Свет
Германија ја забрани најголемата неонацистичка група

Германија донесе забрана за најголемата неонацистичка организација HNG која им дава поддршка на затворениците со ултрадесничарски ставови и на нивните семејства, соопшти денеска германското министерство за внатрешни работи.
Германија донесе забрана за најголемата неонацистичка организација HNG која им дава поддршка на затворениците со ултрадесничарски ставови и на нивните семејства, соопшти денеска германското министерство за внатрешни работи. Како што наведуваат германските медиуми, станува збор за последниот чекор на германските власти во напори да се ограничи дејствувањето на радикалните групи и организации во земјата. Во соопштението на германското министерство за внатрешни работи се наведува дека организацијата HNG претставува закана за општеството и дејствува спротивно на уставот на Германија. Со слоганот „Фронт однадвор и однатре“, групата настојува да ги зајакне влијанијата на ултрадесничарските ставови на затворениците и да ги мотивира да ги продолжат нивните залагања и борба против системот, се додава во соопштението на германското МВР. „Со отфрлањето на демократската уставна држава и величењето на националсоцијализмот, HNG настојува да ги задржи ултрадесните радикални криминалци во своето милје“, се додава во соопштението што го цитира Reuters.„Повеќе не е прифатливо затворените германски екстремисти да добиваат поддршка од HNG која со своите aгресивни ставови насочени кон слободното демократско движење’, е вели во писмената изјава на германскиот министер за внатрешни работи, Ханс-Петер Фирдрих. Оваа организација е формирана во 1979 година и има околу 600 активни членови. Забраната за нејзиното дејствување е издадена по полициските претреси во коишто беа запленети материјали на водечките припадници на групата низ цела Германија. Германската разузнавачка служба проценува дека радикалните групи изминатите години се обиделе да ја исползуваат финансиската криза за привлекување што поголем број приврзаници од најпогодените и незадоволни слоеви на општеството. Германската Агенција за заштита на уставот, ја опишува HNG како расистичка, антисемитска и ревиозионистичка група, која својата инспирација ја црпи од нацизмот./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Лукашенко: Имаме сè за да му нанесеме неподнослива штета на агресорот

Одговорот на Белорусија во случај на директна закана ќе биде молскавично брз, Минск има сè што е потребно за да му нанесе незамислива штета на потенцијален агресор, изјави претседателот на земјата, Александар Лукашенко, во интервју за руските медиуми.
„Секако, го следиме развојот на ситуацијата на западните граници.
Во случај на директна закана, ќе одговориме со молскавично брзина на секој што ќе стапне на белоруска земја. Ако преминат од зборови на дела, ќе имаме со што да возвратиме.
Имаме што е потребно за да му нанесеме неприфатлива штета на агресор. Не им советувам да го тестираат тоа“, нагласи белорускиот лидер.
Лукашенко, исто така, оцени дека непријателската политика на Западот кон Русија и Белорусија не се менува, туку прераснува во отворено агресивна.
Според него, ваквите изјави се лицето на општата политика на Западот кон Белорусија и Русија.
„Најтажно е што оваа политика не се промени.
Поминаа 80 години од крајот на Втората светска војна, а таму, на Запад, тие сè уште ги сметаат нашите земји и нашиот братски сојуз за закана.
НАТО брзо ја вооружува Европа, а Полска и балтичките земји измислуваат наводно заштитни мерки за да им угодат на своите господари.
Една од нив е повлекување од Конвенцијата од Отава и деминирање на границата со Белорусија“, нагласи Лукашенко.
Во исто време, според него, сојузот меѓу Белорусија и Русија е тестиран со текот на времето и сè додека двете земји градат заедничка иднина, тие не можат да го прекинат.
Кога станува збор за решавање на ситуацијата во Украина, белорускиот претседател изјави дека нема алтернатива на мировните преговори за конфликтот, мора да се земат предвид интересите на сите страни, пренесува Спутник.
Лукашенко заклучи дека дијалогот мора да биде отворен и почитуван.
Фото: принтскрин
Свет
Беспилотно летало соборено над зградата на полската влада во Варшава

Безбедносните служби неутрализираа беспилотно летало што леташе над владините згради во центарот на Варшава, а двајца белоруски државјани се уапсени, објави вечерва полскиот премиер Доналд Туск.
„Службата за владина безбедност штотуку неутрализираше беспилотно летало што леташе над владината зграда и над палатата Белведер“, објави Туск на Икс. „Белведер“ е една од официјалните резиденции на полскиот претседател.
„Двајца белоруски државјани се уапсени“, додаде Туск. „Полицијата истражува“.
Инцидентот се случи во време кога Полска е во состојба на зголемена готовност откако група руски беспилотни летала влегоа во воздушниот простор на земјата минатата недела, анализираат медиумите во регионот.
Туск предупреди тогаш дека тоа е „најблиску што сме дошле до отворен конфликт од Втората светска војна“.
Фото: принтскрин
Свет
Популарноста на Макрон на најниско ниво досега, според последните анкети

Популарноста на францускиот претседател Емануел Макрон достигна најниско ниво откако дојде на власт во 2017 година, при што само 17 проценти од испитаниците го фаворизираат шефот на државата, според анкетата на Ипсос.
Популарноста на Макрон нагло опаѓа за 7 процентни поени во споредба со јули 2025 година и изнесува 17 проценти одобрување, што претставува најниско ниво досега забележано откако тој дојде на власт во 2017 година, објавува „Трибин д Диманш“.
Дополнително, се забележува дека новоизбраниот премиер Себастијан Лекорни, кој беше назначен од Макрон, веќе има висок негативен рејтинг и дека е непозната политичка фигура за многу испитаници, објавува Танјуг.
Анкета на Ипсос покажа дека најпопуларните политичари кои ќе го заменат Макрон како претседател на Франција во 2027 година се лидерите на крајно десничарската партија Национално собрание (RN), Џордан Бардела со 35 проценти позитивни мислења и Марин Ле Пен со 32 проценти, пренесуваат медиумите.
Фото: принтскрин