Свет
Расмусен: НАТО ќе остане во Авганистан и по 2014-та
Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, нагласи дека странските војници нема да го напуштат Авганистан и по целосното предавање на безбедноста на авганистанските сили кон крајот на 2014 година.
Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, нагласи дека странските војници нема да го напуштат Авганистан и по целосното предавање на безбедноста на авганистанските сили кон крајот на 2014 година.„Да нема недоразбирање, транзицијата не е заминување. Ние нема да заминеме кога Авганистанците ќе ја преземат водечката улога“, најави Расмусен во четвртокот, по дводневниот самит на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО во Брисел.Шефот на НАТО додаде дека странските воени сили предводени од САД ќе бидат ангажирани на продожувањето на своето присуство во Авганистан и по 2014 година со цел да не остават зад себе „безбедносен вакуум“.Расмусен изјави дека претстојната меѓународна конференција за Авганистан ќе се одржи во германскиот град Бон во почетокот на декември, од каде ќе биде испратена пораката дека „ние нема да го напуштиме Авганистан“.“Странски војници ќе бидат задолжени за обуката на авганистанските безбедносни сили и по 2014 година за кога беше планирано нивното повлекување. Расмусен тврди, додавајќи дека секоја одлука за тоа колку странски војници треба да го продолжат престојот во Авганистан ќе зависи од безбедносната ситуација на крајот од 2014 година.Денеска, на 7-ми октомври, се одбележува десетгодишнината од американската инвазија на Авганистан во 2001 година, со којашто беше соборен режимот на талибаните. Сепак, и покрај големиот ангажман на меѓународната коалиција предводена од САД и НАТО, се чини дека безбедносната ситуација во земјата воопшто не е подобрена, особено последните години кога драстично се зголемени бројот на нападите на исламистичките бунтовници а постојано расте и бројот на загинатите странски војници. Во последната година во Авганистан е забележано 40 проценти поголемо насилство во однос на истиот период во 2010 година, се вели во извештај на ОН, објавен денеска.И покрај присуството на 140.000 војници на НАТО, од кои две третини се американски, талибаните значително го засилија востанието и ги проширија герилските акции низ речиси целата држава, при тоа зголемувајќи го и бројот на самоубиствени напади во престолнината Кабул.Во тромесечниот извештај на Советот за безбедност, генералниот секретаријат на Обединетите нации наведува дека во текот на првите осум месеци на 2011 година имало просечно по 2.108 инциденти месечно, што претставува зголемување од 39 проценти споредено со првите осум месеци во 2010 година.Две третини од тие напади се концентрирани на југот и на југоистокот на земјата, региони познати како упоришта на талибаните и на другите бунтовнички групи.Бројот на цивили убиени во текот на летото се зголеми за пет проценти во однос на летниот период во 2010 година, се вели во извештајот. Според Мисијата на ОН во Авганистан, од јуни до август 2011 година се убиени 971 цивил.Но и покрај тоа, првиот човек на НАТО во четвртокот во Брисел инсистираше на тоа дека безбедносната ситуација е подобрена и дека бројот на талибанските напади е намален, тврдење што е во драстичен расчекор со споменатиот неодамнешен извештај на ОН./крај/ап/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху ја прифати поканата на Трамп до „Одборот на мирот“ за обнова на Газа
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја прифати поканата од американскиот претседател Доналд Трамп да се приклучи во „Одборот на мирот“ задолжен за обнова на Газа, објави неговиот кабинет.
Иницијативата е дел од планот на Трамп за формирање комитет кој подоцна би можел да се прошири за решавање на други конфликти.
Сугестијата на Трамп дека комитетот „може“ да ги замени Обединетите нации предизвика загриженост во меѓународната заедница, како и нацрт-повелбата што ја доби Си-ен-ен, според која Трамп би останал претседател на одборот на неодредено време.
Трамп испрати покани до лидерите на десетици земји во последните денови, вклучувајќи ги Русија и Кина, и се очекува да одржи церемонија на потпишување во Давос оваа недела, според извори на Си-Ен-Ен.
Свет
Дефект на авионот на Трамп: Светлата се изгаснаа по полетувањето, па се врати во САД
„Ер Форс Уан“, во кој се наоѓаше претседателот Трамп, мораше да се врати во Мериленд кратко по полетувањето поради, како што изјавија претставници на Белата куќа, „мал електричен проблем“. Авионот се упатил кон Давос, Швајцарија, а Трамп го продолжил своето патување со друг авион околу еден час подоцна, објави CBS News.
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, им изјави на новинарите дека екипажот забележал „мал електричен проблем“ по полетувањето од заедничката база Ендрус и одлучил да се врати како мерка на претпазливост. „Ер Форс Уан“ слета назад во базата во 23:07 часот по локално време.
Новинарите во авионот забележале дека светлата во нивната кабина се изгаснале кратко по полетувањето, но не било дадено никакво објаснување.
Потоа Трамп се качил на друг авион, кој полетал околу полноќ. Според „Асошиејтед Прес“, авионот е „Ер Форс Ц-32“, модифицирана верзија на „Боинг 757“, кој претседателот вообичаено го користи за домашни патувања и слетувања на помали аеродроми.
Свет
(Видео) Американски специјалци упаднаа во уште еден танкер, објавена е снимка
Американските сили ја презедоа контролата врз танкер за нафта во Карипското Море, соопшти војската.
Моторниот брод „Сагита“ ја прекрши блокадата што ја воведе претседателот Трамп врз санкционираните танкери, објави Јужната команда на САД (SOUTHCOM) на платформата X.
Through #OpSouthernSpear, the @DeptofWar is unwavering in its mission to crush illicit activity in the Western Hemisphere in partnership with @USCG, @DHSgov and @TheJusticeDept.
This morning, U.S. military forces, in support of the Department of Homeland Security, apprehended… pic.twitter.com/UPADtiw681
— U.S. Southern Command (@Southcom) January 20, 2026
САД се решени да „обезбедат единствената нафта што ја напушта Венецуела да биде онаа што е координирана на соодветен и законски начин“, соопшти САУТКОМ, додавајќи дека операцијата е спроведена „без инциденти“.

