Свет
Египетските командоси го извлекоа персоналот на израелската амбасада
„Во тој момент од толпата ги делеше само еден ѕид. Бевме многу загрижени“, изјави неименуван соработник на израелскиот премиер.
Египетските командоси денеска во мугрите ги спасиле шестмина чувари кои останаа блокирани во зградата на Израел во Каиро, која во која во петокот навечер провалии неколку стотина Египќани, соопштено е утрово. Израелската амбасада во Египет во која во 1979 година е потпишан мировниот договор меѓу двете држави, но кон којашто сека е насочен гневот на дел од арапската јавност, во петокот доцна во ноќта била заземена од демонстрантите, при што биле повредени повеќе стотина лица. Египетското министерство за внатрешни работи соопшти дека најмалку 450 демонстранти се повредени во текот на целодневните судири со полицијата која за нивно растерување употребуваше солзавец и истрели во воздух. Египетската државна телевизија јави дека се повредени и 46 полицајци.Најпрво демонстрантите урнаа дел од ѕидот кој неодамна беше подигнат за да се спречи повторен инцидент како тој кога еден демонстрант пред десетина дена влезе во израелската амбасада и го симна знамето. Кога гневната толпа влегла во амбасадата почнала да ги фрла сите документи низ прозорците и било запалено израелското знаме. Египетската полиција дури во саботата утрото успеала да ги потисне демонстрантите и да ја обезбеди областа. Претходно египетските специјалци извлекле шест Израелци кои останале блокирани во зградата на амбасадата додека демонстрантите ги заземале просториите. Во акцијата за спасување командосите тргнаа по повикот што до египетските власти ги испратил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на кој заробените припадници на обезбедувањето со телефон му јавиле дека стравуваат за своите животи.„Во тој момент од толпата ги делеше само еден ѕид. Бевме многу загрижени“, изјави неименуван соработник на израелскиот премиер. Израелскиот амбасадор Јицак Леванон, неговата сопруга, дипломатскиот персонал и нивните семејства кои успеале навреме да ја напуштат амбасадата, веќе биле евакуиран со израелски авиони од Каиро и се наоѓаат во Израел. Американскиот претседател Барак Обама го осуди инцидентот и го повика Египет да ги исполни своите меѓународни обврски и да ја заштити израелската амбасада од демонстрантите.Ова е вторпат оваа амбасада да биде нападнат, откако пет египетски граничари загинаа минатиот месец во израелска операција против исламистички милитанти кои се обвинети за убиството на седуммина туристи на територијата на Израел. „Оваа акција ги покажува бесот и фрустрациите на младите египетски револуционери насочени кон Израел, особено по неодамнешните напади врз египетските граничари“, изјави египетскиот политички аналитичар, Набил Абдел Фатах Израел засега во Каиро ќе го остави само заменикот амбасадор за да ги одржува односите со Египет, чијашто влада во сабота најави итна кризна седница посветена на нападот на израелската амбасада. Пред зградата на амбасадата, од саботата наутро разместени се силни полициски и воени единици./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нова вакцина против рак на кожа го намалува ризикот од смрт за 49 проценти
Експериментална вакцина против рак на кожа, развиена во соработка помеѓу фармацевтските компании „Модерна“ и „Мерк“, покажува силни и трајни антитуморски ефекти кај пациенти со напреднат меланом.
Петгодишното следење на вакцината во клиничките испитувања укажува на значителни придобивки од преживување, објавува „Euronews“.
Терапијата, која моментално е во фаза 2 на клинички испитувања, ја комбинира персонализираната mRNA технологија на „Модерна“, Intismera Autogen, со имунотерапевтскиот лек Keytruda на „Мерк“.
Заедно, третманите го намалија ризикот од повторна појава на рак или смрт за 49 проценти кај пациенти со висок ризик од меланом кои биле подложени на операција, во споредба само со Keytruda.
„Продолжуваме да инвестираме во нашата платформа за онкологија поради охрабрувачки резултати како овие, кои го илустрираат потенцијалот на mRNA во третманот на рак“, рече Кајл Холен, виш потпретседател на „Модерна“.
Свет
Путин: Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД, но ние го имаме искуството со Алјаска
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД.
„Она што се случува со Гренланд не е наша работа, но ние имаме искуство во решавање на слични проблеми со САД, на пример Алјаска. Во 19 век, мислам во 1867 година, како што знаеме, Русија им продаде на САД, а САД ја купи Алјаска од нас“, рече претседателот на Русија на седница на Рускиот совет за безбедност, според Спутник, пренесува РТРС.
Тој верува дека Данска отсекогаш се однесувала кон Гренланд како кон колонија и, како што вели, грубо, практично жестоко.
„САД имаат на располагање една милијарда долари за да го купат Гренланд“, вели Путин и верува дека врз основа на примерот на Алјаска, цената за Гренланд би можела да биде 200-250 милиони долари.
„Ако споредиме со цените на златото од тогаш, таа бројка би била многу поголема, веројатно милијарда долари“, рече Путин и додаде: „Но, мислам дека и САД можат да си ја дозволат таа бројка“, според агенциите.
Фото: ЕПА
Свет
Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е формирана рамка за иден договор за Гренланд и арктичкиот регион, пренесуваат медиумите во регионот.
Најави одложување на воведувањето царини што требаше да стапат на сила на 1 февруари, напиша тој на социјалната мрежа Truth Social.
Трамп изјави дека на „многу продуктивен состанок“ со Руте е формирана „рамка за иден договор во врска со Гренланд и, всушност, целиот арктички регион“. Тој оцени дека решението, „доколку се реализира, ќе биде одлично за Соединетите Американски Држави и сите земји-членки на НАТО“.
Врз основа на постигнатото разбирање, Трамп потврди дека се откажува од воведувањето царини. „Нема да ги воведам царините што требаше да стапат на сила на 1 февруари“, се вели во соопштението. Тој додаде дека има и „дополнителни дискусии во врска со „Златната купола“ во Гренланд“ и дека повеќе информации ќе бидат достапни како што напредуваат разговорите.
Според Трамп, потпретседателот Џ.Д. Венс, државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф ќе бидат задолжени за преговорите. Тој нагласи дека тие ќе „поднесуваат извештаи директно до него“.

