Свет
Опсадата на Кабул заврши со 14 мртви
Министерството за внатрешни работи на Авганистан соопшти дека опсадата на главниот град Кабул која траеше 19 часа со жестоки судири, заврши со ликвидирање на преостанатите милитанти од страна на безбедносните сили.
Министерството за внатрешни работи на Авганистан соопшти дека опсадата на главниот град Кабул која траеше 19 часа со жестоки судири, заврши со ликвидирање на преостанатите милитанти од страна на безбедносните сили. „Последните напаѓачи се мртви и борбите завршија. Во зградата имаше терористи и сите се мртви“, изјави Сидик Сидики, портпарол на министерството за внатрешни работи за AFP. Официјалниот број загинати во нападите се зголеми на 14, откако Сидики потврди дека за време на судирите кои започнаа во вторникот, се убиени и тројца авганистански полицајци. Претходно, предводените од НАТО Меѓународни безбедносни сили за помош (ИСАФ) соопшти дека 11 Авганистанци, меѓу кои и три деца, ги загубија своите животи во судирите. „Деветнаесет се повредени а 11 убиени, од кои три се деца“, изјави портпаролот на ИСАФ потполковникот Џими Каминг. Тој додаде дека шест американските војници се меѓу ранетите.„Ние, исто така, имаме шест (од составот на ИСАФ) повредени војници во вчерашните операции. Тројца од нив се припадници на контингентот на САД кои беа ангажирани надвор од комплексот на ИСАФ, додека другите тројца беа ранети во операцијата за чистење (на главната зграда)“, додаде Каминг.’Жестоките борби избувнаа меѓу талибанските милитанти и безбедносните сили, откако бунтовниците ги започнаа своите напади врз американската амбасада и седиштето на НАТО во Кабул во вторникот. Директорот на ЦИА, Дејвид Петреус, изјави во вторникот дека „неколку поединци“ влегле во зградата која е во изградба, неколку стотици метри од дипломатската мисија, а потоа отвориле оган и истрелале ракетни гранати врз територијата на амбасадата. Според американските официјални претставници, нема повредени меѓу персоналот на амбасадата. Талибаните ја презедоа одговорноста за нападите, иако авганистански официјални лица ја обвинија терористичката мрежата Хагани, милитантна група, наводно, поврзана со талибаните, но којашто презема акции независно од нив./крај.афп/птв.сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нова вакцина против рак на кожа го намалува ризикот од смрт за 49 проценти
Експериментална вакцина против рак на кожа, развиена во соработка помеѓу фармацевтските компании „Модерна“ и „Мерк“, покажува силни и трајни антитуморски ефекти кај пациенти со напреднат меланом.
Петгодишното следење на вакцината во клиничките испитувања укажува на значителни придобивки од преживување, објавува „Euronews“.
Терапијата, која моментално е во фаза 2 на клинички испитувања, ја комбинира персонализираната mRNA технологија на „Модерна“, Intismera Autogen, со имунотерапевтскиот лек Keytruda на „Мерк“.
Заедно, третманите го намалија ризикот од повторна појава на рак или смрт за 49 проценти кај пациенти со висок ризик од меланом кои биле подложени на операција, во споредба само со Keytruda.
„Продолжуваме да инвестираме во нашата платформа за онкологија поради охрабрувачки резултати како овие, кои го илустрираат потенцијалот на mRNA во третманот на рак“, рече Кајл Холен, виш потпретседател на „Модерна“.
Свет
Путин: Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД, но ние го имаме искуството со Алјаска
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД.
„Она што се случува со Гренланд не е наша работа, но ние имаме искуство во решавање на слични проблеми со САД, на пример Алјаска. Во 19 век, мислам во 1867 година, како што знаеме, Русија им продаде на САД, а САД ја купи Алјаска од нас“, рече претседателот на Русија на седница на Рускиот совет за безбедност, според Спутник, пренесува РТРС.
Тој верува дека Данска отсекогаш се однесувала кон Гренланд како кон колонија и, како што вели, грубо, практично жестоко.
„САД имаат на располагање една милијарда долари за да го купат Гренланд“, вели Путин и верува дека врз основа на примерот на Алјаска, цената за Гренланд би можела да биде 200-250 милиони долари.
„Ако споредиме со цените на златото од тогаш, таа бројка би била многу поголема, веројатно милијарда долари“, рече Путин и додаде: „Но, мислам дека и САД можат да си ја дозволат таа бројка“, според агенциите.
Фото: ЕПА
Свет
Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е формирана рамка за иден договор за Гренланд и арктичкиот регион, пренесуваат медиумите во регионот.
Најави одложување на воведувањето царини што требаше да стапат на сила на 1 февруари, напиша тој на социјалната мрежа Truth Social.
Трамп изјави дека на „многу продуктивен состанок“ со Руте е формирана „рамка за иден договор во врска со Гренланд и, всушност, целиот арктички регион“. Тој оцени дека решението, „доколку се реализира, ќе биде одлично за Соединетите Американски Држави и сите земји-членки на НАТО“.
Врз основа на постигнатото разбирање, Трамп потврди дека се откажува од воведувањето царини. „Нема да ги воведам царините што требаше да стапат на сила на 1 февруари“, се вели во соопштението. Тој додаде дека има и „дополнителни дискусии во врска со „Златната купола“ во Гренланд“ и дека повеќе информации ќе бидат достапни како што напредуваат разговорите.
Според Трамп, потпретседателот Џ.Д. Венс, државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф ќе бидат задолжени за преговорите. Тој нагласи дека тие ќе „поднесуваат извештаи директно до него“.

