Свет
Турција: маж извлечен од урнатините жив по четири дена

Турските спасувачки екипи денеска во градот Еркис извлекоа жив маж од под урнатините на една од зградите кои настрадаа во земјотресот кој пред четири дена го погоди југоистокот на Турција.
Турските спасувачки екипи денеска во градот Еркис извлекоа жив маж од под урнатините на една од зградите кои настрадаа во земјотресот кој пред четири дена го погоди југоистокот на Турција.
Преживеаниот, кој под урнатините минал цели 92 часа, беше одведен во болница со возило на брза помош, испратен од аплаудирањето на очевидците.
Еркис беше најсилно погоден од земјотресот со јачина од 7,2 степена според Рихтер. Во земјотресот кој ја зафати пошироката покраина Ван загинаа најмалку 534 лица, а 2.300 беа повредени, според најновите извештаи од турските власти. Во потресот беа срушени и преку 3.000 згради.
Денеска изутрина нов потрес го погоди градот Јуексекова, исто така на југоистокот на Турција и на 250 километри од претходно погодената област, но не предизвика ниту штета, ни жртви. /крај/хина/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Ројтерс: Зеленски ќе му презентира на Трамп план за користење на ракетите „Томахавк“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски подготвува презентација за Доналд Трамп во која ќе објасни како Украина би ги користела крстосувачките ракети „Томахавк“ доколку САД одобрат нивна испорака, објави Ројтерс повикувајќи се на висок извор.
Според агенцијата, Киев смета дека овие ракети со домет од над 1.600 километри би можеле да го променат текот на војната, овозможувајќи напади врз цели длабоко во Русија, вклучувајќи енергетски постројки и воени бази.
Сепак, не е извесно дали Трамп ќе ја прифати украинската аргументација. Тој вчера изјави дека на САД им се потребни сопствените залихи на „Томахавк“ и изрази загриженост поради нивното исцрпување.
Свет
Орбан и Путин разговарале за можниот самит со Трамп во Будимпешта

Унгарскиот премиер Виктор Орбан телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за планираниот состанок меѓу Путин и американскиот претседател Доналд Трамп во Будимпешта, соопшти Кремљ. Според соопштението, иницијативата за разговорот дошла од унгарската страна.
„Орбан ја изрази подготвеноста да помогне во организирањето на можниот руско-американски самит во Будимпешта“, се наведува во соопштението на Кремљ.
Путин го информирал Орбан за неговиот неодамнешен телефонски разговор со Трамп и изјавил дека планираниот состанок ќе го искористи за дискусија околу „алгоритамот на понатамошни чекори“ со цел пронаоѓање начин за завршување на војната во Украина.
По разговорот, Орбан на социјалните мрежи напиша дека „подготовките се во полн ек“, очигледно алудирајќи на можниот самит во унгарската престолнина.
Трамп и Путин разговарале вчера, првпат по речиси два месеца. Американскиот претседател потоа најави дека планира состанок со рускиот лидер во Будимпешта — што би билa првa неговa посетa на главен град на земја членка на ЕУ од почетокот на инвазијата врз Украина.
Трамп изјави дека Путин не ја поддржува идејата САД да ѝ испорачаат на Украина ракети „Томахaвк“ и додаде дека „можеби сега не е совршен момент“ за воведување дополнителни санкции насочени кон руските енергетски приходи.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.