Свет
Бројот загинати во судирите во Каиро се ближи кон 40
Бројот загинати во судирите од неделата навечер кои избувнаа меѓу христијаните и припадниците на воената полиција, во центарот на египетската престолнина Каиро, достигна 36, соопшти во понеделникот попладне сателитската телевизија Al Arabia, повикувајќи се на извори од министерството за здравство.
Бројот загинати во судирите од неделата навечер кои избувнаа меѓу христијаните и припадниците на воената полиција, во центарот на египетската престолнина Каиро, достигна 36, соопшти во понеделникот попладне сателитската телевизија Al Arabia, повикувајќи се на извори од министерството за здравство. Претходно беше јавено за 24 загинати и 213 повредени.Коригирана е, исто така, е и бројката повредени, којашто сега е зголемена за стотина лица и изнесува 327 ранети.Меѓу настраданите и повредените преовладуваат цивили, а според египетската државана телевизија, во безредијата се убиени најмалку тројца полицајци. Во неделата, на платото пред зградата на Сојузот на телевизиски и радио станици на Египет се собраа десетици илјади христијани. Тие бараа оставка до гувернерот на провинцијата Асуан, бидејќи не обезбедил заштита на правата на христијаните.Директната причина за масовните протести на христијанските Копти што ги зафати сите поголеми египетски градови, беше религиозниот конфликти во село Ел Марејинаб во близина на градот Асуан во јужниот дел од државата. Радикалните муслимани таму минатата седмица ја ограбиле и запалиле локалната црква. Гувернерот на Асуан по инцидентот во Ел Марејинаб изјави дека тамошната црква била изградена без дозвола и нема да биде обновена, што го предизвика гневот на христијаните.Христијаните коишто протестираа поради нападот врз нивна црква фрлаа камења врз припадниците на воената полиција и Молотови коктели со кои ги палеа возилата на армијата. На мостот во центарот на Каиро стотици луѓе имаа меѓусебна пресметка со палки, а потоа протестите се проширија на централниот легендарен каирски плоштад Тахрир, каде војската воведе полициски час. Плоштадот Тахрир инаку беше центар на бунтот против Мубарак во февруари годинава.Според египетското министерството за правда, истрагата за безредијата во центарот на Каиро ќе ја води Воениот обвинител, а учесниците во судирот ќе бидат изведени пред воениот суд.Христијаните – копти коишто сочинуваат 10 отсто од 80-те милиони Египќани, протестираа обвинувајќи ги радикалните муслимани дека минатата седмица ја оштетиле осквернавиле црквата во покраината Асуан. Тие бараа оставка од локалниот гувернер поради тоа што не обезбедил заштита за црквата.Тензиите меѓу христијаните и муслиманите во Египет, денеска се зголемени, по синоќешните протести, пишуваат локалните медиуми.Египетската влада повика на смирување на ситуацијата. Премиерот Есам Шараф изјави дека разговарал со безбедносните и црковните власти за да не дојде до ескалација на судирите. Тој вети истрага за причините за судирите.Бидејќи судирите избија само неколку седмици пред одржувањето на првиот круг од парламентарните избори за 28-ми ноември, демократските активисти се загрижени дека војската ќе ја задржи власта и по изборите.Врховниот совет на вооружените сили на Египет, кој управува со земјата од повлекувањето на поранешниот претседател Хосни Мубарак, во неделата ги одобри измените на законот за парламентарните избори, на што повикуваа политичките партии.Египетските христијани беа во фокусот на светските медиуми, и на почетокот од годинава, откако одекна експлозија на новогодишната ноќ во близина на црква на христијанските Копти во вториот по големина град на Египет, Александрија, при што загинаа вкупно 23 лица а околу стотина се повредени.По експлозијата египетските власти преземаа низа мерки за да го сочуваат единството меѓу христијаните и муслиманите во земјата. Голем број познати јавни личности, новинари и политичари кои го исповедаат исламот, заедно со христијаните учествуваа на прославата на Божик кој во египетските коптски цркви беше прославен на 7 јануари. Египетските државници повторуваат дека експлозијата во црквата не е насочена против христијаните, туку против целото египетски општество и државата./крај/афп/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Трамп го прашаа колку далеку е спремен да оди за Гренланд: „Ќе дознаете“
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера одби да прецизира колку далеку е спремен да оди во својот обид САД да го добијат Гренланд, откако новинарите го прашаа за тоа на брифингот во Белата куќа по повод неговата прва година на функцијата.
