Свет
Тројца убиени во напад на беспилотно летало на САД во Пакистан

Најмалку три лица се убиени во најновиот напад на американско беспилотно летало во северозападниот дел на племенската паштунска област на Пакистан во близина на границата со Авганистан, јавува Press TV.
Најмалку три лица се убиени во најновиот напад на американско беспилотно летало во северозападниот дел на племенската паштунска област на Пакистан во близина на границата со Авганистан, јавува Press TV.Претставници на локалните власти за телевизијата на англиски јазик за иранското подрачје изјавиле дека американското беспилотно летало истрелало неколку проектили во племенскиот регион на покраината Јужен Вазиристан во четвртокот, при што загинале најмалку три лица, а четири други се ранети.Билансот на жртвите од овој напад, може да биде поголем, имајќи предвид дека некои од ранетите биле во критична состојба, додал соговорникот на телевизијата.Јужен Вазиристан е дел од ткн. племенските области во кои живеат горштаците Паштуни, а се протега по должината на границата со Авганистан. Во овие подрачја не важат федералните закони на Пакистан, туку вистинската моќ е во рацете на племенските водачи и лидерите на семејните кланови. Во овие планински области засолништа најдоа стотици исламисти поврзани со талибаните и со Ал Каеда.Официјален Исламбад декларативно се спротиставува на овие напади протестирајќи дека тоа е кршење на пакистанскиот суверенитет, но аналитичарите сметаат дека станува збор за договор меѓу двете влади. Покрај тоа, пакистанската влада предупредува дека со ваквите напади во кои неретко страдаат и цивили, може да се предизвика и анти-американско расположение кај локалното население во паштунските племенски област што ќе ја зајакне позицијата на талибаните и радикалните исламисти. Вашингтон одбива јавно да зборува за употребата на беспилотните летала, но пакистански разузнавачки и владини претставници велат дека во овие напади досега се убиени неколку високи членови на Ал Каеда и талибански водачи.Бројката напади што ги извршува САД со беспилотни летала во северозападниот дел од Пакистан е во постојан пораст. Така, според извештаите на медиумите, во минатата 2010 г., американските сили извршиле повеќе од 115 напади во оваа област, при што загинаа најмалку 670 луѓе. За споредба, во 2009 г. имало 45 воздушни напади во кои загинаа речиси 420 луѓе. Севкупно, според различни процени, од август 2008 г. во северозападниот дел на Пакистан за време на бомбардирањето на беспилотните летала се убиени повеќе од 1.200 луѓе меѓу кои и неколку влијателни лидери на милитантите.САД ги засили нападите со беспилотни летала, откако на 30-ти декември 2009 г. бомбаш самоубиец уби седум агенти на CIA во нивната база во источната авганистанската провинција Хост. Американските власти сметаат дека овие напади се најефикасното оружје против Ал Каеда и талибаните кои се засолнуваат во тешко достапните паштунски племенски региони во високите планини меѓу Пакистан и Авганистан.Додека американската влада секогаш одбива јавно да дискутира за воздушните напади во Пакистан, американскиот државен секретар за одбрана, Леон Панета призна минатиот вторник дека САД во дејствијата во Пакистан употребуваат беспилотни летала.Минатата недела, пакистанскиот портпаролката на министерството за надворешни работи, Техмина Џанџу изјави дека нападите на американските беспилотни летала на пакистанска територија се неприфатливи и претставуваат повреда на суверенитетот на земјата.Пакистанското министерство за човекови права, во меѓувреме побара од владата за ове, како што беше наведено „вонсудски ликвидации“ да поднесе жалба до Обединетите нации и другите меѓународни тела./крај/птв/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Орбан по разговорите Трамп-Путин: Голема вест за мирољубивите луѓе, подготвени сме

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека наскоро повторно ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, а овој пат средбата ќе се одржи во Будимпешта. Двајцата лидери се согласија за нов самит за време на телефонски разговор.
Унгарија е подготвена да биде домаќин на самитот Русија-САД, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Планираната средба меѓу американскиот и рускиот претседател е голема вест за мирољубивите луѓе низ целиот свет. Подготвени сме!“ напиша тој на X.
Трамп и Путин последен пат се сретнаа пред два месеци во Алјаска, но таа средба не донесе конкретен напредок кон мирот во Украина, по што следеше период на дипломатско затишје меѓу Вашингтон и Москва, анализираат медиумите.
Денешниот телефонски повик не беше објавен со денови, за разлика од некои претходни, а аналитичарите истакнуваат дека времето на неговото случување е исклучително значајно. Имено, Трамп утре треба да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Клучната тема на нивниот разговор ќе биде можното испраќање американски ракети со долг дострел „Томахавк“ во Украина, што би претставувало значително зголемување на воената помош за земјата.
Фото: принтскрин
Свет
Трамп по телефонскиот разговор: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта

