Свет
Клинтон во ненадејна посета на Либија

Американската државна секретарка Хилари Клинтон е во Либија на ненајавена посета, чија цел е да се демонстрира поддршка за либискиот народ, но и да се засилат врските со новите власти.
Американската државна секретарка Хилари Клинтон е во Либија на ненајавена посета, чија цел е да се демонстрира поддршка за либискиот народ, но и да се засилат врските со новите власти.
Клинтон во престолнината, Триполи, ќе се задржи само неколику часа. Таа прв член на владата и висок функционер на САД која ја посетува оваа земја, по посетата на Кондолиза Рајс во 2008 година и посетата на поранешниот претседател Џорџ Буш постариот и тогашниот Државен секретар Џејмс Бејкер, кои во 1989 година дојдоа во Либија на самит со тогашниот лидер на СССР, Михаил Горбачов.
Нејзината посета се чуваше во најголема тајност од безбедносни причини, а нејзиното пристигнување во Триполи беше проследено со силни безбедносни мерки.
Клинтон ќе има разговори со врвните функционери на либискиот национален преоден совет (НТЦ) – со претседавачот на Советот, Мустафа Абдул Џалил, премиерот Махмуд Џибрил и со министерот за финансии, Али Тархуни.
Таа во Градската куѓа во Триполи ќе има средба со жени, млади луѓе и со лидерите на граѓанските здруженија. /крај/bbc/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израелски министер за одбрана: Ако Хезболах нападне, повеќе нема да постои

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Хезболах ќе биде уништен ако либанската организација го нападне Израел како поддршка на Иран.
„Генералниот секретар на Хезболах не учи ништо од судбината на своите претходници и се заканува дека ќе дејствува против Израел по наредба на иранскиот диктатор.
Предлагам овој либански пион да биде внимателен и да разбере дека Израел го изгубил трпението со терористите кои му се закануваат. Ако се случи тероризам – Хезболах повеќе нема да постои“, напиша Кац во објава на Икс.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Израел штотуку е казнет

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека Израел „штотуку е казнет“, во порака објавена на социјалните мрежи пред неколку часа.
The Zionist enemy is being punished. It is being punished right now.
— Khamenei.ir (@khamenei_ir) June 20, 2025
Објавата, која сугерира дека Иран започнал нови напади врз Израел, дополнително ги засили тензиите меѓу двете земји.
Свет
Пожари кај канцелариите на Мајкрософт во Израел, пет лица се повредени

Фотографија покажува пожари што горат во близина на канцелариите на Мајкрософт во Бер Шева, јужен Израел, а оштетени се и станбени згради, јавува Би-би-си.
Пожарникарите и амбулантните возила се на местото на настанот. Според досегашните информации, пет лица се повредени и однесени во болница.
Се чини дека Иран повторно го нападна технолошкиот парк Гав-Јам, за кој иранските власти вчера наутро изјавија дека бил нивна цел кога ја нападнале блиската болница Сорока.