Свет
Баросо: ЕУ пред најголемиот предизвик во историјата
Европската унија е соочена со најголемиот предизвик во својата историја и тие може да се надминат со натамошна интеграција и комбинација на дисциплината и солидарноста, изјави во средата претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо.
Европската унија е соочена со најголемиот предизвик во својата историја и тие може да се надминат со натамошна интеграција и комбинација на дисциплината и солидарноста, изјави во средата претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо. „Денес сме соочени со најголемиот предизвик во историјата на Европската унија. Соочени сме со финансиската, стопанската и социјалната криза, но и со криза на довербата каква што немавме пред неколку децении’, изјави Баросо на пленарната седмица на Европската комисијата во Стразбур во својот говор посветен на состојбите во Унијата. Првпат ваков говор за ситуацијата во ЕУ, Баросо имаше минатата година, а ја воспоставува по угледот на говорите на американските претседатели за ситуацијата во нацијата. Баросо изјави дека треба да се отфрлат „илузиите дека е можно да се има заедничка валута и единствен пазар“ а да се задржува на овој степен на интеграција. Тој додаде дека европското стопанство загуби од својата конкурентност, како и дека некои земји членки живееле над своите можности. Првиот човек на Европската комисија смета дека ЕУ се наоѓа на историска пресвртница и дека без идни интеграции ќе се соочи со фрагментација. На Унијата и’ се заканува опасноста од фрагментирањето бидејќи популистите и националистите ја ползуваат кризата за да го доведат во прашање нејзиното најголемо достигнување, смета Баросо. „Ситуацијата е тешка, но постои решение“, истакна Баросо, додавајќи дека за тоа е потребно политичко водство. Баросо смета дека должничката криза може да се надвладее со комбинација од стабилност, односно со буџетска дисциплина и средување на јавните финансии, на што најмногу инсистира Германија, како и со мерките кои обезбедуваат стопански раст којшто го бараат земјите кои се наоѓаат во финансиски тешкотии. „Нам ни се потребни и стабилност и раст. Ни треба солидарност и одговорност“, рече Баросо. Тој додаде дека е исклучено исфрлањето или излегувањето на Грција од еврозоната, што беше многу често споменувано последната седмица. „Грција е и ќе остане во еврозонта“, рече претседателот на Европската комисија, додавајќи дека Грција мора да ги исполни обврските коишто ги презема – да го доведе буџетскиот дефицит во прифатливи рамки, а дека нејзините европски партнери ќе и дадат поддршка сé додека не може самата да се финансира на финансиските пазари. Баросо најави дека ЕК за неколку седмици ќе ги претстави предлозите за евро-обврзници, што ќе овозможи евтино задолжување на послабите земји членки, бидејќи зад нив стојат стопанствата на посилните земји. „Комисијата за неколку седмици ќе ги претстави предлозите за воведувањето на тие обврзници на стабилноста. Некои од тие опции ќе може да се воведат во постоечкиот Лисабонски договор, а за вистинските евро-обврзници ќе треба да се промени договорот“, рече Баросо. На воведувањето евро-обврзници се спротиставува Германија, којашто стравува дека со тоа би можело уште повеќе да се поттикне неодговорното задолжување на некои од земјите членки на ЕУ. Затоа Баросо истакна дека обврзниците мора да бидат осмислени, така да се наградуваат оние коишто ги почитуваат правилата, а дека не се прифатливи за оние коишто не се придржуваат до заедно договорените правила. „Кога еврозоната ќе ги добие инструментите кои обезбедуваат од една страна интеграција, а од друга дисциплина, емисијата на заедничките обврзници ќе биде сосема природно и на сите ќе им донесе полза“, рече Баросо.Тој во својот говор ги имаше предвид критиките кои последните денови пристигнуваа од страна на европските пратеници, дека ЕК ја загубила иницијативата во напорите за решавање на финансиските и должничките кризи и дека им ја препуштил ана земјите членки. Дури, беше споменувана и идејата да се предложи изгласување на недоверба на Баросо. Баросо, во својот говор, го отфрли предлогот економска влада на еврозоната да ја сочинуваат лидерите на земјите членки, што ова лето го предложија германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Николас Саркози. Тој се зазема за федералистичкиот пристап во кој главниот збор ќе го имаат националните институции а ЕУ, а не за пристап во кој главниот збор го водат земјите членки и кој подразбира да се одлучува едногласно. „Не е добро најбавно да се доредува ритамот на сите други. Ако една држава не сака поцврсти интеграции, тогаш нема право да ги блокира другите кои тоа не го сакаат“, нагласи Баросо.„Европската комисија е економска влада на Унијата и затоа нам не ни се потребни нови институции. Сега нам најмногу ни се потребни повеќе отколку кога и да е независна комисија. Владите не може да го решат тоа, тоа не може да се реши со договорот меѓу владите земји на членките“, дополни претседателот на ЕК./крај/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Виткоф: Мировниот договор за Украина е 90 отсто готов, утре ќе одам кај Путин
Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за мировни мисии, неговиот пријател и магнат за недвижности Стив Виткоф, денес изјави дека мировниот договор што би ставил крај на војната меѓу Русија и Украина е „завршен 90 проценти“.
