и неговиот син Сеиф ал-Ислам, како и поранешниот директор на военото разузнавање на Либија, Абдула ал-Сенусу, што е исто што и ставање на поранешниот либиски лидер на листата на најбараните лица. Интерпол го „повиси статусот“ на тројцата либиски бегалци по барање на Меѓународниот кривичен суд, која го издаде налогот за нивното апсење во јуни. Претходно, високи претставници од владата на Нигер, негираа дека Гадафи може да се наоѓа или да дојде на територијата.Истовремено, во понеделникот доцна навечер, според француски воени извори, во придружба на нигериската армија, границата со Нигер ја преминал и конвојот од 200 до 250 оклопни и други возила на либиската армија. Постоеја сомневања дека на конвојот му се придружиле и Гадафи и неговиот син Сеиф ал-Ислам, кои преку Нигер се упатиле за Буркина Фасо, изолирана западноафриканска држава којашто претходно на целото семејство Гадафи му понуди азил./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нова вакцина против рак на кожа го намалува ризикот од смрт за 49 проценти
Експериментална вакцина против рак на кожа, развиена во соработка помеѓу фармацевтските компании „Модерна“ и „Мерк“, покажува силни и трајни антитуморски ефекти кај пациенти со напреднат меланом.
Петгодишното следење на вакцината во клиничките испитувања укажува на значителни придобивки од преживување, објавува „Euronews“.
Терапијата, која моментално е во фаза 2 на клинички испитувања, ја комбинира персонализираната mRNA технологија на „Модерна“, Intismera Autogen, со имунотерапевтскиот лек Keytruda на „Мерк“.
Заедно, третманите го намалија ризикот од повторна појава на рак или смрт за 49 проценти кај пациенти со висок ризик од меланом кои биле подложени на операција, во споредба само со Keytruda.
„Продолжуваме да инвестираме во нашата платформа за онкологија поради охрабрувачки резултати како овие, кои го илустрираат потенцијалот на mRNA во третманот на рак“, рече Кајл Холен, виш потпретседател на „Модерна“.
Свет
Путин: Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД, но ние го имаме искуството со Алјаска
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД.
„Она што се случува со Гренланд не е наша работа, но ние имаме искуство во решавање на слични проблеми со САД, на пример Алјаска. Во 19 век, мислам во 1867 година, како што знаеме, Русија им продаде на САД, а САД ја купи Алјаска од нас“, рече претседателот на Русија на седница на Рускиот совет за безбедност, според Спутник, пренесува РТРС.
Тој верува дека Данска отсекогаш се однесувала кон Гренланд како кон колонија и, како што вели, грубо, практично жестоко.
„САД имаат на располагање една милијарда долари за да го купат Гренланд“, вели Путин и верува дека врз основа на примерот на Алјаска, цената за Гренланд би можела да биде 200-250 милиони долари.
„Ако споредиме со цените на златото од тогаш, таа бројка би била многу поголема, веројатно милијарда долари“, рече Путин и додаде: „Но, мислам дека и САД можат да си ја дозволат таа бројка“, според агенциите.
Фото: ЕПА
Свет
Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е формирана рамка за иден договор за Гренланд и арктичкиот регион, пренесуваат медиумите во регионот.
Најави одложување на воведувањето царини што требаше да стапат на сила на 1 февруари, напиша тој на социјалната мрежа Truth Social.
Трамп изјави дека на „многу продуктивен состанок“ со Руте е формирана „рамка за иден договор во врска со Гренланд и, всушност, целиот арктички регион“. Тој оцени дека решението, „доколку се реализира, ќе биде одлично за Соединетите Американски Држави и сите земји-членки на НАТО“.
Врз основа на постигнатото разбирање, Трамп потврди дека се откажува од воведувањето царини. „Нема да ги воведам царините што требаше да стапат на сила на 1 февруари“, се вели во соопштението. Тој додаде дека има и „дополнителни дискусии во врска со „Златната купола“ во Гренланд“ и дека повеќе информации ќе бидат достапни како што напредуваат разговорите.
Според Трамп, потпретседателот Џ.Д. Венс, државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф ќе бидат задолжени за преговорите. Тој нагласи дека тие ќе „поднесуваат извештаи директно до него“.

