Свет
Бројот на азиланти во развиените држави зголемен за 17 отсто
Бројот на барања за азил поднесени во високо развиените држави во првата половина од годината е пораснат за 17 отсто во споредба со истиот период лани.
Бројот на барања за азил поднесени во високо развиените држави во првата половина од годината е пораснат за 17 отсто во споредба со истиот период лани. Ова се наведува во Извештајот кој денеска го објави Агенцијата за бегалци при Обединетите нации – УНХЦР, во кој се прецизира дека повеќето од барателите на азил потекнуваат од државите во кои владеат повеќегодишни бегалски кризи, Извештајот на УНХЦР Нивото и трендовите на азил во индустријализираните земји, во првата половина на 2011 година наведува дека во периодот 1 јануари – 30 јуни 2011 година, се поднесени 198.300 барања за азил. За споредба, во истиот период минатата година се поднесени 169.300 барања за азил.Со оглед на тоа дека најголемиот број барања за азил обично се поднесува во втората половина на годината, УНХЦР предвидува дека до крајот на 2011 година, вкупниот број на барања за азил ќе ја достигне цифрата од 420.000 – највисока во изминатите осум години.Годинава исто така се случија и големи раселенички кризи во Западна, Северна и Источна Африка. Според тоа, се вели во Извештајот, зголемен е бројот на барања за азил кои ги поднесуваат државјаните на Тунис, Брегот на Слоновата Коска и Либија Меѓутоа, општо земено, влијанието на овие збиднувања со бројот на поднесени барања во индустријализираните земји е ограничен. Ако 44-те земји на кои се однесува Извештајот се гледаат како целина, а во однос на претходната година, главните земји на потекло на барателите на азил остануваат истите: Авганистан (15.300 барања), Кина (11.700 барања), Србија и Косово: Резолуција СБ. 1244] 10.300 барања), Ирак (10.100 барања) и Иран (7.600 барања). “2011 година е година на раселенички кризи без преседан откако ја вршам функцијата Висок комесар,” изјави Антонио Гутереш, Шефот на УНХЦР. “Влијанието на овие кризи врз бројот на поднесени барања за азил во индустријализиранитеземји навидум е понизок од што можеше да се очекува, бидејќи мнозинството од оние кои избегале, отишле во соседната земја. Сепак, благодарни сме на фактот дека индустријализираните земји продолжуваат да го почитуваат правото на секој човек да му се разгледа барањето за азил,” вели Гутереш По континенти, најголемиот број барања за азил е регистриран во Европа – 73% од сите барања поднесени во индустријализираните земји. Пад на бројот на поднесени барања забележан е само во Австралија: 5.100 барања, во споредба со 6.300 претходната година.Гледано по држави, во САД, поднесени се повеќе барања за азил (36.400) отколку во било која друга индустријализирана земја. Потоа следат Франција (26.100), Германија (20.100), Шведска (12.600) и Обединетото Кралство (12.200). Нордиските земји беа единствениот регион во Европа во кој дошло до пад на бројот на поднесени барања за азил. Во меѓувреме, бројот на барања за азил поднесени во Североисточна Азија е пораснат повеќе од двојно –во Јапонија и Јужна Кореја поднесени се 1.300 барања, во споредба со 600-те барања за азил евидентирани во првата половина на 2010 година. Во Извештајот не е наведен процентот на позитивно решени барања (т.е. лицата на кои им е одобрен бегалскиот статус), ниту неговите наоди се показател на трендовите на миграции. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Хрватска, заедно со Албанија и Косово, ќе одржи заедничка воена вежба
Албанскиот министер за одбрана Пиро Венгу го најави одржувањето на првата трилатерална воена вежба меѓу Албанија, Косово и Хрватска во 2026 година, како дел од неодамна потпишаниот договор за соработка меѓу трите земји.
Венгу објави дека е направен уште еден важен чекор во спроведувањето на трилатералниот договор, истакнувајќи дека началниците на генералштабовите на Албанија, Косово и Хрватска одржаа заеднички состанок со цел понатамошно подобрување на воената соработка.
