Свет
Зачувување на матични клетки од масно ткиво

Светската банка за матични клетки Cryo-Save ја лансира својата нова услуга вo Соединетите Американски Држави, Cryo-Lip која што нуди можност за зачувување на матични клетки од масно ткиво.
Светската банка за матични клетки Cryo-Save ја лансира својата нова услуга вo Соединетите Американски Држави, Cryo-Lip која што нуди можност за зачувување на матични клетки од масно ткиво.
„Така зачуваните матични клетки од масно ткиво се процесираат во високо специјализирани и ФДА – акредитирани ткивни банки во Индијанополис. Ткивото и клетките се чуваат со години или децении, сè до оној момент кога ќе бидат вратени назад за повторно вбризгување по барање на клиентот. Оваа услуга најголема примена наоѓа во пластичната хирургија, како и за козметички проблеми од типот на подмладување на лицето и корекција на градите“ соопштуваат од Светската банка за матични клетки.
Според податоците на оваа компанија, користењето на сопственото масно ткиво на пациентите за козметички корекции, во 2009 и 2010 година е зголемено за 27 отсто, бидејќи води кон замена на синтетските производи со природно ткиво.
Cryo-Save како водечка интернационална семејна банка за матични клетки, веќе има зачувано повеќе од 185.000 примероци од крв и ткиво од папочна врвца од новороденчиња и масно ткиво на возрасни.
Cryo-Save е присутна во Македонија преку компанијата Би-МЕК која што оперира на пазарот веќе пет години. /крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израел нападна ирански нуклеарен реактор

Израелската армија го нападна нуклеарниот реактор во Арак (т.н. тип на тешка вода), западно од Техеран, објавија иранските државни медиуми и неколку телевизиски станици.
Нападот се случи откако претходно истиот ден Израел го повика населението да ја евакуира областа.
Израелската војска потврди дека го гаѓала објектот во Арак, на околу 400 километри западно од иранската престолнина, велејќи дека тоа е дел од напорите да се уништи иранската нуклеарна инфраструктура.
Иранските власти тврдат дека евакуацијата не била завршена во моментот на нападот, пренесува новинската агенција ИСНА. Но, други извори тврдат дека сите цивили успеале да се засолнат пред нападот. Според истите извори, нема опасност од радиоактивно зрачење.
Свет
Израел го напаѓа Иран седма ноќ по ред

Израелската војска во четвртокот објави дека изведува серија напади во Иран, вклучително и Техеран, на седмиот ден од нејзината офанзива против Исламската Република.
„Израелските воздухопловни сили во моментов спроведуваат серија напади врз Техеран и други области на Иран“, објави израелската војска на „Телеграм“.
Најавувајќи ги претстојните напади, израелската армија повика на евакуација на иранските села Арак и Хондаб, кои се наоѓаат во близина на нуклеарни постројки.
„Израелските одбранбени сили итно ги повикуваат жителите, работниците и сите присутни во иранските села Арак и Хондаб (…) да се евакуираат веднаш“, се вели во Телеграм.
Иранската противвоздушна одбрана беше активирана во центарот на Техеран и пресретна беспилотни летала над главниот град на Иран, објави полуофицијалната новинска агенција СНН.
Свет
(Видео) Иран погоди болница во Израел со балистичка ракета

Болницата Сорока во Бершеба на југот на Израел утринава соопшти дека зградата била погодена со проектил при ирански ракетен напад на израелска територија.
„Во нападот беше погодена болницата и беше предизвикана значителна штета во неколку области. Во моментов ја проценуваме штетата, како и бројот на потенцијални повредени“, се вели во соопштението на болницата.
Неколку минути претходно израелското Министерство за надворешни работи извести за „директен удар“ на важен објект каде се згрижуваат бројни израелски војници ранети во Појасот Газа.
Massive damage to Soroka Medical Center in Beersheba, following the impact of a ballistic missile fired by Iran. pic.twitter.com/8rXhGeuk0z
— OSINTdefender (@sentdefender) June 19, 2025
Иранските медиуми објавија дека Иран утринава истрелал проектили кон Израел.
„Технолошки напредни проектили летаат над Тел Авив“, објави новинската агенција Фарс, додека иранската државна телевизија директно емитуваше снимки од Тел Авив.
Иран утрово најави дека ќе го натера Израел да зажали и плати за сите свои напади, во седмиот ден од интензивната и невидена војна меѓу двете земји.
„Иран ќе продолжи да го користи своето право на самоодбрана со гордост и храброст и ќе го натераме агресорот да зажали и да плати за својата тешка грешка“, напиша иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи на „Икс“, обвинувајќи го Израел дека сака да го прошири конфликтот во регионот и пошироко.
Израелската војска претходно објави дека изведува серија напади во Иран, вклучително и Техеран, на седмиот ден од нејзината офанзива против Исламската Република.