Контакт

Свет

Нобеловата награда за физика доделена за труд во космологијата (проширено)

Објавено пред

Нобеловата награда за физика за 2011 година е доделена за работа во областа на космологија – проучување на Вселената, објави во вторникот во Стокхолм, Нобеловиот комитет на Кралската шведска академија на науките.

dobivaj vesti na viber

Нобеловата награда за физика за 2011 година е доделена за работа во областа на космологија – проучување на Вселената, објави во вторникот во Стокхолм, Нобеловиот комитет на Кралската шведска академија на науките.Наградата им е доделена на американските научници Сол Перлмутер и Адам Рајс и Австралиецот Брајан Шмит за откривањето на забрзаното ширење на Вселената со набљудувањето на оддалечените ѕвезди супернова.Тројцата научници ја делат наградата за неверојатното откритие дека ширењето на Вселената се забрзува, Научниците имено уште од дваесеттите години на 20-от век знаат дека космосот се шири, то е последица од Големиот тресок кој се случил пред 14 милијарди години. Но откритието дека тој процес се забрзува а не се забавува како што многу научници сметаа, ја протресе научната јавност.  „Доколку продолжи да се забрзува ширењето, Вселената ќе се претвори во мраз’, се вели во соопштението на Нобеловиот комитет. „На крајот на светот му порачавме дека го добивме тој луд резултат, дека Вселената забрзано се шири. Тоа се чинеше прелудо за да биде вистинито и самите малку се исплашивме’, изјави Шмит на телефонската прес-конференција за новинарите по прогласувањето на годинешните добитници на Нобеловата награда за физика. Нобеловиот комитет за физика при Шведската академија на науките во соопштението објави дека ова откритие е остварено со набљудувањето на оддалечените супернови, и дека наместо светлото да станува се појасно, тоа слабеело. „Изненадувачки е заклучокот дека ширењето на космосот не се забавува, Напротив, тоа се забрзува“, стои во официјалното соопштение.Се верува дека со забрзувањето управува темната енергија, иако космолозите немаат точна претстава за тоа што таа би претставувала. Се проценува дека темната енергија, некој вид превртена гравитација која ја одбива материјата којашто и’ се приближува, зазема четвртина од Вселената.Имињата на Перлмутер, Рајс и  Шмит во текот на изминатите години, вклучително и годинава, секогаш беа посочувани како едни од најсериозните кандидати за највисоките научни награди. Така, на сегашните нобеловци во 2007 година им беше доделена  наградата Грубер, најпрестижната награда во светот во областа на космологијата.Нобеловата награда минатата година во областа на физиката им припадна на руските научници кои работат во Велика Британија, Андреј Гејм и Константи Новоселов, за нивната работа на графин (единица на одреден систем за пишување). .Во среда, Комитетот ќе ги објави и добитниците или добитникот на Нобеловата награда за Хемија.Нобеловата награда изнесува 10 милиони шведски круни – односно милион евра. Церемонијата на врачување на наградите ќе се одржи во Стокхолм и во Осло на 10 декември, на денот на смртта основачот на престижната награда Алфред Нобел (1833 -1896), шведскиот пронаоѓач, индустријалец, научник философ и хуманист.Половината од наградата ја доби Перлмутер а другата половина ја делат Рајс и Шмид, соопшти Шведската академија на науките. Американецот Перлмутер ќе добие околу половина милион евра, а втората половина ќе ги поделат дригат аекипа којашто се занимава со истиот проблем – Австралиецот роден во САД  Шмит и Американецот Рајс./крај/рн/ро/сн

Свет

Кремљ: Путин не сака да ја освои цела Украина и да го обнови Советскиот Сојуз

Објавено пред

Од

Кремљ соопшти дека американските разузнавачки агенции грешат ако веруваат дека рускиот претседател Владимир Путин сака да ја преземе цела Украина и делови од Европа што некогаш беа дел од поранешниот Советски Сојуз.

dobivaj vesti na viber

„Ројтерс“ минатата недела објави, повикувајќи се на шест неименувани извори, дека извештаите на американските разузнавачки агенции продолжуваат да предупредуваат дека Путин не се откажал од својата цел да ја освои цела Украина и да ги преземе деловите од Европа што некогаш беа дел од поранешниот советски блок.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, им рече на новинарите дека Москва не знае колку се веродостојни изворите што ги цитира „Ројтерс“.

