Свет
Либиските востаници вршат притисок врз градот Сирт
Либиските востаници вршат силен притисок врз градот Сирт за да ги забрзаат решавачките напади врз едно од последните упоришта на силите лојални на соборениот либиски водач, Моамер ел-Гадафи, кој е во бегство.
Либиските востаници вршат силен притисок врз градот Сирт за да ги забрзаат решавачките напади врз едно од последните упоришта на силите лојални на соборениот либиски водач, Моамер ел-Гадафи, кој е во бегство.Портпаролот на либискиот револуционерни сили, Али Гливан, изјави дека една од единиците на либиските востанички сили успеала да навлезе во предградието на родниот град на Гадафи, кој се наоѓа на околу 400 километри источно од главниот град Триполи, пренесува во четвртокот Associated Press.Гливан додаде дека востаниците ги преземале под контрола главните патни правци и стратешки важниот надвозник познат како ал-Гарбиат, на југозападниот влез од градот Сирт.Тој, исто така, за агенцијата потврди дека востаниците се наоѓаат под ракетен оган, како и дека силите лојални на Гадафи пружаат жесток отпор во овој крајбрежен град.Гливан изјави дека еден востаник загинал во размената на огнот со поддржувачите на соборениот либиски водач кој е во бегство.Тој, исто така, истакна дека либиските револуционерните сили започнале со изненадувачки напади од западниот и јужниот приод кон градот, наместо од исток.Востаниците веќе две седмици се обидуваат да влезат во последните упоришта на лојалистите на Гадафи, градовите Сирт и Бани-Валид, откако минатиот месец ја преземаа контролата врз главниот град Триполи и неговата резиденција во квартот Баб ал-Азизија/крај/ап/сн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.