Свет
Шестмина загинати во бродска несреќа на Тајван

Најмалку шест лица загинаа, а четири се водат за исчезнати, кога еден товарен брод поради невреме се насука на северното крајбрежје на Тајван, соопштија локалните власти.
Најмалку шест лица загинаа, а четири се водат за исчезнати, кога еден товарен брод поради невреме се насука на северното крајбрежје на Тајван, соопштија локалните власти.Според полициски извори, од насуканиот танкер во морето се излеале околу 300 тони нафта, за чие чистење ќе биде потребна најмалку една година.Бродот со 21 член на посадата пловел под знамето на панама. Крајбрежните служби успеале да спасат 11 морнари. /крај/б/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Кина ќе претстави ново оружје против беспилотни летала

На 3 септември во Пекинг, на парадата по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна, Кина за прв пат ќе претстави ново микробраново оружје дизајнирано за борба против беспилотни летала.
Три системи од типот микробраново оружје со голема моќност (HPM) ќе бидат прикажани на плоштадот Тјенанмен.
Станува збор за инсталации кои емитуваат силни импулси и на тој начин ефикасно ја онеспособуваат електрониката на беспилотните летала.
Според достапните податоци, овие уреди можат да уништат роеви беспилотни летала на растојание од неколку стотици метри, а нивната примарна намена е блиска одбрана на воените бази и клучната инфраструктура од масовни напади од евтини беспилотни летала.
Извештаите од тестовите за слични технологии беа објавени во јануари оваа година, што укажува дека Кина го забрзала развојот на нова генерација оружје насочено кон електронско војување.
Во јуни, кинеските медиуми објавија и за создавање графитна ракета, специјален проектил наменет за уништување на електричните мрежи. Содржи 90 цилиндрични подмуниции кои, кога ќе ја погодат целта, ослободуваат јаглеродни нишки и предизвикуваат краток спој во високонапонските системи.
Фото: принтскрин
Свет
Мекгрегор: Трамп одби да ја финансира Украина за да го принуди Зеленски да преговара

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, одби да ја финансира Украина за да го принуди украинскиот лидер Володимир Зеленски бргу да постигне мировен договор со Русија, изјави пензионираниот полковник на американската армија, Даглас Мекгрегор.
Во интервју за јутјуб-каналот Deep Dive, тој истакна дека американскиот претседател јасно ставил до знаење дека Киев е во позиција каде што ќе мора да преговара со Москва, во спротивно ќе се соочи со последиците.
„Трамп сака мир и просперитет за двете страни во конфликтот“, рече Мекгрегор додавајќи дека новиот курс на Белата куќа е сигнал до Киев да престане да се потпира на поддршка од европските сојузници.
Според него, Трамп добро ја разбира потребата од подобрување на односите со Русија, што, како што изјави, не им се допаѓа на европските политичари. „Тој нема да го следи примерот на Европа и да ги слуша советите на британскиот премиер Кир Стармер или на францускиот претседател Емануел Макрон“, истакна Мекгрегор.
Пензионираниот полковник заклучи дека „крајно време е Киев да престане да ги слуша европските политичари и да почне мировен процес за решавање на конфликтот со Руската Федерација“.
На 25 август претседателот Трамп изјави дека САД повеќе не издвојуваат пари за помош на Украина, туку продаваат оружје исклучиво на сојузниците од НАТО, а трошоците за конфликтот, како што нагласи, ги сносат европските партнери на Киев.
Фото: принтскрин
Свет
Кина: Неразумно е да се бара наше вклучување во разговорите за нуклеарно разоружување со САД и Русија

Кина денес изјави дека е неразумно и нереално да се бара од земјата да се приклучи на разговорите за нуклеарно разоружување со САД и Русија.
Гуо Џијакун, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи, ги даде овие забелешки откога американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разговарал за контрола на нуклеарното оружје со рускиот претседател Владимир Путин и дека сака Кина да се приклучи.
„Нуклеарните сили на Кина и САД воопшто не се на исто ниво, а стратешката безбедносна средина и нуклеарните политики на двете земји сосема се разликуваат“, рече Гуо.
Кина се придржува до принципот дека нема прва да употреби нуклеарно оружје, како и до стратегијата за нуклеарна самоодбрана, рече тој, додавајќи дека Пекинг нема да учествува во трка во вооружување со која било земја.
„Земјите со најголеми нуклеарни арсенали треба сериозно да ги исполнат своите посебни приоритетни одговорности за нуклеарно разоружување“, рече Гуо.
Трамп им рече на новинарите во понеделникот, пред состанокот со јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг, дека „едно од нештата што се обидуваме да ги направиме со Русија и Кина е денуклеаризацијата и тоа е многу важно“.
„Мислам дека денуклеаризацијата е многу… тоа е голема цел, но Русија е подготвена да го стори тоа и мислам дека Кина ќе биде подготвена да го стори тоа. Не можеме да дозволиме нуклеарното оружје да се шири. Мораме да го запреме нуклеарното оружје. Моќта е преголема“, рече Трамп.
Министерот за надворешни работи на Малезија минатиот месец изјави дека Кина ќе потпише договор за забрана на нуклеарно оружје во Југоисточна Азија штом целата документација биде готова.
Фото: принтскрин