„Ако извештајот е точен, тогаш заклучоците на американските разузнавачки агенции се погрешни. Тоа апсолутно не е вистина“, рече Песков за заклучоците на разузнавачките агенции.

Путин испрати десетици илјади војници во Украина во февруари 2022 година, а руските сили сега контролираат околу една петтина од земјата. Некои европски и украински лидери го обвинија Путин дека има амбиции надвор од Украина.

Рускиот претседател никогаш јавно не изјавил дека сака да ја освои цела Украина, но постојано повторува дека руските сили ќе заземат поголем дел од Украина ако Киев не се согласи да го отстапи преостанатиот дел од Донбас во источна Украина, кој сè уште е под украинска контрола.

Москва го гледа проширувањето на НАТО кон исток, кое сега ги вклучува земјите од Источна Европа кои беа дел од советскиот блок по Втората светска војна, како закана за Русија.

Путин изјави дека не сака да го обнови Советскиот Сојуз или да нападне членка на НАТО. Овој месец тој рече дека Русија не сака војна со Европа, но дека ако Европа започне војна, Русија ќе биде подготвена.

Прикажи повеќе...

Свет

„Од Украина до Молдавија, од Западен Балкан до Турција“: кои се приоритетите на претседавањето на Кипар со Европската Унија

Објавено пред

Кипарскиот претседател Никос Христодулидис вчера во Лефкара ги претстави програмата и приоритетите на претседавањето на земјата со ЕУ од 1 јануари, како и логото и мотото на претседавањето.

dobivaj vesti na viber

Приоритетите на кипарското претседавање ќе бидат автономија преку безбедност, одбранбена подготвеност и спремност, автономија преку конкурентност, автономност и отвореност кон светот, автономна Унија на вредности која никого не остава на страна, како и долгорочен буџет на автономна Унија.

Во согласност со овие приоритети, мотото на кипарското претседавање „Автономна Унија. Отворена кон светот“, како што се наведува на официјалната веб-страница на кипарското претседавање со ЕУ, го одразува визионерскиот пристап кој ја комбинира внатрешната сила и независност со отвореност, соработка и глобален ангажман.

Во рамки на третиот приоритет – автономна и кон светот отворена Унија – се нагласува дека проширувањето на ЕУ е во центарот на овој процес, пренесе агенцијата „Бета“.

„Од Украина до Молдавија, од Западен Балкан до Турција, проширувањето е најмоќното геополитичко средство на ЕУ. Во суштина, станува збор за проширување на нејзиниот витален простор на безбедност, стабилност и можности“, се наведува.

Претставувајќи ги приоритетите, Христодулидис изјави дека Европа и во минатото се соочувала со сложени, па дури и егзистенцијални кризи и дека морала да одговори преку развој, додавајќи дека новина денес се интензитетот, плурализмот и комплексноста на предизвиците.

„Автономијата е следниот чекор во еволуцијата на проектот на европската интеграција. Потребна ни е Европа без поделби“, истакна кипарскиот претседател.

За време на своето второ претседавање со ЕУ, Кипар, како што е најавено, ќе дејствува како одговорен и чесен посредник и ќе соработува тесно со Европскиот парламент и Европската комисија, со цел предизвиците да се претворат во можности и да се обезбеди амбициите да бидат проследени со конкретни активности и опипливи резултати.

Со кипарското претседавање ќе заврши осумнаесетмесечниот програм на триото претседавања на Полска, Данска и Кипар.

На крајот на јуни следната година, Кипар ќе го предаде ротирачкото шестмесечно претседавање со Советот на Европската Унија на Ирска.

Фото: depositphotos

Прикажи повеќе...

Свет

ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија за уште шест месеци

Објавено пред

Од

Советот на ЕУ денес ги продолжи економските санкции против Русија поради нејзината агресија врз Украина за уште шест месеци.

dobivaj vesti na viber

Санкциите, кои се продолжени до 31 јули следната година, опфаќаат широк спектар на секторски мерки што вклучуваат ограничувања за трговија, финансии, енергетика, технологија и стоки со двојна намена, индустрија, транспорт и луксузни стоки.

Тие исто така вклучуваат забрана за увоз или транспорт на сурова нафта и одредени нафтени производи од Русија во ЕУ, суспензија на пристап до SWIFT за неколку руски банки и суспензија на емитување и лиценци во Европската Унија за неколку руски медиуми.