Виткоф го изјави ова во интервју за „Блумберг“ и „Си-ен-би-си“ на маргините на Светскиот економски форум во Давос. Тој изјави дека се согласува со проценките на украинската страна дека договорот е речиси склучен, додавајќи дека неодамна е постигнат дополнителен напредок.
„Мислам дека постигнавме уште позначаен напредок“, рече Виткоф.
Според него, во последните шест до осум недели е постигнато повеќе отколку во претходните три или четири години. Тој нагласи дека преговорите влегле во фаза на забрзан напредок.
Виткоф треба да отпатува за Москва утре, каде што ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, како дел од понатамошните разговори за евентуално завршување на војната во Украина.
Свет
Европските лидери го напуштаат Давос
Се поголем број европски лидери го напуштаат или го избегнуваат Светскиот економски форум во Давос, дури и пред очекуваното пристигнување на Доналд Трамп и дебатата за Гренланд. Францускиот претседател Емануел Макрон замина откако наводно не успеал да обезбеди средба со американскиот претседател, пишува „Телеграф“.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, истотака нема да се сретне со Доналд Трамп во Давос бидејќи веќе го напушти швајцарскиот град по вчерашниот говор. Оваа информација ја потврди Европската комисија, пишува „Гардијан“.
„Претседателката на Комисијата направи стратешка и политичка проценка дека најдобриот начин да ја искористи својата енергија е да се врати во Брисел за да се фокусира на подготовките за многу важниот состанок на Европскиот совет“, рече портпаролот.
На прашањето дали е планирана средба меѓу фон дер Лајен и Трамп во блиска иднина, одговорот беше: „Колку што знам, поканите не се испратени во ниту еден правец“.
Истовремено, средбата на Трамп со германскиот канцелар Фридрих Мерц исто така беше откажана, објави Ројтерс. Технички проблеми во претседателскиот авион беа наведени како причина.
Гардијан забележува дека ќе биде интересно да се види кого Трамп сега ќе го приоритизира за состаноците, со оглед на тоа што ќе помине помалку време во Давос од планираното.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги откажа плановите за присуство, велејќи дека морал да остане во Киев поради руските ракетни напади врз енергетската инфраструктура на Украина. Неговото отсуство ги намали надежите дека западните сили ќе го искористат Давос за да потпишат пакет за финансирање на воздушната одбрана и енергетскиот сектор на Украина.
Зеленски сепак изјави дека „сè може да се промени во секој момент“. Шпанскиот премиер Педро Санчез, исто така, ја откажа својата посета, по железничката несреќа во јужна Шпанија во која загинаа 42 лица.
Италијанските медиуми објавија дека е малку веројатно премиерката Џорџа Мелони да дојде во Давос. Ројтерс во средата објави дека Мелони ќе му се придружи на Макрон во одбивањето да го потпише планот на Трамп за Газа.
Фото: ЕПА
Свет
Стармер до Трамп: Велика Британија нема да попушти
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека нема да попушти пред Доналд Трамп во врска со иднината на Гренланд и најави дека ќе биде домаќин на данската премиерка Мете Фредериксен во четврток.
За време на сесијата за прашања на премиерот, лидерката на конзервативците Кеми Баденох изјави дека таа и Сер Кир се согласуваат дека „иднината на Гренланд треба да ја одлучат исклучиво луѓето од Гренланд“. Потоа таа го праша премиерот: „Кога премиерката го покрена ова прашање со претседателот Трамп во понеделник, дали претседателот се согласи или не?“
Сер Кир одговори дека „конструктивниот ангажман за меѓународни безбедносни прашања е исклучително важен, особено кога станува збор за безбедноста на Арктикот, и тоа е контекстот во кој се одвива оваа дебата во врска со Гренланд“.
„Додека конструктивно се ангажираме, јасно го искажав мојот став за нашите принципи и вредности. Првиот од нив е дека иднината на Гренланд им припаѓа исклучиво на луѓето од Гренланд и Кралството Данска“, рече Стармер.
Тој додаде дека верува оти „заканите со царини за притисок врз сојузниците се сосема погрешни“.
„Ќе продолжиме конструктивно да се ангажираме. Имав многу меѓународни разговори во последните денови, а данскиот премиер утре доаѓа во Обединетото Кралство на билатерални разговори“, рече тој.
„Но, сакам да бидам јасен. Нема да попуштам, Велика Британија нема да попушти, во однос на нашите принципи и вредности во врска со иднината на Гренланд и заканите со царини. И тоа е мојот јасен став“, заклучи премиерот.

