Свет
Лавров:Русија има многу прашања околу смртта на Гадафи

Смртта на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи поттикнува во Москва „многу прашања“, како за законитоста на нападите на НАТО на неговиот конвој, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Смртта на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи поттикнува во Москва „многу прашања“, како за законитоста на нападите на НАТО на неговиот конвој, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Одлуката (на меѓународната зедница) беше дека го загубил легитимитетот и мора да си замине. Начинот на кој умре поттикнува многу прашања“, рече Лавров за руското радио.
„Посебно нè интересира дејствувањето на НАТО од позиција на меѓународното право“, додаде Лавров.
Тој потсети дека воздушните напади во Либија ги одобри Советот за безбедност на Обединетите нации(ОН) исклучиво за да се почитува забраната за летови воведена заради заштита на цивилите.
„Не постои никаква врска меѓу зоната за забрана на летови и нападите на цели на земја, во овој случај конвојот на Моамер Гадафи“, нагласи Лавров.
„Исто како што не може да стане збор за заштита на цивили, бидејќи тој конвој никого не напаѓаше, туку може да се каже беше во бегство“, рече шефот на руската дипломатија, додавајќи дека треба да се поведе истрага за околностите што доведоа до смртта на Гадафи.
НАТО денеска соопшти дека не знаел дека Гадафи е во конвојот што ден претходно го нападна во Сирт и дека дури после дознал дека „веројатно помогнал“ во неговото заробување.
Лавров потсети дека според Женевската конвенција воените заробеници не смеат да се убиваат.
Поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи беше заробен вчера во својот роден крај, во близина на Сирт и застрелан е од огнено оружје под засега неразјаснети околности. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Фото) Авион на „Рајанер“ удри во ограда на грчки аеродром, оштетено крилото

Авион „боинг 737 MAX 8-200“ на „Рајанер“ претрпел оштетување на врвот на десното крило кога удрил во заштитна ограда при движењето на аеродром во Грција. Нема повредени патници или членови на екипажот, а авионот оттогаш е вратен во употреба.
Летот „ФР6080“ на „Рајанер“ полетал од аеродромот „Станстед“ во Лондон вчера во 9 часот наутро. Иако патниците пријавиле дека доживеале турбуленции за време на летот, авионот безбедно слета на меѓународниот аеродром „Каламата“ во 14.24 часот по локално време.
Ryanair flight FR6080 Right winglet hit a fence at Kalamata airport in Greece during taxiing after landing.
The Boeing 737 aircraft had arrived from London Stansted when the incident happened.
Ryanair spokesperson said the aircraft had landed safely, but as it taxied, “the… pic.twitter.com/4cKoHi5Pk8
— FL360aero (@fl360aero) June 19, 2025
По слетувањето на јужната писта, авионот скршнал од пистата кон платформата. За време на движењето неговото десно крило удрило во црвено-бела заштитна ограда и застанало. Фотографиите објавени на интернет покажуваат дека долниот дел од закрилата виси лабаво, делумно одвоен од остатокот од структурата.
Свет
Ирански нуклеарен научник убиен во напад во Техеран, тврдат израелските медиуми

Ирански нуклеарен научник е убиен во напад во Техеран, објавија израелските медиуми.
Нападот, според државната телевизија „Кан“ и други локални извори, се случил во иранската престолнина.
Ни Техеран ни Тел Авив сè уште официјално не ги коментирал тврдењата, но Израел и претходно, за време на конфликтот, нападна нуклеарни научници.
Свет
Макрон: Нападите врз цивилите и инфраструктурата мора да престанат, Иран мора да се врати на преговорите

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека нападите врз цивили и цивилна инфраструктура во тековниот конфликт меѓу Израел и Иран мора да престанат.
Макрон ја даде изјавата пред новинарите по пристигнувањето на аеромитинг во близина на Париз.
„Франција со денови има јасна и едноставна позиција: нема оправдување за напади врз енергетски објекти и цивили“, рече Макрон.
Тој додаде дека Иран мора да ја покаже својата подготвеност да се врати на преговарачката маса.