Мерките исто така ѝ овозможуваат на ЕУ да се спротивстави на заобиколувањето на санкциите. Санкциите со кои се замрзнуваат средствата на Руската централна банка беа продолжени со посебна одлука пред неколку дена до понатамошно известување и повеќе не мора да се обновуваат на секои шест месеци.

Покрај економските санкции, ЕУ воведе голем број мерки против Русија, како што се ограничувања на економските односи со Крим и со областите што не се контролирани од украинската влада во Донецк, Херсон, Луганск и Запорожје, како и мерки против физички и правни лица чии средства се замрзнати и патување во ЕУ.

фото/депозитфотос

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Мицкоски: Зголемувањето на минималната плата мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавачите

Целта на Владата е да создаде посилна економија која отвора нови работни места и обезбедува достоинствен животен стандард за секој...

Македонија2 часа

Трамп менува 30 амбасадори, меѓу кои и Агелер

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп заменува 30 дипломати од кариера од амбасадорски и од други позиции во амбасадите, меѓу...

Македонија3 часа

Македонија трета во Европа по убиства на жени од партнер или член на семејство

Македонија се најде на третото место во Европа според стапката на убиства на жени извршени од партнер или член на...

Европа4 часа

(Видео) Руски генерал убиен во Москва

Руски генерал е убиен во експлозија во Москва, потврдија руските власти. Рускиот истражен комитет соопшти дека генерал-потполковник Фанил Сарваров е...

Топ4 часа

Американски државјанин истепал полицаец пред ноќен клуб во Градскиот парк: кај Американецот пронајдени поголемо количество оружје и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против американски државјанин со потекло од Нигерија, бидејќи по преземени...

Свет5 часа

(Видео) Сојузник на Трамп: Ако Путин го отфрли мировниот договор, мора да одиме до крај

Републиканскиот американски сенатор и сојузник на претседателот Доналд Трамп, Линдзи Греам, изјави дека Вашингтон треба драстично да го зголеми притисокот...

Европа6 часа

Батлер во Елисејската палата крадел садови и порцелан: сакал да ги продаде на интернет

Главниот послужувач задолжен за среброто во Елисејската палата е уапсен под сомнение за кражба на вредни садови и порцелан, а...

Свет6 часа

Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека го назначува гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, за специјален пратеник за Гренланд. „Џеф...

Македонија6 часа

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри...

Свет15 часа

Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица...

Македонија19 часа

Доктор Беќаровски советува: Како да се заштитиме во денови на екстремно загадување

Во денови кога концентрациите на ПМ 2.5 и ПМ 10 честичките се енормно високи, а загадениот воздух станува сериозна закана...

Македонија22 часа

МВР апелира до возачите да внимаваат поради маглата

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска упати апел до сите учесници во сообраќајот крајно внимателно да ги управуваат своите возила...

Топ1 ден

Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш

Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи...

Македонија1 ден

Скопје утрово го сруши рекордот, најзагаден град е во Европа

Скопје утрово се најде на 21. место на најзагадени градови светот и прв во Европа, покажуваат податоците на светскиот сервис на мерење...

Македонија1 ден

АХВ откри над 2 тони киви со ларви и инсекти кои требало да се продаваат во државава

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство,...

Свет1 ден

Поради зимата во Газа умираат бебиња и деца, повик до Израел да дозволи помош

Организацијата „Лекари без граници“ (Médecins Sans Frontières – MSF) вчера предупреди дека бебиња и деца во Појасот Газа умираат од...

Македонија2 дена

Родителите на починатите деца од „Пулс“ бараат новиот јавен обвинител да го преиспита случајот

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска на 34. Марш за ангелите во Кочани побараа проширување на истрагата, утврдување...

Македонија2 дена

Откажани летови и отежнат авиосообраќајот на скопскиот аеродром поради маглата

Како резултат на ниската видливост предизвикана од густата магла што ја зафати скопската котлина денеска до 14 часот на Меѓународниот...

Македонија2 дена

Почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас

Денес на 75 години, почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас кај нас. Откако неодамна Перо...

Македонија2 дена

На едно семејство со четири члена му биле потребни близу 1.100 евра за да го помине декември

Вредноста на синдикалната минимална кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за декември годинава изнесува 65.492 денари...