Контакт

Свет

Оланд и Обри во вториот круг од изборите на француските социјалисти

Објавено пред

Умерениот левичарски пратеник Франсоа Оланд води на внатрепартиските избори што во неделата ги одржаа француските социјалисти за да го изберат својот претседателски кандидат

dobivaj vesti na viber

Умерениот левичарски пратеник Франсоа Оланд води на внатрепартиските избори што во неделата ги одржаа француските социјалисти за да го изберат својот претседателски кандидат, со 40 отсто од гласовите, додека на второто место е претседателската на Социјалистичката партија Мартина Обри со 30 отсто по прелиминарното пребројување на повеќе од милион гласови.

Социјалистичката партија на Франција по трите изборни пораза, ги огранизираше овие внатрепартиски избори по урнекот на американските, за да го избере својот претседателски кандидат кој ќе му се спротистави на актуелниот претседател Николас Саркози, на претседателските избори во 2012 година.

На овие отворени предизбори можеше да гласа секој лево ориентиран избирач кој уплати едно евра. На изборите коишто се одржаа во неделата, на повикот на социјалистите на гласачките места излегоа 1,5 милион гласачи.

Социјалистичката партија понуди 10 илјади избирачки места, а ниеден гласач не мораше да мине повеќе од 10 километри до местото на кое ќе гласа.

Доколку резултатите од изборите бидат потврдени, следната недела ќе биде одржан и вториот круг од овие внатрепартиски избори , имајќи предвид дека ниеден од шесте кандидати во првиот круг не освои повеќе од половина од гласовите на излезените избирачи.

Оланд со 40 отсто освоени гласови е фаворит за вкупна победа, а ќе му се спротистави 61-годишната лидерка Обри, градоначалничката на Лил и ќерка на поранешниот претседател на Европската Комисија, Жак Делор, која во првиот круг освои 30 отсто од гласовите.

На трето место со 17 отсто од гласовите го освои 48-годишниот Арно Монтебур, еден од лидерите на француската левица кој се залага за деглобализација – „демондијализација“, облик на европскиот протекционизам кој има цел да го запре слабеењето на индустријата во Франција.

Сеголен Ројал којашто како кандидат на социјалистите во 2007 година беше поразена од Саркози, оствари многу лош резултат, околу 7 отсто и е пред Мануел Валис претставник на десното крило на социјалистите кој освои пет отсто од гласовите./крај/афп/сн

Свет

Нетанјаху ја прифати поканата на Трамп до „Одборот на мирот“ за обнова на Газа

Објавено пред

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја прифати поканата од американскиот претседател Доналд Трамп да се приклучи во „Одборот на мирот“ задолжен за обнова на Газа, објави неговиот кабинет.

dobivaj vesti na viber

Иницијативата е дел од планот на Трамп за формирање комитет кој подоцна би можел да се прошири за решавање на други конфликти.

Сугестијата на Трамп дека комитетот „може“ да ги замени Обединетите нации предизвика загриженост во меѓународната заедница, како и нацрт-повелбата што ја доби Си-ен-ен, според која Трамп би останал претседател на одборот на неодредено време.

Трамп испрати покани до лидерите на десетици земји во последните денови, вклучувајќи ги Русија и Кина, и се очекува да одржи церемонија на потпишување во Давос оваа недела, според извори на Си-Ен-Ен.

Прикажи повеќе...

Свет

Дефект на авионот на Трамп: Светлата се изгаснаа по полетувањето, па се врати во САД

Објавено пред

„Ер Форс Уан“, во кој се наоѓаше претседателот Трамп, мораше да се врати во Мериленд кратко по полетувањето поради, како што изјавија претставници на Белата куќа, „мал електричен проблем“. Авионот се упатил кон Давос, Швајцарија, а Трамп го продолжил своето патување со друг авион околу еден час подоцна, објави CBS News.

dobivaj vesti na viber

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, им изјави на новинарите дека екипажот забележал „мал електричен проблем“ по полетувањето од заедничката база Ендрус и одлучил да се врати како мерка на претпазливост. „Ер Форс Уан“ слета назад во базата во 23:07 часот по локално време.

Новинарите во авионот забележале дека светлата во нивната кабина се изгаснале кратко по полетувањето, но не било дадено никакво објаснување.

Потоа Трамп се качил на друг авион, кој полетал околу полноќ. Според „Асошиејтед Прес“, авионот е „Ер Форс Ц-32“, модифицирана верзија на „Боинг 757“, кој претседателот вообичаено го користи за домашни патувања и слетувања на помали аеродроми.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Американски специјалци упаднаа во уште еден танкер, објавена е снимка

Објавено пред

Американските сили ја презедоа контролата врз танкер за нафта во Карипското Море, соопшти војската.

dobivaj vesti na viber

Моторниот брод „Сагита“ ја прекрши блокадата што ја воведе претседателот Трамп врз санкционираните танкери, објави Јужната команда на САД (SOUTHCOM) на платформата X.

