Свет
Дупка на озонската обвивка на Арктикот
На озонската обвивка на Арктикот се појавила „дупка“ петпати поголема од површината на Германија, соопштија денеска научниците.
На озонската обвивка на Арктикот се појавила „дупка“ петпати поголема од површината на Германија, соопштија денеска научниците.Предизвикана од големиот студ на Северниот пол, оваа огромна дупка во текот на две недели оваа година се помести над источна Европа, Русија и Монголија, поради што населението во тие делови повремено е изложено на зголемено ултравиолетово зрачење.Озонот, триатомски кислород, се формира во стратосферата каде што ги филтрира ултравиолетовите зраци кои и штета на вегетацијата и можат да предизвикаат рак на кожата или катаракта.Овој природен штит редовно е нападнат околу половите за време на зимата и пролетта, делумно заради хемикалиите што луѓето ги користат во системите за разладување и дезодорансите.Производството на тие хемикалии е забрането со Протоколот од Монтреал од 1989 година, но потребно е подолго време целосно да исчезнат.Но научниците оценуваат дека екстремниот студ е причина за уништувањето на озонот.Дупката на озонската покривка обично е многу поголема на Антарктикот отколку на Арктикот бидејќи таму е многу постудено. Досегашните истражувања покажаа дека на Северниот пол истенчувањето на озонската покривка е променлива и многу поограничена отколку во јужната хемисфера.Сателитските набљудувања во периодот од зимата 2010 до пролетта 2011 покажаа дека озонската прекривка на Арктикот е значително намалена на височина меѓу 15 и 23 километри, а најголемите загуби се регистрирани на висина од 18 и 20 километри.„Првпат толку е големо истанчувањето на прекривката што може да кажеме дека станува збор за дупка на озонската обвивка на Арктикот“, се вели во студијата објавена денеска во британскиот научен часопис „Nature“. /крај/на/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Фон дер Лајен: Европа е на раскрсница
Европската Унија мора да ги забрза своите напори кон независност за да се одбрани во светот што брзо се менува, изјави денес претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„Се наоѓаме на раскрсница. Европа претпочита дијалог и решенија, но ние сме целосно подготвени да дејствуваме, доколку е потребно, со единство, итност и решителност“, рече Фон дер Лајен во обраќањето пред Европскиот парламент, пренесува Ројтерс.
Таа истакна дека „во овој свет на растечко беззаконие, на Европа ѝ се потребни свои лостови на моќ“.
„Ги познаваме – силна економија, просперитетен единствен пазар и индустриска база, силен капацитет за иновации и технологија, обединети општества и, пред сè, вистинска способност да се одбраниме“, рече фон дер Лајен.
Таа нагласи дека е „поважно од кога било“ да се продолжи со фокусот на Украина и дека Европската Унија ќе соработува со Соединетите Американски Држави и другите партнери за зајакнување на безбедноста во арктичкиот регион.
Европа
Украинскиот министер за одбрана: Целта е да се убиваат 50.000 Руси месечно
Украина сака да „убива 50.000 Руси месечно“, изјави новиот министер за одбрана Михајло Федоров за време на прес-конференција, наведувајќи ги своите приоритети за мандатот.
Зборувајќи за своите планови во својата нова улога, Федоров рече дека има две клучни цели, од кои првата е да управува со системот.
„Управувањето мора да се гради околу луѓе кои се способни да постигнат јасно дефинирани цели. Ако некој не покаже мерливи резултати, не може да остане во системот“, рече тој.
Тој го наведе зголемувањето на руските жртви како втора стратешка цел. „Втората стратешка цел е да се убијат 50.000 Руси месечно“, рече тој. Додаде дека, според украинските податоци, минатиот месец биле убиени 35.000 руски војници и дека овие загуби биле „потврдени со снимки“.
„Ако достигнеме 50.000, ќе видиме што ќе се случи со непријателот. Тие ги гледаат луѓето како ресурс, а недостатокот на овој ресурс е веќе видлив“, нагласи тој. Москва и Киев ретко официјално ги објавуваат своите загуби. Украина проценува дека вкупните руски загуби од почетокот на целосната инвазија надминале 1.200.000 луѓе. Оваа бројка ги вклучува мртвите, ранетите и исчезнатите.