Според него, фокусот на соработката е на зајакнување на воената координација, поголема интероперабилност и подигнување на оперативната подготвеност на вооружените сили на трите земји. Посебен акцент е ставен на развојот на заеднички вежби и обуки за справување со безбедносните предизвици и хибридните закани.
„Првата трилатерална вежба ќе се одржи во 2026 година, во согласност со Стратешкиот концепт на НАТО и евроатлантските цели“, објави Венгу.
Во Скадар се одржа состанок на началниците на генералштабовите на вооружените сили на Албанија и Хрватска и командантот на Косовските безбедносни сили, а состанокот предизвика реакција од српското Министерство за одбрана, кое го оцени како закана за мирот во регионот, пренесуваат медиумите во соседството.
Српското Министерство за одбрана објави дека остро го осудува трилатералниот состанок, оценувајќи дека продлабочувањето на воената соработка претставува фактор на притисок и безбедносен предизвик за Србија и српскиот народ на Косово, како и закана за мирот и стабилноста во регионот.
Претходно, на 30 јануари во Загреб се одржа состанок на Хрватска, Албанија и Косово на ниво на директори за одбранбена политика и вооружување.
Сите овие состаноци се одржаа по меморандумот за соработка во областа на одбраната и безбедноста што Албанија, Хрватска и Косово го потпишаа на 18 март 2025 година во Тирана.
Свет
Лавров: Доколку западните земји го зајакнат своето воено присуство во Гренланд, Русија ќе преземе „контрамерки“
Русија подготвува „контрамерки“, вклучително и оние од „воена природа“, доколку западните земји го зајакнат своето воено присуство во Гренланд, предупреди во средата рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Неколку европски земји неодамна распоредија помали воени контингенти во Гренланд, автономна територија под дански суверенитет, откако американскиот претседател Доналд Трамп повторно почна да ја посетува, повикувајќи на американско преземање.
„Секако, во случај на милитаризација на Гренланд и создавање воени капацитети насочени против Русија, ќе преземеме соодветни контрамерки, вклучително и оние од воено-техничка природа“, рече Лавров за време на обраќањето пред рускиот парламент.
Откако се врати во Белата куќа пред една година, Доналд Трамп постојано ја повторуваше својата желба да ја преземе контролата врз Гренланд, оправдувајќи ја со безбедносни причини и заканите што ги претставуваат Русија и Кина во тој регион, според него, потсетуваат медиумите.
Сепак, во јануари на Светскиот економски форум во Давос, тој ја омекна својата реторика, тврдејќи дека се договорил со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за „рамка“ за преговори што ќе им овозможи на САД да имаат поголемо влијание на таа арктичка територија.
Конкретните детали од тој договор сè уште не се познати. Данска и Гренланд досега решително ја отфрлија секоја можност за пренос на суверенитетот, нагласувајќи дека територијата не е на продажба.
„САД, Данска и Гренланд мора да го решат ова прашање меѓу себе“, рече Лавров, обвинувајќи го Копенхаген дека ги третира 57.000 жители на Гренланд како „граѓани од втор ред“.
На почетокот на февруари, НАТО започна со планирање на мисија насочена кон зајакнување на безбедноста на Арктикот.
Регион
Рутe: Внимателно ја следиме ситуацијата на Западен Балкан
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес изјави дека Алијансата внимателно ја следи ситуацијата на Западен Балкан.
Тој го изјави ова на прес-конференција во седиштето на НАТО во Брисел, пред утрешниот состанок на министрите за одбрана на Алијансата, одговарајќи на прашање за тоа како ја гледа моменталната безбедносна состојба на Балканот.
„Сакам да нагласам дека внимателно ја следиме ситуацијата и дека преку КФОР и нашите други активности на Западен Балкан, во Босна и Херцеговина, но и на Косово, сме многу ангажирани и будно го следиме развојот на настаните“, рече Руте, пренесува Танјуг.
Зборувајќи за ситуацијата во Косово, тој изјави дека НАТО сè уште чека одговорност за настаните во Бањска, како и за други настани во текот на 2023 година.
Тој додаде дека НАТО никогаш нема да прифати безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина и посочи дека тие внимателно ги следат настаните и таму.