САД се решени да „обезбедат единствената нафта што ја напушта Венецуела да биде онаа што е координирана на соодветен и законски начин“, соопшти САУТКОМ, додавајќи дека операцијата е спроведена „без инциденти“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

(Видео) Американски специјалци упаднаа во уште еден танкер, објавена е снимка

Американските сили ја презедоа контролата врз танкер за нафта во Карипското Море, соопшти војската. Моторниот брод „Сагита“ ја прекрши блокадата...

Свет2 часа

(Видео) Трамп го прашаа колку далеку е спремен да оди за Гренланд: „Ќе дознаете“

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера одби да прецизира колку далеку е спремен да оди во својот обид САД да го...

Европа2 часа

(Видео) Нова железничка несреќа во Шпанија: машиновозачот загина, 37 повредени

Машиновозачот загина, а најмалку 37 лица се повредени во железничка несреќа во близина на Барселона. Според локалните власти, возот Родалиес...

Македонија2 часа

Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан

Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ....

Македонија16 часа

Полицијата ја тргнала плочката, а зад неа – 350.000 евра скриени во ѕидот: детали за падот на судијата

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднела кривична пријава против судијата Ѓоко Ристов (53)...

Македонија17 часа

МВР алармира: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“, и да не споделуваат лични податоци

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку...

Македонија19 часа

Јаневска: Колку повеќе децата се во училиште, толку е поголем нивниот резултат

Македонските ученици до 15-годишна возраст поминуваат дури 900 часови помалку во училишните клупи во споредба со нивните врсници од Европската...

Македонија19 часа

Обвинителството побара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов осомничен за корупција

Обвинителството побара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов осомничен за корупција, кај кого беа пронајдени 350.000 евра соѕидани во ѕид...

Македонија19 часа

Се зголемуваат цените на бензините и дизелот

Цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ ќе се зголемат за 1,5 и за 2 денари, соопшти...

Македонија20 часа

Анел Фидоски нов шеф на скопското јавно обвинителство

На денешната седница на Советот на јавни обвинители, Анел Фидоски е избран за нов шеф на Основното јавно обвинителство Скопје....

Македонија21 час

(Видео) СДСМ обвини дека „Алфа“ не е само медиум туку политички проект: „Како и во времето на Груевски, повторно функционира како центар за црни кампањи“

Денеска, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, на прес-конференција објави ново разоткривање на Антикорупцискиот тим – АКТ. Тој...

Свет21 час

Лавров: Гренланд не е природен дел од Данска

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, го коментираше конфликтот меѓу САД и Европа околу иднината на Гренланд, доведувајќи го...

Топ23 часа

Сакале насилно да влезат во затворена гостилница па го истепале сопственикот: 30-дневен притвор за двајца осомничени

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека заеднички...

Свет24 часа

Трамп објави фотографија и порача: Мора да го добиеме Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп го повтори своето барање да ја преземе контролата врз Гренланд, автономна данска територија. Зборувајќи со новинарите...

Свет1 ден

(Видео) Снежна бура во САД: верижен судир на повеќе од 100 возила

Повеќе од 100 возила се судрија или излетаа од меѓудржавен пат во Мичиген, САД, во снежна бура. Полицијата објави дека...

Свет1 ден

Данска со предупредување за одбраната на Гренланд: Воен конфликт со САД е реална можност

Копенхаген предупреди дека евентуалниот обид на САД да ја преземат контролата врз Гренланд со сила би довел до директен воен...

Свет1 ден

Поранешен советник на Трамп: Гренланд ќе остане Гренланд

Доналд Трамп нема да може да го принуди Гренланд да биде продаден на САД, изјави за Би-би-си поранешен висок советник...

Европа1 ден

(Видео) Русија го нападна Киев: делови од градот останаа без греење во студена ноќ

Русија ги нападна Киев и другите украински градови преку ноќ со балистички ракети и беспилотни летала, додека земјата се бори...

Свет1 ден

120 членови на Исламска држава избегаа од затвор во Сирија

Сирискиот министер за внатрешни работи изјави дека околу 120 припадници на Исламска држава избегале од затвор во градот Шадади, откако...

Свет1 ден

Австралија затвора десетици плажи поради напади од ајкули

Десетици плажи долж источниот брег на Австралија, вклучувајќи го и Сиднеј, се затворени по четири напади од ајкули во последните...