Свет
Камерон и Саркози и ветија помош на Либија

Францускиот претседател Никола Саркози и британскиот премиер Дејвид камерон денеска во Триполи ги повикаа победниците да се воздржат од одмазда и ветија дека ќе ја поддржат транзицијата во Либија.
Францускиот претседател Никола Саркози и британскиот премиер Дејвид камерон денеска во Триполи ги повикаа победниците да се воздржат од одмазда и ветија дека ќе ја поддржат транзицијата во Либија, додека домаќините за помошта во рамките на операциите на НАТО им ветија дека ќе им платат со нафта и со договори при обновата на земјата.
Само три недели откако бунтовниците со помош на воздушните удари на НАТО го сружија режимот на полковникот Моамер Гадафи, двајцата европски државници во Триполи беа дочекани како херои, затоа што се начело на земјите кои ја предводеа операцијата на НАТО против силите на Гадафи.
На заедничката прес-конференција со лидерите на Националниот преоден совет (НТЦ), Мустафа Абдел Џалил и Махмуд Џибрил, Саркози и Камерон ветија продолжување на помошта се додека гадафи не биде фатен, а секоја педа на Либија ослободен.
Џалил и Џибрил, од своја страна, се заблагодарија на помошта од „пријателите и сојузниците“ и рекоа дека Либијците ги ценат нивните напори и дека затоа овие две земји ќе имаат приорите. Тие истакнаа и дека НТЦ ќе ги почитува „сите легитимни договори“ кои ги склучил режимот на Гадафи, но најави ревизија на оние кои биле склучени со корупција.
„Како поранешен член на владата на Гадафи, јас добро знам дека некои договори се по цени кои далеку над важечките“, вели Џалил.
Камерон при дебнешната посета на Либија најави и дека Лондон ќе одмрзне 13,7 милијарди евра, имот на режимот на гадафи, штом тоа го дозволи Советот за безбедност на ОН и додаде дека Лондон и Париз утре ќе предложат таква резолуција до Советот.
Првата посета на двајцата европски сојузници на либиските бунтовници, кои веќе е наречен „историски“, беше проселден со исклучително високи мерки на безбедност.
Либијците ги поздравуваа на улиците на Триполи со повици и транспаренти, а двајцата државници, кои треба да го посетат ио Бенгази, изворот на либиското востание. /крај/хина/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израел денеска ги врати телата на 15 Палестинци во Газа

Израел денеска ги врати телата на 15 Палестинци во Газа, со што вкупниот број на вратени лица се искачи на 135, соопшти денеска Министерството за здравство на Појасот управуван од Хамас.
Според договорот за прекин на огнот постигнат со посредство на американскиот претседател Доналд Трамп, Израел требаше да ги врати телата на 15 Палестинци за секој вратен починат израелски заложник, објави „Тајмс оф Израел“.
Претходно денеска, канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека Хамас мора да го почитува договорот и да ги врати останките од преостанатите 18 убиени заложници кои сè уште се наоѓаат во Појасот Газа.
Израелската војска (ИДФ) претходно го информираше семејството на убиениот Елијаху Маргалит дека Хамас го вратил неговото тело во Израел синоќа.
ИДФ соопшти дека, според разузнавачките информации, Елијаху (75) бил убиен на 7 октомври 2023 година, а неговото тело подоцна било однесено во Појасот Газа од кибуцот Нир Оз.
Смртта на Елијаху Маргалит беше потврдена од израелската војска во декември 2023 година.
Свет
Милиони Американци би можеле да останат без купони за храна

Околу 42 милиони Американци би можеле да останат без купони за храна во ноември поради тековниот прекин на работата на федералната влада, предупреди министерката за земјоделство Брук Ролинс.
Програмата за дополнителна помош во исхраната (SNAP), позната и како купони за храна, е дел од клучната национална мрежа за безбедност на храната и обезбедува просечен месечен надомест од 188 долари по лице, пишува Си-Ен-Ен.
Ролинс рече дека средствата за програмата ќе бидат исцрпени во рок од две недели и ги обвини демократите за блокадата на финансирањето.
Свет
Десетици илјади евакуирани на Филипините, се приближува ураган

Десетици илјади луѓе на Филипините се евакуирани денеска од своите домови на брегот на Пацификот поради опасност од поплави во момент кога тропската бура „Феншен“ го зафати регионот, јавија светските агенции.
Бурата попладнево со брзина на ветрот до 80 км на час ја погоди општина Губат, на југоисточниот врв на главниот остров Лузон, соопшти државната метеоролошка служба.
Откако жителите беа евакуирани од крајбрежните и другите ризични области, локалните власти соопштија дека нема извештаи за сериозни штети или жртви.
„Имаше обилни дождови и силни налети на ветер, иако не толку силни“, изјави Рајан Естреладо, спасувач во Губат.
Ураганот вечер треба да помине во близина на островот Катандуанес, кој има население од 270.000 жители, со брзина на ветер до 90 км/ч. Се очекува „Феншен“ да се засили пред да стигне до копното по втор пат во централен Лузон, соопшти националната метеоролошка служба.