Свет
Околу 100 илјади луѓе се простија од загинатите руски хокеари
Околу 100 илјади луѓе, според ажурирани податоци, дојдоа денеска да се збогуваат со загинатите хокеари на „Локомотива“ во Јарослав, изјави за РИА Новости, шефот на управата за информации и јавни врски на регионалната канцеларија на Министерството за внатрешни работи Александар Шиханов.
Околу 100 илјади луѓе, според ажурирани податоци, дојдоа денеска да се збогуваат со загинатите хокеари на „Локомотива“ во Јарослав, изјави за РИА Новости, шефот на управата за информации и јавни врски на регионалната канцеларија на Министерството за внатрешни работи Александар Шиханов.И покрај фактот дека церемонијата на погребот заврши, луѓето сé уште не си заминуваат. На плоштадот пред салата „Арена 2000“, тие аплаудираат извикувајќи „Локо!Локо!Локо!“, а од стотици звучници грмат звуците на локомотива.Авионот од типот „јак-42“, со кој патуваше комплетниот тим на хокеарскиот клуб „Локомотив“ од Јарослав на 7-ми септември се урна кусо по полетувањето распарчувајќи се на неколку делови од кои едниот падна во реката Волга. Екипата леташе за Минск за натпревар од регуларниот дел од сезоната во Континенталната лига со тамошниот „Динамо“. Во авионската несреќа загинаа сите 45 лица, 37 хокеари и членови на управта на клубот, како и осум членови на екипажот. Несреќата ја преживеаја хокеарот Александар Галимов и интендантот Александар Сизов, и двајцата се критична состојба.Погребната церемонија започна во саботата наутро во соборниот храм Успение во Јарослав каде што роднините, жителите, и многуте гости се простуваа од загинатите хокеари. И покрај силниот дожд поради масата луѓе, церемонијата продолжи шест часа наместо предвидените четири Рускиот премиер Владимир Путин присуствуваше на погребната церемонија, а покрај него беа и министерот за внатрешни работи Рашид Нургалиев, министерот за спорт Виталиј Мутко, претседателот на Меѓународниот федерација за хокеј на мраз, Рене Фазел, познатите поранешни руски репрезентативци сега во својство на претседател на руската хокеарска репрезентација Владислав Третјак и директори на Континенталната хокеарска лига, Александар Медведев и Вјачеслав Фетисов. На погребната церемонија присуствуваа и комплетните состави на повеќето руски клубови и претставници на клубовите кои се натпреваруваат во Континенталната лига. /крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден зборуваше за дебатата со Трамп, но и за детали од неговиот личен живот
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека ќе учествува на дебата со Доналд Трамп, неговиот републикански противкандидат на ноемвриските избори.
„Не знам кога“, изјави Бајден во интервјуто со Хауард Стерн и додаде дека со нетрпение го очекува тоа, пренесе Ројтерс.
Бајден раскажуваше семејни приказни и рече дека пелтечењето било подготовка за тешките удари во животот. Тој рече дека пелтечењето како дете било најдоброто нешто што му се случило. Додаде дека на крајот го надминал пелтечењето, но дека повремено му се враќа кога зборува во јавност.
Интервјуто со Хауард Стерн се случи додека Бајден присуствуваше на политички настан во Њујорк.
За време на интервјуто, тој презентираше многу биографски детали, обидувајќи се да се претстави пред гласачите. Бајден, исто така, рече дека неговиот татко, Џозеф Робинет Бајден постариот, ретко покажувал љубов и раскажал приказна што напраавил кога бил нокаутиран додека играл рагби кога бил во четврто одделение.
„Татко ми излезе со нас и рече Џои стани. Само стани. Мора да станеш“, раскажал Бајден.
Свет
(Видео) Снимка од Ердоган хит на социјалните мрежи: Телохранител му подаде чешел на турскиот претседател, а потоа цела делегација мораше да застане
Видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи.
Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, цело време беше придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаше.
— Pluton (@Pluton45873221) April 26, 2024
Откако заврши со средувањето на косата, Ердоган му го даде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкај, насмеан.
Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од формирањето на Уставниот суд.
Свет
Се слушнало тропање и силни вибрации: Боинг изгубил дел за време на лет, извршил принудно слетување
Авионот на „Делта ерлајнс“ кој утрово полета од аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк мораше да се сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи, пренесува „Индекс“.
Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале звук на тропање.
Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пишува „ABC7 New York“.
„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент отпадот за итни случаи паднал“, рече портпаролот на „Делта“. За време на инцидентот во „Боингот 767“ имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.
Патниците биле префрлени во друг авион, кој полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот чиј дел за итни случаи паднал е стар 33 години и нема да биде во служба додека „Делта“ не ја процени неговата соодветност. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.