Свет
Иран ќе ги ослободи Американците обвинети за шпионажа
Двајцата Американци обвинети и осудени минатиот месец на осумгодишна затворска казна за шпионажа во Иран, ќе бидат ослободени за два дена, изјави ирaнскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад за американската телевизија NBC.
Двајцата Американци обвинети и осудени минатиот месец на осумгодишна затворска казна за шпионажа во Иран, ќе бидат ослободени за два дена, изјави ирaнскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад за американската телевизија NBC.Шајн Бауер и Џош Фејтал во јули 2009 година беа уапсени во близина на иранско-ирачката граница каде планинареле. Сара Шоурд која ист така беше уапсена со нив, беше ослободена во септември 2010 година и се врати во САД.Тројцата тврдат дека само планинареле во планините на северен Ирак, па и доколку ја минале неодбележаната граница со Иран, тоа го сториле по грешка. Шоурд беше ослободена со кауција од 500 илјади долари, додека Бауер и Фејталбеа осудени во судската постапка којашто беше затворена за јавноста и се наоѓаат во затворот Евин во Техеран. Американскиот претседател Барак Обама ги демантираше обвиненијата дека Американците кои работеле на Блискиот исток и се решиле да ги посетата планините во северен Ирак, се поврзани со американските разузнавачки служби.Овој случај . ги поттикна уште поголемите тензии меѓу Техеран и Вашингтон кои ги прекинаа дипломатските односи по заложничката криза во американската амбасада од 1979 година, кога избувна исламската револуција.Џош Фејтал на 27 години, Шајн Бауер исто така 27-годишен и Сара Шоурд на 31 година, се дипломци на калифорнискиот Универзитет Беркли,во септември 2009 години ја минаа ирачко-иранската граница во регионот на северен Курдистан. Нивните семејства тврдат дека тие биле само туристи и дека случајно ја минале опасната граница во планинскиот регион, каде раздвојувањето меѓу двете држави е тешко препознатливо заради теренот. Бидејќи САД немаат дипломатски односи со Иран, правата на тројцата нивни државјани ги застапуваат швајцарските дипломати кои имаат овластување за претставување на американските интереси.Американците биле во Турција, а на крајот од јули 2009-та влегле во Ирак и се упатиле кон Сулаиманија, каде живее претежно курдско население. Еден од исчезнатите американски државјани уште тогаш беше идентификуван како Џош Фејтал, соопштија курдските локални власти во градот Арбила, главниот град на најголемата ирачка автономна област Курдиш. Тројцата се упатиле во туристичката област Ахмен Ава, позната по слаповите, 150 километри источно од Сулаиманија во близина на иранската граница. Четвртиот турист, беше идентификуван како Шон Мекфесел останал во градот, бидејќи се разболел. /крај/нбц/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Меркел негира дека би можела да биде претседател на Германија
Поранешната долгогодишна германска канцеларка, Ангела Меркел (71), денес ги негираше медиумските извештаи дека би можела да биде кандидат за функцијата претседател.
Од кабинетот на Меркел изјавија за весникот „Тагешпигел“ дека тврдењата на весникот „Билд“ дека поранешната канцеларка (2005-2021) би можела да се врати во политиката и да ја разгледа можноста да биде кандидат за претседател на Германија се „апсурдни“.
„Билд“ претходно изјави дека постои загриженост во врвот на Христијанско-демократската унија (CDU), која Меркел ја водеше 18,5 години, бидејќи Зелените би можеле да ја предложат за наследник на Франк-Валтер Штајнмаер.
Досега, ниту еден од германските канцелари не ја презеде функцијата претседател, кој го избира Парламентот и има значително помали овластувања од шефот на владата.
Одлуката за наследникот на Штајнмаер ќе ја донесе Бундестагот на почетокот на 2027 година.
Свет
Расмусен: НАТО не значи ништо без Америка
Поранешниот генерален секретар на НАТО и поранешен премиер на Данска, Андерс Фог Расмусен, оцени дека Северноатлантската алијанса без учеството на САД „не значи ништо“, посочувајќи дека европските земји сè уште во голема мера зависат од Вашингтон кога станува збор за безбедноста.
