Свет
Предупредување од ОН: Светот е во криза
Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун денеска изјави дека светот е во криза и ги повика светските лидери да преземат чекори за спас на светот, за спречување на конфликтите и да ги подржат трендовите на Блискиот исток и во северна Африка за демократија
ОН, 21 септември (Макфакс) – Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун денеска изјави дека светот е во криза и ги повика светските лидери да преземат чекори за спас на светот, за спречување на конфликтите и да ги подржат трендовите на Блискиот исток и во северна Африка за демократија.
Во редовното годишно обраќање на шефовите на држави и влади на 193 земји членки на ОН, Бан Ки Мун ја издвои Сирија како посебна причина за загриженост, обвинувајќи ја владата на Басри Асад дека не ги исполнила ветувањата дека ќе спроведе реформи.
На отворањето на годишното Генерално собрание на ОН Бан Ки Мун рече дека Палестинците имаат право на држава. Израелците право на безбедност и овој безизлез мора да биде надминат.
„Како да им помогнеме на нашите народи да го најдат вечниот мир, просперитет и правда во светот кој е во криза“, кажа генералниот секретар.
Барак Обама, претседателот на САД во обраќењето пред Генералното собрание истакна дека нема пречки за постигнување мир на Блискиот исток и ја отфрли најавата на Палестинците за поднесување барање за признавање на нивна држава во светската организација.„Пред една година од оваа говорница посакав независна Палестина. Верував и се уште верувам дека Палестинците заслужуваат да имаат своја држава. Но, исто така реков дека вистинскиот мир е можен само помеѓу Израелците и Палестинците“, рече Обама.
Палестинскиот претседател најави дека во петок ќе го поднесе барањето за прием на Палестина како полноправна членка на ОН./крај/бета/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.