Американскиот претседател Доналд Трамп денес разговараше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин, еден ден пред најавената средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Трамп напиша на својата социјална мрежа „Truth Social“ дека разговорот бил „многу продуктивен“.
„Претседателот Путин ми честиташе мене, како и на Соединетите Американски Држави, за големото достигнување – мир на Блискиот Исток – нешто за кое, како што рече, се сонувало со векови. Навистина верувам дека успехот на Блискиот Исток ќе помогне во нашите преговори за ставање крај на војната меѓу Русија и Украина“, додаде американскиот претседател.
Тој, исто така, изјави дека трговијата меѓу Русија и САД е дискутирана кога ќе заврши војната во Украина.
„Се договоривме дека следната недела ќе се одржи состанок на нашите високи советници. Првичните состаноци од американска страна ќе ги води државниот секретар Марко Рубио, заедно со неколку други лица кои ќе бидат одредени подоцна. Местото на состанокот ќе биде одредено подоцна. Потоа претседателот Путин и јас ќе се сретнеме на договорената локација – во Будимпешта – за да видиме дали можеме да ја завршиме оваа „озлогласена“ војна меѓу Русија и Украина“, напиша Трамп.
Тој потсети дека утре во Белата куќа се среќава со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Специјалниот претставник на Владимир Путин, Кирил Дмитриев, рече дека разговорот меѓу претседателот на Русија и Трамп бил „позитивен и продуктивен“.
Се очекува дека на утрешната средба во Белата куќа, Зеленски ќе побара од Трамп посилна воена поддршка за Киев во конфликтот против Русија. Киев бара од САД да го снабдат со ракети „Томахавк“ со долг дострел, според Ројтерс.
Трамп рече дека би можел да ја снабди Украина со такво оружје ако Путин продолжи да одбива да учествува во мировните преговори.
Амбасадорот на Русија во Велика Британија, Андреј Келин, се придружи на низа московски дипломати кои упатија строго предупредување до САД во врска со можната испорака на крстосувачки ракети „Томахавк“ во Украина.
Фото: принтскрин
Свет
Фицо: Без разумни предлози, нема да поддржам нови санкции против Русија

Словачкиот премиер Роберт Фицо денес изјави дека нема да го поддржи 19-тиот пакет санкции против Русија, освен ако заклучоците на Европскиот совет не содржат, како што изјави, „разумни предлози и насоки“ за Европската комисија.
Зборувајќи на собирот „Ден на извозот на ЕУ“, посветен на зајакнување на подготвеноста за извоз и конкурентноста на компаниите надвор од ЕУ, Фицо истакна дека Европскиот совет мора да се справи со клучните економски прашања, а не само да ѝ помогне на Украина, објави словачки „Справи“.
„Нема да го поддржам 19-тиот пакет санкции против Русија сè додека не видиме разумна формулација и упатства за Европската комисија во заклучоците на Европскиот совет“, рече Фицо, додавајќи дека лидерите на ЕУ имаат обврска да ја водат Комисијата како извршен орган на Унијата.
Тој нагласи дека е потребно да се дадат конкретни предлози во врска со индустријата, особено автомобилската индустрија, како и цените на електричната енергија.
Фицо ги повика политичките и економските актери во Словачка да се подготват за идното обновување на односите со Русија, бидејќи, како што изјави, „по завршувањето на војната, ќе биде потребно да се бараат деловни можности во таа земја“.
Премиерот на Словачка го критикуваше Европскиот совет за, според неговите зборови, прекумерна концентрација на Украина, додека проблемите со конкурентноста на земјите од ЕУ се занемаруваат.
„Ако не го решиме прашањето на извозот и високите цени на енергијата, нашите производи нема да можат да бидат конкурентни на светскиот пазар“, предупреди Фицо.
Осврнувајќи се на планираната забрана за производство на автомобили со мотори со внатрешно согорување од 2035 година, Фицо повика на преиспитување на таа одлука со продолжување на рокот или промена на условите.
„Автомобилската индустрија во Словачка учествува со околу 40 проценти во извозот и 10 проценти во БДП. Ако го оставиме тоа настрана, и знаеме во каква криза се наоѓа, и не кажеме ништо на следниот Европски совет, се поставува прашањето, зошто воопшто се состануваме, освен за Украина?“, заклучи Фицо.
Фото: принтскрин