Свет
Тимошенко прогласена за виновна

Судот во Киев денеска ја прогласи за виновна поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко бидејќи, како премиерка ги злоупотребила овластувањата во криминални цели при потпишувањето на договорот за гас со Русија.
Судот во Киев денеска ја прогласи за виновна поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко бидејќи, како премиерка ги злоупотребила овластувањата во криминални цели, при потпишувањето на договорот за гас со Русија.
„Во јануари 2009 година, Јулија Тимошенко, како примиер ја искористила својата полжба и законските прерогативи во криминални цели и направила дела кои јасно отстапуваат од нејзините овластувања“ изјавил судијата.
Судијата се уште не ја изрекол должината на казната, но Тимошенко за ова дело би можела да биде осудена на седум години затвор.
Тимошенко веднаш ја критикуваше одлуката на судот, наведувајќи дека се работи за „монтирана пресуда“ зад која стои претседателот на Украина, Виктор Јануковиќ.
„Овој кривичен процес е монтиран, пресудата е произволна. Јануковиќ се враќа во 1937 година“ изјави Тимошенко, мислејќи на чистката за време на Сталин.
Тимошенко го обвини Јануковиќ дека го нарачал судењето и пресудата и оцени дека сето тоа ја покажува слабоста на власта.
Поранешната украинска премиерка се товари за злоупотреба на службената положба бидејќи без одобрување на владата дозволила потпишување на договор за увоз на руски гас по неповолна цена со што ја оштетила државата за 130 милиони евра.
Таа е обвинета и за проневера на повеќе стотини милиони долари, а истрага се води и против некои поранешни функционери од нејзината влада.
Тимошенко тврди дека истрагата против нејзе и нејзините соработници ја покренал претседателот Виктор Јануковиќ за да ја замолчи опозицијата и да ja исфрли од изборната трка во 2012 година, за кога се планирани парламентарни избори.
Јулија Тимошенко беше премиерка на Украина од февруари до септември 2005 година, а на оваа функција повторно беше од декември 2007 до март 2010 година./крај/б/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Судот на правдата на ЕУ: Изгубен миленик на лет се смета како изгубен багаж

Судот на правдата на Европската унија донесе одлука дека домашните миленици кои се превезуваат со авион се сметаат за „багаж“, а не за патници.
Одлуката следи по случај во кој куче исчезнало при пренос до авион на лет од Буенос Аирес до Барселона, по што сопственичката побарала 5.000 евра отштета.
Судот оцени дека, според Монреалската конвенција, авиокомпанијата не е должна да исплати поголема отштета од онаа предвидена за изгубен багаж, освен ако патникот претходно не доставил специјална изјава за вредноста на пратката.
Во одлуката учествувале и двајца претставници од Хрватска – судијата Синиша Родин и адвокатката Тамара Ќапета.
Свет
Евакуирано средно училиште во Италија по истекување на амонијак

Во италијанскиот град Пескара беше евакуирано државното средно училиште „Маркони“ откако во просториите се почувствувал силен мирис од непознато потекло, поради што на многумина им се слошило.
Според италијанските медиуми, повеќе од 1.000 ученици биле итно евакуирани, а неколкумина се хоспитализирани, меѓу нив и пожарникари кои пристигнале на интервенција, пренесе „ТВ Раи“.
Првичните информации укажуваат дека причината најверојатно е истекување на амонијак од лабораторијата, иако не се исклучува ниту можноста за цурење гас од климатизацијата.
Заменичката градоначалничка на Пескара, Марија Рита Карота, нареди итно затворање на училиштето до понатамошна проверка.
Свет
Мерц: Без реформи, Европа ќе стане пиун на Азија и САД

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, предупреди дека Европската унија ризикува да ја изгуби својата економска независност ако итно не спроведе реформи за зголемување на конкурентноста.
Во обраќање пред германскиот парламент, во пресрет на самитот на ЕУ во Брисел, Мерц рече дека во наредните години ќе се решава дали Европа ќе остане независна економска сила или ќе стане „пиун на економските центри во Азија или Америка“.
Тој ја повика ЕУ да го намали бирократскиот товар за компаниите, да го зајакне единствениот пазар и да потпише нови трговски договори, особено со јужноамериканскиот блок Меркосур до крајот на годината.
Мерц се соочува со растечки притисок дома поради економската стагнација во Германија, која се влошува поради царинските политики на американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој истакна дека решенијата за европската економија веќе постојат во извештаите на Марио Драги и Енрико Лета, кои предлагаат продлабочување на внатрешниот пазар и јакнење на конкурентноста, додавајќи дека тие препораки треба веднаш да станат дел од агендата на Европската комисија.