Свет
Палестина денеска влегува во УНЕСКО

Израелскиот амбасадор во при Агенцијата на Обединетите нации за образование, наука и култура – УНЕСКО, призна дека во текот на понеделникот Палестина ќе стане членка на оваа организација.
Израелскиот амбасадор во при Агенцијата на Обединетите нации за образование, наука и култура – УНЕСКО, призна дека во текот на понеделникот Палестина ќе стане членка на оваа организација. „Кога ќе завршат говорите ќе следи гласањето и Палестинците ќе победат. Тоа е сметката којашто ние ја знаеме“, рече амбасадорот на Израел Нимрод Баркан. Генералната конференција на УНЕСКО во понеделникот ќе решава по палестинското барање за полноправно членство. За прием на нова членка потребни се две третини од гласовите од 193-те земји на УНЕСКО. Извршниот комитет на организацијата веќе претходно го поддржа палестинското барање. Приемот на Палестина во УНЕСКО би можело да предизвика тешка криза во самата организација, имајќи предвид дека САД, коишто даваат 22 отсто од вкупниот буџет на агенцијата, за заканија дека ќе престанат да уплатуваат во случај на позитивно решение на палестинското барање. УНЕСКО така за оваа година би добил 70 милиони долари помалку. Станува збор за тоа што два американски закона донесени во 90-те години од минатиот век му забрануваат на Вашингтон да финансира која и да е специјализирана агенција на ОН која ќе ги прифати Палестинците како постојана членка и „нема никакви изгледи републиканскиот американски Конгрес да го измени тој закон“, признаваат во УНЕСКО.Израел претходно најави дека ќе постапи исто како и САД.„Без израелскиот, а особено без американскиот придонес, кој пополнува речиси четвртина од буџетот, ќе биде невозможно УНЕСКО да ги исполни своите задачи“, изјави израелскиот амбасадор Баркан./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
САД испраќаат трет носач на авиони на Блискиот Исток

САД испраќаат трет носач на авиони на Блискиот Исток, поради ескалацијата на тензиите меѓу Израел и Иран, објави Ројтерс, повикувајќи се на американски официјални лица.
Американскиот носач на авиони УСС Џералд Р. Форд ќе ја напушти својата база во Норфолк, Вирџинија, на 24 јуни, соопшти американската морнарица. Станува збор за планирано распоредување во областа на операции на Европската команда на САД (EUCOM), но неговото пристигнување во близина на Медитеранот значи дека третиот американски носач ќе биде во дофат на потенцијален конфликт на Блискиот Исток.
УСС Карл Винсон веќе е во регионот, учествувајќи во воздушни операции против бунтовниците Хути во Јемен, поддржани од Иран. Трет носач, УСС Нимиц, исто така се испраќа во регионот, потврди висок американски функционер за одбрана.
Министерот за одбрана Пит Хегсет издаде наредба за „одржување на одбранбената положба и заштита на американскиот персонал“.
Како што објави Ројтерс, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе одлучи во рок од две недели дали САД ќе се приклучат на нападите на Израел врз Иран. Тој додаде дека сè уште постои шанса за преговори со Техеран.
Трамп вчера изјави дека врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, е „лесна цел“, нагласувајќи дека не ја исклучил можноста за воена акција. Да потсетиме дека Трамп се повлече од нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, а сега ги поддржува израелските напади врз иранските нуклеарни објекти и воени команданти.
Свет
Завршија разговорите меѓу ЕУ и Иран во Женева

Преговорите меѓу европските министри за надворешни работи и иранската делегација во Женева, одржани со цел смирување на ескалацијата на конфликтот меѓу Иран и Израел, завршија. Средбата траеше цел ден, а по завршувањето, учесниците дадоа кратки изјави за медиумите.
Потпретседателката на Европската комисија и естонска премиерка, Каја Калас, нагласи дека регионалната ескалација „не е од корист за никого“ и дека „затоа мора да ги држиме отворени каналите за комуникација“.
Таа додаде дека двете страни се согласиле да продолжат со разговорите за нуклеарните прашања, но и за пошироките прашања.
Британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Лами, беше директен:
„Јасно ставивме до знаење: Иран не смее да има нуклеарно оружје“.
Тој додаде дека тој и неговите европски колеги се „решени да продолжат со преговорите со Иран“ и ја нагласи важноста од продолжување на разговорите меѓу Иран и САД.
„Ова е опасен момент и е исклучително важно да нема регионална ескалација“, предупреди Лами.
Свет
Иран: Разговорите во Женева беа сериозни и достоинствени, подготвени сме да продолжиме

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, ги опиша денешните разговори во Женева со претставници на Обединетото Кралство, Германија, Франција и Европската Унија како „сериозни и достоинствени“.
Во изјава по состанокот, тој рече дека Иран е подготвен да го преиспита дипломатскиот пристап и го поддржува продолжувањето на разговорите.
„Подготвени сме за нови состаноци со земјите од Е3 и Европската Унија во блиска иднина“, рече Арагчи.
Така, Иран ја отвори вратата за понатамошна дипломатија откако сите учесници на денешните разговори во Женева, одржани со цел да се спречи ескалацијата на конфликтот меѓу Иран и Израел, ја нагласија важноста од продолжување на дијалогот и спречување на регионалното ширење на конфликтот