Свет
Европските лидери го коментираат Трамп во затворена група, со нив е и Зеленски
Заканата од американскиот претседател Доналд Трамп за воведување казнени царини кон секој што би се обидел да го спречи во намерата да го преземе Гренланд беше „капката што ја прелеа чашата“ за многу европски влади, пишува „Политико“, пренесе „Индекс“.
По една година напнатости од враќањето на Трамп во Белата куќа, сè погласно се зборува за неминовен трансатлантски развод. Некои европски функционери како основа за нов безбедносен сојуз без САД ја гледаат т.н. „коалиција на подготвените“.
Европските дипломати приватно го опишуваат потегот на Трамп околу суверената данска територија како „луд“ и „полудено однесување“ кое, според нив, заслужува најостра европска реакција. „Ова е преминување на црвената линија“, рекол еден европски дипломат под услов на анонимност. „САД долго ја критикуваат Европа за наводна слабост пред Трамп, и во тоа има вистина. Но постојат граници.“
Иднината без САД
Меѓу високи европски функционери преовладува уверување дека Америка под водство на Трамп повеќе не е сигурен трговски и безбедносен партнер. Се разгледува итен план за иднината на Европа без да се наслонува на САД.
„Промената во американската политика е реална и во голема мера трајна“, изјавил висок претставник на една европска влада. „Чекањето да помине нема смисла. Неопходен е организиран и координиран премин во нова реалност.“
Ова би можело да доведе до длабоки промени во западниот свет и нарушување на глобалната рамнотежа. Последиците би вклучиле економски штети од нови трговски тензии, како и зголемени безбедносни ризици. И самите САД би претрпеле последици, вклучително и загуба на пристап до европските бази и логистичка поддршка за операции во Африка и Блискиот Исток.
„Коалиција на подготвените“ како нов модел
И додека некои влади, како италијанската предводена од Џорџа Мелони, се обидуваат да ги спасат односите со Вашингтон, други веќе размислуваат за долгорочен раскин. За повеќето тоа е болно сценарио кое значи крај на 80-годишната соработка и удар врз НАТО.
Сепак, за некои иднината без САД е веќе замислена. Моделот го претставува „коалицијата на подготвените“ која ја поддржува Украина — платформа во која европски држави, вклучувајќи и земји кои не се членки на ЕУ како Велика Британија и Норвешка, делуваат ефикасно и без САД.
„Вашингтонската група“
Советниците за национална безбедност од 35 влади се во редовен контакт, а нивото на доверба меѓу нив е високо. Соработката не се одвива само на ниво на службеници – самите национални лидери исто така тесно соработуваат.
Лидерите како Кир Стармер од Обединетото Кралство, Емануел Макрон од Франција, Фридрих Мерц од Германија, како и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, комуницираат редовно, честопати во истиот групен разговор. „Кога работите почнуваат брзо да се движат, тешко е да се координираат, а овој разговор е навистина ефикасен“, рече лице запознаено со договорот.
Овој неформален договор е познат како „Вашингтонска група“, именуван по групата европски лидери кои ја посетија Белата куќа минатиот август со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Кон нов безбедносен сојуз
Моделот на „коалиција на подготвените“ би можел да стане основа за нов европски безбедносен сојуз во време кога САД се повлекуваат. Во дискусиите учествува и Зеленски, што отвора можност Украина да стане дел од новиот систем. Украина е најмилитаризирана земја во групата, со голема армија и развиена индустрија за беспилотни летала — нејзино приклучување до Франција, Германија, Полска и Велика Британија би создало моќна воена сила.
Во меѓувреме, од Брисел пристигнуваат конкретни предлози. Европскиот комесар за одбрана Андриус Кубилиус предложи формирање постојана европска армија од 100.000 војници, како и оживување на идејата за Европски совет за безбедност. Фон дер Лајен пак промовира нова Европска безбедносна стратегија.
Членките на ЕУ ќе одржат итен самит за да го координираат одговорот на заканите од Трамп. Во фокусот може да се најде и прашањето за иднината на европската безбедност. Се очекува и директен разговор со Трамп на Светскиот економски форум во Давос.
По средбите со Мерц, Макрон, Стармер и новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, фон дер Лајен изјави: „Ќе се соочиме со овие предизвици за европската солидарност со стабилност и решителност. Европа ќе застане цврсто во својата поддршка за Гренланд.“
Фото: ЕПА

