Свет
Обновена истрага за четири случаи на даночно затајување против Тимошенко
Даночната полиција на Украина ги обнови истрагите во четири кривични предмети против поранешната премиерка Јулија Тимошенко, кои се однесуваат на затајување данок во втората половина од 1990-тите
Даночната полиција на Украина ги обнови истрагите во четири кривични предмети против поранешната премиерка Јулија Тимошенко, кои се однесуваат на затајување данок во втората половина од 1990-тите, кога таа ја водеше компанијата „Обединети енергетски системи на Украина“, изјави во понеделникот за новинарите адвокатот на Тимошенко, Сергеј Власенко.Поранешата украинска премиерка Јулија Тимошенко на 11-ти октомври беше осудена на седум години затвор за злоупотреба на овластувањата и положбата при склучување договори за набавка на гас со Русија во 2009 година и во моментов е на издржување на казната. Таа беше притворена во почетокот на август. Тимошенко, исто така, е обвинета и за злоупотреба на положбата во соединето дело по обвинение за нелегално користење на парите добиени од продажбата на квотите за емисија на стакленички гасови доделени на Украина во рамките на Протоколот од Кјото и нелегалното, според украинскиот јавен обвинител, купување на амбулантни возила по повисоки цени. Исто така, уште се води истрага за двата случаи кои се однесуваат на управувањето на Тимошенко со компанијата за увоз на природен гас „Обединети енергетски системи на Украина“ во 1990-те година.„Во петокот Јулија Тимошенко беше информирана од претставници на даночната полиција дека е отворена истрага за четири кривични дела, во кои фигурира Јулија Владимировна. Припадници на истражната управа и’ врачија копии од четирите одлуки за покренување кривични дела“, изјави Власенко.Според него, овие случаи биле затворени во раните 2000-ти .Притоа, тој додава дека двете одлуки за покренување на кривични случаи против Тимошенко датираат од 2001 година, а другите две од 2003 година.„Во сите овие четири одлуки (за покренување гонење) станува збор за активностите на корпорацијата и во сите нив се посочува дека истражителите разгледуваат прашања од 1996-1997 година. Ова наводно даночно затајување всушност е обид за наппата на надомест за данокот на додадена вредност“, дополни Власенко, кој како што пренесува РИА Новости, притоа не појаснил дали овие кривични дела се од ново дело, или во прашање е обновување на старите за што соопштија украинските власти.Тој истакна дека истрагата за овие кривични дела против Тимошенко ќе ја спроведува Централната истражна управа на даночната полиција при Државната даночна служба на Украина.Претходно беше објавено дека на даночната полиција на Украина официјално отвори истрага во случајот против поранешната премиерка Тимошенко за неплаќање на данок во висина од 2,5 милиона долари. Даночната полиција открила неплаќање на даноциите од страна на корпорацијата кои биле извршени во времето која таа била раководена од Тимошенко.Во средината на октомври, Службата за безбедност на Украина, исто така, соопшти дека иницирала нова кривична постапка против Тимошенко. Според истрагата, овојпат станува збор за долг од 405 милиони долари, кој во 1996 година го сторила корпорацијата „Обединети енергетски системи на Украина“ спрема министерството за одбрана на Русија во периодот кога со неа раководела Тимошенко. Според соопштението на Службата за безбедност на Украина, Тимошенко е обвинета за тоа што како претседател и де факто сопственик на корпорацијата, по претходен договор со поранешниот премиер Павел Лазаренко извршила обид за проневера и оштетување на државниот буџет на Украина во голем обем./крај/рн/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Данската премиерка: Нема да го продадеме Гренланд и покрај заканите од САД
Премиерката на Данска, Мете Фредериксен, изјави дека Копенхаген нема да се откаже од Гренланд поради американските закани за царини кои имаат за цел да ја принудат продажбата на островот.
Коментирајќи ја можноста ЕУ да воведе реципрочни мерки против САД, Фредериксен рече дека трговската војна меѓу сојузниците е „многу лоша идеја“, објави „Ројтерс“.
Иако се надеваше дека мерки како што е таканаречената „трговска базука“ можат да се избегнат, таа рече дека Европа мора да најде одговор ако САД воведат царини.
Сепак, Фредериксен посочи дека би претпочитала да се справи со безбедносните загрижености на САД со соработка. Таа рече дека Копенхаген предложил потрајно безбедносно присуство на Арктикот за таа цел.
фото/Depositphotos
Свет
(Видео) Макрон со очила за сонце одржа говор во Давос: Се движиме кон свет без правила
Францускиот претседател, Емануел Макрон, им се обрати на учесниците на Светскиот економски форум во Давос, велејќи дека ова треба да биде време на мир, стабилност и предвидливост, што предизвика смеа во салата.
Тој рече дека е очигледно дека светот влегува во период на „нестабилност и нерамнотежа“, и безбедносна и економска, предупредувајќи на „поместување кон автократија“ и војни низ целиот свет во текот на 2024 година.
„Конфликтот стана нормализиран“, заклучи Макрон, кој им се обрати на присутните со очила за сонце што ги носеше јавно во последните денови поради инфекција на окото.
Во својот говор во Давос, Макрон предупреди дека светот влегува во период на длабока нестабилност и дека постои закана од „движење кон свет без правила“, во кој меѓународното право се повеќе се „гази“ и преовладува правото на посилниот. Тој оцени дека ова е „многу загрижувачко време“, директно предупредувајќи за агресивната надворешна политика на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Зборувајќи за трговските односи, Макрон рече дека конкуренцијата од Соединетите Американски Држави во склучувањето договори што „ги поткопуваат нашите извозни интереси, бараат максимални отстапки и отворено имаат за цел да ја ослабат и потчинат Европа“, во комбинација со, рече тој, „бесконечното акумулирање на нови тарифи“, е „фундаментално неприфатливо“ за Европа.
„Уште посериозно е кога тарифите се користат како лост за притисок врз територијалниот суверенитет“, рече тој.
Американскиот претседател Доналд Трамп утрово јавно сподели порака што ја добил од Макрон, во која предлага состанок на Г7 на самитот во Давос во Швајцарија. Трамп, исто така, рече дека ќе воведе царина од 200 проценти на францускиот шампањ и вино ако е вистина дека Макрон не сака да се приклучи на неговиот „Комитет за мир“.
Извор близок до францускиот претседател утрово изјави дека заканите на американскиот претседател за воведување царина од 200 проценти на францускиот шампањ, поради намерата на Франција да ја отфрли неговата покана за учество во таканаречениот „Комитет за мир“, се неприфатливи.
фото/епа
Свет
Лавров: Трамп знае дека Русија нема никаква врска со Гренланд
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, рече дека „воопшто не се сомнева“ дека Вашингтон знае дека Русија „нема никаква врска“ со Гренланд.
Тој додаде дека „нема докази“ дека Русија има намера да го окупира Гренланд.
Лавров, исто така, истакна дека Москва ќе продолжи да ја следи „сериозната геополитичка ситуација“.
Рускиот шеф на дипломатијата денес изјави и дека Гренланд „не е природен дел“ од Данска и дека прашањето за поранешните колонијални територии станува сè порелевантно.
Тој истакна дека Русија нема планови поврзани со Гренланд, но дека ја следи „сериозната геополитичка ситуација“ околу островот. Додаде дека НАТО треба да одлучи за Гренланд во рамките на алијансата.
фото/Depositphotos