Во интервју за „Политико“, Расмусен рече дека евентуалното дистанцирање на САД од Алијансата ќе ја стави Европа пред сериозен предизвик и ќе ја принуди да ги преиспита сопствените одбранбени капацитети.
„Јасно е дека НАТО не значи ништо без САД. Затоа, ако САД одлучат да не учествуваат во НАТО или да го игнорираат, Европејците ќе мора да создадат европски НАТО, во чиј центар ќе биде коалиција од спремни, способни и подготвени европски земји да ја бранат Европа“, изјави тој.
Во исто време, Расмусен ги отфрли тезите за целосен прекин на трансатлантските односи, оценувајќи дека таквото сценарио е „фантазија“ која нема основа во реалноста. Според него, европските земји се премногу зависни од американските воени капацитети, разузнавачка поддршка и стратешки нуклеарен чадор за да можат да функционираат без САД на краток рок.
Сепак, тој истакна дека во Европа е забрзан процесот на таканареченото „намалување на ризикот“, односно напорот за намалување на прекумерната зависност од надворешни партнери во клучните безбедносни и одбранбени сегменти. Овој процес, како што може да се заклучи од неговите зборови, не подразбира раскинување со САД, туку зајакнување на сопствените капацитети во рамките на постојниот сојуз.
Во исто време, во рамките на Европската унија се зборува сè погласно за потребата од создавање поавтономна одбранбена рамка. Европскиот комесар за одбрана и вселена, Андријус Кубилијус, претходно како стратешки приоритет на Унијата ја посочи подготвеноста за воспоставување одбранбен сојуз и постепена замена на американските сили со европски капацитети.
Кубилијус нагласи дека формирањето на вистинска Европска одбранбена унија е првиот чекор кон стратешка независност на Брисел. Овој концепт подразбира зајакнување на заедничките воени структури, координација на индустриските и технолошките ресурси, како и поголема финансиска одговорност на европските членки за сопствената безбедност.
Помеѓу јасната зависност од САД и амбицијата за поголема независност, Европа на тој начин се наоѓа во сложена рамнотежа. Проценката на Расмусен дека НАТО без Америка „не значи ништо“ е предупредување, но и потсетник дека евентуалната промена во американската политика би можела да ги забрза процесите што веќе се наѕираат во рамките на Европската Унија, анализираат медиумите.
Регион
Албанија на суд поради ВИ министерката: Актерка ја тужи владата за злоупотреба на нејзиниот лик
Албанската министерка – првиот виртуелен државен функционер во светот, би можела да остане без својот препознатлив лик, откако актерката врз чии карактеристики е создаден дигиталниот аватар поднесе тужба против Владата на Албанија.
Премиерот Еди Рама во август 2025 година најави можност за именување министер или премиер заснован на вештачка интелигенција, а веќе во септември беше претставена Диела – вештачка функционерка задолжена за борба против корупцијата во јавните набавки.
Диела претходно беше позната како чат-бот на државниот портал e-Albania, а нејзиниот дигитален лик и глас биле креирани според актерката Анила Биша, врз основа на договор кој истекол на 31 декември 2025 година. Откако Диела добила министерска функција, нејзиниот лик бил прикажан и во обраќање до парламентот што се пренесувало низ целиот свет.
Според локалните медиуми, Биша поднела тужба против Владата, премиерот, приватната компанија која учествувала во проектот и Националната агенција за информациско општество (AKSHI). Таа тврди дека владата продолжила да го користи нејзиниот лик и по истекот на договорот, и надвор од дозволената намена, која била ограничена само на платформата e-Albania.
Во судските документи, Биша бара итна забрана за натамошна употреба на нејзиниот лик додека трае судскиот процес, наведувајќи дека неовластеното користење ѝ нанело значителна и непоправлива штета.
Во претходен телевизиски настап, Биша изјавила дека за потребите на системот снимала обемни аудио и видео материјали за ограничен временски период и за симболичен надомест, но никогаш не дала согласност за други форми на користење.
Портпаролката на албанската влада, Мањола Хаса, изјави дека Албанија е демократска држава во која граѓаните имаат право да покренат судски постапки против институциите. Таа додаде дека владата смета дека тужбата е неоснована, но е подготвена спорот да се реши пред суд, пренесе „Политико“.

