Свет
Нетанјаху: Нападот врз амбасадата е сериозно загрозување на мирот со Израел
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го осуди синоќешниот напад на израелската амбасадa во Каиро.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го осуди синоќешниот напад на израелската амбасадa во Каиро.
Претставник од кабинетот на Нетанјаху изјави дека премиерот го оценил нападот како „сериозeн инцидент којшто претставува кршење на меѓународните норми“.
Спoред него, Нетанјаху им се заблагодарил на египетските власти што помогнале во евакуирањето на шест Израелци од амбасадата за време на нападот на египетските демонстранти.
Премиерот рекол дакa нападот на амбасадата претставува сериозно загрозување на мирот со Израел.
Најмалку три лица загинаа и повеќе од илјада се повредени за време на судирот меѓу демонстрантите и полицијата, како и нападот на израелската амбасада во Каиро, соопштија египетските власти.
Претставникот на министерството за здравство, Хамид Абаз изјави дека еден од трите жртви бил маж кој добил срцев удар.
Абаз за агенцијата AP рекол дека не ја знае причината за смртта на другите две лица. Тој додаде дека во нередите се повредени 1.093 лица.
Пред амбадата од рано утринава се наоѓаат неколку илјади демонстранти кои се судрија со полицијата, фрлајќи камења, додека полицијата возвраќала со солзавци.
Демонстрантите синоќа од главниот плоштад на Каиро заминаа во израелската амбасада и од неа низ прозорец фрлале доверливи документи од амбасадата.
Израелската амбсада е симболично место на мирот меѓу Египет и Израел, откако Египет во 1979 година беше првата арапска земја која ја признала израелската држава по потпишаниот мировен договор./крај/б/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нова вакцина против рак на кожа го намалува ризикот од смрт за 49 проценти
Експериментална вакцина против рак на кожа, развиена во соработка помеѓу фармацевтските компании „Модерна“ и „Мерк“, покажува силни и трајни антитуморски ефекти кај пациенти со напреднат меланом.
Петгодишното следење на вакцината во клиничките испитувања укажува на значителни придобивки од преживување, објавува „Euronews“.
Терапијата, која моментално е во фаза 2 на клинички испитувања, ја комбинира персонализираната mRNA технологија на „Модерна“, Intismera Autogen, со имунотерапевтскиот лек Keytruda на „Мерк“.
Заедно, третманите го намалија ризикот од повторна појава на рак или смрт за 49 проценти кај пациенти со висок ризик од меланом кои биле подложени на операција, во споредба само со Keytruda.
„Продолжуваме да инвестираме во нашата платформа за онкологија поради охрабрувачки резултати како овие, кои го илустрираат потенцијалот на mRNA во третманот на рак“, рече Кајл Холен, виш потпретседател на „Модерна“.
Свет
Путин: Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД, но ние го имаме искуството со Алјаска
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД.
„Она што се случува со Гренланд не е наша работа, но ние имаме искуство во решавање на слични проблеми со САД, на пример Алјаска. Во 19 век, мислам во 1867 година, како што знаеме, Русија им продаде на САД, а САД ја купи Алјаска од нас“, рече претседателот на Русија на седница на Рускиот совет за безбедност, според Спутник, пренесува РТРС.
Тој верува дека Данска отсекогаш се однесувала кон Гренланд како кон колонија и, како што вели, грубо, практично жестоко.
„САД имаат на располагање една милијарда долари за да го купат Гренланд“, вели Путин и верува дека врз основа на примерот на Алјаска, цената за Гренланд би можела да биде 200-250 милиони долари.
„Ако споредиме со цените на златото од тогаш, таа бројка би била многу поголема, веројатно милијарда долари“, рече Путин и додаде: „Но, мислам дека и САД можат да си ја дозволат таа бројка“, според агенциите.
Фото: ЕПА
Свет
Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е формирана рамка за иден договор за Гренланд и арктичкиот регион, пренесуваат медиумите во регионот.
Најави одложување на воведувањето царини што требаше да стапат на сила на 1 февруари, напиша тој на социјалната мрежа Truth Social.
Трамп изјави дека на „многу продуктивен состанок“ со Руте е формирана „рамка за иден договор во врска со Гренланд и, всушност, целиот арктички регион“. Тој оцени дека решението, „доколку се реализира, ќе биде одлично за Соединетите Американски Држави и сите земји-членки на НАТО“.
Врз основа на постигнатото разбирање, Трамп потврди дека се откажува од воведувањето царини. „Нема да ги воведам царините што требаше да стапат на сила на 1 февруари“, се вели во соопштението. Тој додаде дека има и „дополнителни дискусии во врска со „Златната купола“ во Гренланд“ и дека повеќе информации ќе бидат достапни како што напредуваат разговорите.
Според Трамп, потпретседателот Џ.Д. Венс, државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф ќе бидат задолжени за преговорите. Тој нагласи дека тие ќе „поднесуваат извештаи директно до него“.

