Свет
Медведев: Луѓето како Стив Џобс го менуваат светот
Рускиот претседател Дмитриј Медведев изрази сочувство на семејството, пријателите и почитувачите на основачот на корпорацијата „Apple“, Стив Џобс, кој почина утрово по долго боледување.
Рускиот претседател Дмитриј Медведев изрази сочувство на семејството, пријателите и почитувачите на основачот на корпорацијата „Apple“, Стив Џобс, кој почина утрово по долго боледување. „Луѓето како Стив Џобс го менуваат нашиот свет. Моето искрено сочувство до семејството и сите оние кои се восхитуваат на неговата интелигенција и талент“, напиша рускиот претседател Медведев на неговиот микроблог на Твитер.Рускиот претседател беше личен пријател со Стив Џобс. Минатата година, за време на посетата на Медведев на САД, тој ја посети и Силиконската долина. Тогаш претседателот стана првиот во Русија сопственик на моделот смартфон iPhone од четвртата генерација, кој Медведев го доби како личен подарок од Стив Џобс./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бесент за Гренланд: Европа праќа војници, САД нема да ја препуштат безбедноста
Американскиот министер за финансии Скот Бесент на конференција во Давос порача дека САД спроведуваат „ребаланс на меѓународната трговија“, кој, според него, одамна бил потребен. Според податоците за октомври, трговскиот дефицит на САД е на најниско ниво од 2009 година.
Бесент рече дека светот е побезбеден кога Америка е силна.
На прашањето за ризиците од трговска војна со Европа и прашањето за Гренланд, Бесент одговори дека не е сигурен „каква порака испраќаат тие осум европски земји што испраќаат војници на Гренланд“.
Тој ја обвини Велика Британија дека ја изневерила Америка поради базата на Диего Гарсија, која ја предава на Маурициус. Рече дека САД нема да ја препуштат својата безбедност на други.
Бесент жестоко го нападна гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, кој претходно го нарекол арогантен. „Можеби е единствениот човек во Калифорнија што знае помалку за економија и од Камала Харис“, рече Бесент.
Го обвини Њусом дека во Давос е со својот „богат спонзор Алекс Сорос“, додека Калифорнија има најголема популација на бездомници во САД.
Свет
Белорусија ја прифаќа поканата на Трамп – ќе се приклучи на „Одборот за мир“
Белорускиот претседател Александар Лукашенко потпишал документ со кој официјално ја прифаќа иницијативата на американскиот претседател Доналд Трамп за приклучување на Белорусија кон новоформираниот „Одбор за мир“, јави државната новинска агенција БелТА, пренесена од „Европска правда“.
„Подготвени сме да бидеме основачи“, изјави Лукашенко, истакнувајќи дека членството не бара никаква парична уплата, спротивно на гласините дека се бара милијарда долари. „Овие болни луѓе пак полудеа. Само треба да го прочитате документот. Пари не се бараат“, рече тој.
Според „Блумберг“, администрацијата на Трамп барала милијарда долари од земјите што сакаат постојано место во „Одборот за мир“, кој во Вашингтон се разгледува како можна алтернатива на Обединетите нации. Повик за приклучување добиле Русија, Белорусија, Канада и неколку европски земји.
Според документот, статутот на одборот ќе се спроведува според процедурите утврдени во писмото на Трамп.
Свет
Трамп и Ердоган разговарале за ситуацијата во Сирија и Газа
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за развојот на настаните во Сирија и Газа, соопшти кабинетот на турскиот претседател.
Сиријската влада, која добива поддршка од Турција, по неколкудневни судири со курдските Сиријски демократски сили (СДФ), сојузници на САД, објави прекин на огнот. Сирија им дала на СДФ четири дена за интеграција во централната држава.
Трамп и Ердоган разговарале и за борбата против Исламска држава и за судбината на нејзините затвореници во сириските затвори. Турција ја смета СДФ за терористичка организација поврзана со ПКК, група што води долгогодишна вооружена борба против турската држава.
Трамп го поканил Ердоган да се приклучи на американската иницијатива „Одбор за мир“ за Газа. Ердоган се заблагодарил и рекол дека Турција ќе продолжи да соработува со САД по тоа прашање. Одборот е одобрен од Советот за безбедност на ОН и има за цел да воспостави меѓународни стабилизациски сили во Газа.