REPORTER: "How far are you willing to go to acquire Greenland?"
TRUMP: "You'll find out." pic.twitter.com/pWN8YC8GFS
— Fox News (@FoxNews) January 20, 2026
„Ќе дознаете“, одговори Трамп отсечно кога го прашаа колку далеку е спремен да оди Вашингтон во процесот.
Неговите коментари доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу САД и Европа, бидејќи Трамп повторно го засили притисокот околу Гренланд, наведувајќи безбедносни проблеми и се закани дека ќе воведе нови царини за европските земји.
Претседателот на САД најави царина од 10 проценти за стоки од осум европски земји додека не се постигне договор за она што тој го нарече „целосно купување на Гренланд“.
Европа
(Видео) Нова железничка несреќа во Шпанија: машиновозачот загина, 37 повредени
Машиновозачот загина, а најмалку 37 лица се повредени во железничка несреќа во близина на Барселона.
Според локалните власти, возот Родалиес удрил во потпорен ѕид што се урна на пругата помеѓу Гелида и Сант Садурни. Се верува дека четири лица се во критична состојба, изјави портпаролот на регионалната противпожарна служба, Клауди Гаљардо, за новинарите.
Единаесет амбулантни возила се испратени на местото на несреќата во Гелида, околу 35 километри западно од Барселона, потврдија службите за итни случаи. Локалната противпожарна служба соопшти дека 35 противпожарни екипи се испратени на местото на несреќата.
Повредените се однесени во блиските болници. Лошото време го стави поголемиот дел од брегот во источна и северозападна Шпанија под висока тревога. Снежни бури беа пријавени и во шпанските Пиринеи, а силни бури беа пријавени покрај брегот на Менорка, каде што брановите достигнаа висина од неколку метри.
Несреќата во Каталонија се случи само два дена по сериозниот судир помеѓу два брзи воза во Адамуз, Андалузија. Најмалку 42 лица загинаа во таа несреќа кога вагоните на воз што се движеше кон Мадрид излетаа од шините, преминаа на спротивната пруга и се судрија со брз воз што доаѓаше од спротивната насока.
Европа
(Видео) Русите погодија сопствена зграда со ракета, објави „Киев Индепендент“
Според извештаи од очевидци и снимки објавени на социјалните медиуми, руска противвоздушна ракета погодила станбена зграда. Инцидентот се случил за време на украински напад со беспилотни летала, за кој руските власти предупредија со издавање повеќекратни предупредувања за ракети за регионот, објавува The Kiev Independent.
Russian air defense missile hits residential buildings in Russia’s Krasnodar region – aftermath footage. https://t.co/Yeq3rrjdkG pic.twitter.com/rLQ8tjR1xU
— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) January 20, 2026
Жителите пријавиле експлозии во текот на ноќта, а снимките биле објавени на руските канали на Телеграм, на кои се гледа како воздушната одбрана дејствува над градот. Едно видео наводно го прикажува моментот кога руска противвоздушна ракета паѓа врз градот.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека соборило 48 украински дронови во текот на ноќта, без да го прецизира вкупниот број на лансирани дронови. Градоначалникот на Ростов на Дон, Александар Скрјабин, го потврди пожарот во станбена зграда, но рече дека бил предизвикан од остатоци од украински дрон.
Од друга страна, гувернерот на Ростовската област, Јуриј Сљусар, објави дека еден човек загинал откако еден стан се запалил, а четири лица, вклучувајќи и четиригодишно дете, биле повредени во Ростов на Дон и неговите предградија.

