Свет
Научници го оспоруваат топењето на ледот за 15 отсто
Британски стручњаци за клима ги оспоруваат најновите податоци објавени во светскиот атлас на „Тајмс“ (Times Atlas of the World) според кои ледениот покривач на Гренланд е намален за 15 отсто во последните 12 години
Лондон, 20 септември (Макфакс) – Британски стручњаци за клима ги оспоруваат најновите податоци објавени во светскиот атлас на „Тајмс“ (Times Atlas of the World) според кои ледениот покривач на Гренланд е намален за 15 отсто во последните 12 години. Во рекламата за новиот Атлас се кажува дека 15 отсто од ледот на Грендланд е стопен во последните 12 години со што е ослободен простор голем колку површината на Британија и Ирска. „Новите сателитски снимки на Гренланд покажуваат постоење на многу глечери и површини под вечен лед на места каде што новиот атлас на Тајмс покажува земја без леден покривач“, наведуваат научниците од групата Скоп Полар со која раководи Џулијан Даудсвел.Оваа група своите забелешки писмено ги испрати до издавачот на атласот, издавачката куќа Харпер Колинс, која пак е во сопственост на корпорацијата на Руперт Мардок.Научниците се согласни дека заради климатското загревање се намалува површината под лед на Грен ланд, но тие ги оспоруваат размерите кои се неведени во овој атлас.Издавачот на атласот соопшти дека тие остануваат на објавените податоци наведувајќи дека информациите им се засновуваат на Американскиот центар за снег (NationalSnow and Ice Data Center)./крај/бета/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгискиот премиер: Трамп е гладна гасеница
Белгискиот премиер Барт де Вевер го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, споредувајќи го со „гладна гасеница“, во контекст на неговите изјави и закани во врска со Гренланд.
Како што пренесува „Метро“, де Вевер рече дека времето за дипломатско убедување на Вашингтон е истечено и дека таков пристап станал контрапродуктивен.
„Доста е. Европа мора да се соочи со Доналд Трамп, „гладната гасеница“, рече белгискиот премиер.
Тој ги повика европските земји сериозно да ги зајакнат сопствените одбранбени капацитети, за да можат да одговорат на можноста за американска воена интервенција во Гренланд.
Според него, дојде време реториката и апелите да се заменат со конкретни мерки насочени кон заштита на европските интереси.
Изјавите на белгискиот премиер следеа по низа провокативни пораки од Вашингтон.
Трамп претходно го нарече Гренланд „парче мраз“ и јавно побара НАТО да им го отстапи на Соединетите Американски Држави.
Во овој контекст, тој потсети дека во рамките на Алијансата, како што изјави, го нарекуваат „тато“, додавајќи дека САД би биле „благодарни“ доколку Гренланд биде предаден, но дека ќе „го паметат при евентуално отфрлање“.
Во исто време, американскиот претседател рече дека Вашингтон е секогаш подготвен да го брани НАТО, но изрази сомнежи за способноста на Алијансата да ги поддржи САД во иста мера, што во европските престолнини беше протолкувано како дополнително заострување на односите со сојузниците.
Фото: ЕПА
Свет
Земјотрес ја погоди Турција
Турција денес беше погодена од земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Како што е наведено, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 12 километри и на растојание од 68 километри од градот Баликешир.
Досега нема извештаи за повредени или материјална штета, пренесува Танјуг.
Свет
Трамп: Лоша е ситуацијата, но нема да имаме Трета светска војна
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес на Светскиот економски форум во Давос изјави дека голем број земји склучиле „огромни договори“ со САД во врска со гасот и нафтата.
Тој додаде дека кога Америка оди напред, сите други следат.
Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави го доживуваат „најбрзиот и најдраматичен“ економски раст во историјата на земјата, наведувајќи дека американскиот раст „експлодирал“, дека инвестициите и приходите се зголемиле и дека инфлацијата е поразена.
„САД се економскиот мотор на светот. Кога Америка цвета, целиот свет цвета, а кога ние не успеваме, сите нè следат“, рече Трамп за време на своето обраќање на Светскиот економски форум во Давос.
Тој оцени дека одредени места во Европа „веќе не можат да се препознаат“.
„Не сакам никого да навредам, но не можам да ги препознаам некои земји во негативна смисла. Ја сакам Европа, но мислам дека оди во лоша насока“, рече Трамп.
Трамп оцени дека многу земји го напуштиле начинот на водење бизнис што ги направил богати и дека сè уште има многу потенцијал во многу земји.
Трамп се пошегува дека денес во Давос се обраќа на „многу пријатели и неколку непријатели“.
Тој изјави дека ќе ги намали даноците и ќе ги зголеми царините за увоз од странски земји, а тоа е затоа што, како што рече, тие земји ќе ја поправат штетата „што ја предизвикале“.
Трамп побара итен почеток на преговорите за купување на Гренланд, наведувајќи дека оваа територија се наоѓа на клучно стратешко место – на половина пат помеѓу САД и Русија и Кина. „Сакаме силни, а не слаби сојузници“, рече Трамп.
„Барам итни преговори за купување на Гренланд, бидејќи сме купиле бројни земји низ историјата. Нема ништо лошо во тоа“, рече Трамп во Давос, каде што се одржува Светскиот економски форум.
Трамп, исто така, рече дека „многу ги почитува граѓаните на Гренланд и Данска“, но потсети дека таква членка на НАТО мора да може да се одбрани.
Тој потсети дека нацистичка Германија, во Втората светска војна, го скршила отпорот на Данците за само шест часа, по што САД испратиле војници во Гренланд, кои се бореле да го спасат.
„По војната, го вративме на Данска. Беше многу глупаво, но го вративме. Колку се неблагодарни“, рече Трамп, наведувајќи дека Америка лесно може да ја окупира оваа територија со сила.
„Но, ние нема да го сториме тоа. Тоа е можеби најважниот дел од мојот говор, бидејќи луѓето мислеа дека ќе употребам сила. Не морам да употребам сила. Нема да употребам сила. Сè што Америка бара е територија наречена Гренланд“, рече Трамп.
Во исто време, американскиот претседател ги отфрли тврдењата дека го сака Гренланд поради ретки минерали и метали, објаснувајќи дека резервите на овие суровини се наоѓаат под „стотици метри дебела ледена покривка“.
„САД се економскиот мотор на планетата. Ако ги следите нашите чекори, и вие можете да го следите нашиот пат. Ја сакам Европа и сакам да оди добро, но не оди во таа насока“, рече Трамп, наведувајќи дека европските земји се „жртви“ на неконтролирана имиграција и огромен увоз.
Тој им рече на европските лидери дека „веќе не признава бројни градови“, оценувајќи дека Стариот континент е загрозен од „исчезнувањето на цивилизацијата“, но дека Америка ќе „им помогне да ја корегираат сегашната насока“.
Според него, доколку Камала Харис или Џозеф Бајден беа избрани за претседател на САД наместо него, ситуацијата во Украина ќе се претвореше во Трета светска војна.
„Беше лоша ситуација, но нема да имаме Трета светска војна“, рече Трамп.

