Свет
Сирија безрезервно го прифаќа арапскиот план
Сирија безрезервно го прифатила арапскиот план за излез од кризата на министерскиот состанок на Арапската лига кој се одржа во средата во седиштето на организацијата египетската престолнина Каиро
Сирија безрезервно го прифатила арапскиот план за излез од кризата на министерскиот состанок на Арапската лига кој се одржа во средата во седиштето на организацијата египетската престолнина Каиро, соопшти претставник на Лигата, пренесува AFP.„Сириската делегација безрезервно го прифати целиот план на Арапската лига“, изјави неименуваниот функционер.Официјалниот одговор на Дамаск доаѓа еден ден откако државните сириски медиуми најавија постигнување на договор со Арапската лига за тој предложениот план.Текстот на иницијативата на Арапската лига одредува „прекинување на насилствата поради заштита на цивилите, ослободување на оние кои се затворени поради актуелните настани и овозможување пристап на организациите на Арапската лига и на арапските и на меѓународните медиуми. Планот, исто така, предвидува дека советот на арапските министри ќе ги води консултациите со владата и со разни партии од сириската опозиција со цел да се осуштествува национален дијалог. Претходно во средата Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Мун кој престојува во посета на Либија апелираше до сириските власти веднаш да го прекинат насилното задушување на народните протести против режимот на претседателот Башар ал-Асад. „Убиството на цивилите мора да престане веднаш. Претседателот Асад мора што побрзо да спроведе договор бидејќи луѓето премногу и предолго трпеа“, рече Ки-Мун тврдејќи дека актуелната ситуација во Сирија е неприфатлива, додавајќи дека е информиран дека Дамаск успеал да се договори за планот за надминување на кризата. Сирија во вторникот објави дека се договорила со Арапската лига за планот за решение на кризата кој го предложила организацијата. Во Сирија изминатите седум месеци континуирано се одвиваат анти-владини протести, која започна во средината на март во јужниот дел на земјата, во градот Дера’а, а потоа се проширија и во другите региони.Според податоците на Обединетите нации, бројот на жртвите од судирите во земјата надминува три илјади луѓе. Сириската власти, пак, тврдат дека судирите се испровоцирани од вооружени групи кои се поддржани и уфрлени од надвор, а дека бројот на загинати не надминува повеќе од 1.500 мртви од двете страни, од кои 1.100 се припадници на сириските безбедносни сили.Сириската опозиција која е организатор анти-владините протести, бара неодложна оставка на претседателот Башар ал-Асад. Ова барање е поддржано и од САД и земјите на Европската унија кои воведоа голем број економски санкции против Сирија./крај/афп/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Не се сигурен сојузник“: Белгискиот премиер го критикуваше односот на САД кон Европа
Белгискиот премиер Барт де Вевер изрази сомнежи за улогата на Соединетите Американски Држави како сојузник на Европа, наведувајќи дека на нивниот сојуз повеќе не може безусловно да се смета. Тој, исто така, остро се осврна на изјавите на Трамп за Гренланд и Русија, пишува „Гардијан“.
„Европа се наоѓа на раскрсница и мора да одлучи каква ќе биде нејзината политика. Досега се обидувавме да го смириме новиот претседател во Белата куќа. Бевме многу благи, вклучително и со царините. Бевме благи надевајќи се дека ќе ја добиеме неговата поддршка за војната во Украина. Но сега се преминуваат толку многу црвени линии што мора да се избере меѓу самопочитта. Едно е да бидеш среќен вазал. Но нешто сосема друго е да бидеш беден роб. Ако сега се откажеш, ќе го изгубиш достоинството. А тоа е, веројатно, најдрагоценото нешто што можеш да го имаш во една демократија“, изјави де Вевер.
Остро реагираше и на ставовите на Трамп за Русија и Гренланд, велејќи дека Европа мора да повлече граница: „Или ќе бидеме обединети, или ќе заврши 80-годишната ера на атлантизмот.“
Како пример наведе дека американски претставници на состанок за Украина рекле дека не сакаат да заземаат страна. „Ова го охрабрува Путин. Неговата сила е нашата поделба“, изјави де Вевер.
Свет
Зеленски останува во Украина, нема да патува во Давос
Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека нема да патува на Светскиот економски форум во Давос, одлучувајќи да остане во земјата поради најновиот руски ноќен напад кој ја влоши енергетската криза.
„Без сомнение, во овој случај ја бирам Украина, а не економскиот форум“, изјави Зеленски. Тој додаде дека би размислил за присуство само ако постои реална можност да се донесат одлуки за дополнителни системи за противвоздушна одбрана и енергетска помош за Киев.
Во нападот загина едно лице, а три се повредени. Над 6000 згради во Киев останаа без греење, а делови од градот и без струја и вода. Зеленски изјави: „Имам план како да им помогнам на луѓето со енергетските проблеми.“
Фото: Depositphotos
Свет
„Би-би-си“: Европскиот парламент ќе го суспендира процесот за одобрување на трговскиот договор со САД
Европскиот парламент треба да го суспендира процесот на одобрување на трговскиот договор меѓу Европската унија и Соединетите Американски Држави, кој беше договорен во јули, дознава „Би-Би-Си“ од извори блиски до Комисијата за меѓународна трговија на Европскиот парламент.
Одлуката за суспензија, според истите извори, треба официјално да биде објавена утре попладне во Стразбур.
Како што пишува „Би-Би-Си“, станува збор за договорот што во јули го постигнаа американскиот претседател Доналд Трамп и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, при средба на голф-игралиштето на Трамп во Шкотска.
Договорот предвидува намалување на американските царини на целиот увоз од Европската унија на 15 отсто. Во тој момент, договорот во Брисел беше оценет како поволен, со оглед на тоа што Трамп претходно се закануваше со воведување царини до 30 отсто на европска стока.
Меѓутоа, како што нагласува „Би-Би-Си“, договорот сè уште треба формално да добие одобрување од Европскиот парламент. Комисијата за меѓународна трговија досега нема завршено анализа на договорот, што сега доведе до одлука за привремена суспензија на процесот.
Дополнителен притисок врз договорот се појави во саботата, само неколку часа по новата закана на Трамп за воведување нови американски царини, поврзани со прашањето за Гренланд. Влијателниот германски пратеник во Европскиот парламент Манфред Вебер тогаш изјави дека „одобрување во овој момент не е можно“.
Во завршната фаза на преговорите за трговскиот договор, Европската унија, потсетува „Би-Би-Си“, привремено ги суспендираше сопствените контрамерки, односно царините на американска стока во вредност од 93 милијарди евра.
Таа суспензија истекува на 6 февруари. Ако до тој датум не дојде до продолжување на суспензијата или до парламентарно одобрување на договорот, европските царини на американска стока ќе стапат на сила веќе на 7 февруари.
„Би-Би-Си“ заклучува дека натамошниот развој на настаните би можел сериозно да ги искомплицира трговските односи меѓу Брисел и Вашингтон, во време кога трансатлантските односи веќе се под притисок поради бројни отворени политички и безбедносни прашања.

