Свет
Нови 14 жртви во Авганистан
Девет цивили, сите членови на едно семејство и двајца полицајци загинаа во експлозија на импровизирана експлозивна направа поставена крај пат во провинцијата Бадгис во северозападен Авганистан
Девет цивили, сите членови на едно семејство и двајца полицајци загинаа во експлозија на импровизирана експлозивна направа поставена крај пат во провинцијата Бадгис во северозападен Авганистан, а во провинцијата Хелмад убиени се уште тројца полицајци. соопшти во вторникот тамошното министерство за внатрешни работи.Според авганистанската полиција, бомбата што ја поставиле талибаните експлодирала при минување на полициски возила коишто се враќале од патрола и со себе земале да превезат едно сиромашно семејство.„Експлозијата предизвика смрт на 11 лица, меѓу кои шест се деца, две се жени, еден маж и двајца полицајци. Повредени се уште три лица, едно дете и двајца полицајци“ , се наведува во соопштението на авганистанскоtо министерство за внатрешни работи што го цитира AFP, во коешто се нагласува дека деветте смртно настрадани цивили се припадници на исто семејство. Како што пренесува Poress TV, талибаните ја презедоа одговорноста за нападот, преку портпаролот на групата којашто делува во провинцијата Багдис, Кари Мохамед Јусуф Ахмед кој тврди дека уште седум авганистански војници ги загубиле животите во експлозијата.Во понеделникот навечер, во провинцијата Хелманд, од експлозија на автомобил-бомба загинаа тројца полицајци, меѓу кои и полциски началник на провинцијата.Според извештајот на Обединетите нации за Авганистан објавен на 28-ми септември, се напоменува дека просечниот месечен број на безбедносни инциденти регистрирани годинава до крајот на август се зголемил за речиси 40 отсто.Во извештајот, исто така, се посочува дека бројот на цивилни жртви веќе го достигнал рекордното ниво уште во првите шест месеци од годинава, зголемувајќи се за пет проценти во периодот меѓу јуни и август 2011 во споредба со истиот период во 2010 година.Околу 130 илјади луѓе во Авганистан се раселени поради засилувањето на судирите во првите седум месеци од годинава, што претставува речиси две третини повеќе од истиот период една година порано, се додава во исвештајот на .Обединетите нации./крај/афп/птв/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Данската премиерка: Нема да го продадеме Гренланд и покрај заканите од САД
Премиерката на Данска, Мете Фредериксен, изјави дека Копенхаген нема да се откаже од Гренланд поради американските закани за царини кои имаат за цел да ја принудат продажбата на островот.
Коментирајќи ја можноста ЕУ да воведе реципрочни мерки против САД, Фредериксен рече дека трговската војна меѓу сојузниците е „многу лоша идеја“, објави „Ројтерс“.
Иако се надеваше дека мерки како што е таканаречената „трговска базука“ можат да се избегнат, таа рече дека Европа мора да најде одговор ако САД воведат царини.
Сепак, Фредериксен посочи дека би претпочитала да се справи со безбедносните загрижености на САД со соработка. Таа рече дека Копенхаген предложил потрајно безбедносно присуство на Арктикот за таа цел.
фото/Depositphotos
Свет
(Видео) Макрон со очила за сонце одржа говор во Давос: Се движиме кон свет без правила
Францускиот претседател, Емануел Макрон, им се обрати на учесниците на Светскиот економски форум во Давос, велејќи дека ова треба да биде време на мир, стабилност и предвидливост, што предизвика смеа во салата.
Тој рече дека е очигледно дека светот влегува во период на „нестабилност и нерамнотежа“, и безбедносна и економска, предупредувајќи на „поместување кон автократија“ и војни низ целиот свет во текот на 2024 година.
„Конфликтот стана нормализиран“, заклучи Макрон, кој им се обрати на присутните со очила за сонце што ги носеше јавно во последните денови поради инфекција на окото.
Во својот говор во Давос, Макрон предупреди дека светот влегува во период на длабока нестабилност и дека постои закана од „движење кон свет без правила“, во кој меѓународното право се повеќе се „гази“ и преовладува правото на посилниот. Тој оцени дека ова е „многу загрижувачко време“, директно предупредувајќи за агресивната надворешна политика на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Зборувајќи за трговските односи, Макрон рече дека конкуренцијата од Соединетите Американски Држави во склучувањето договори што „ги поткопуваат нашите извозни интереси, бараат максимални отстапки и отворено имаат за цел да ја ослабат и потчинат Европа“, во комбинација со, рече тој, „бесконечното акумулирање на нови тарифи“, е „фундаментално неприфатливо“ за Европа.
„Уште посериозно е кога тарифите се користат како лост за притисок врз територијалниот суверенитет“, рече тој.
Американскиот претседател Доналд Трамп утрово јавно сподели порака што ја добил од Макрон, во која предлага состанок на Г7 на самитот во Давос во Швајцарија. Трамп, исто така, рече дека ќе воведе царина од 200 проценти на францускиот шампањ и вино ако е вистина дека Макрон не сака да се приклучи на неговиот „Комитет за мир“.
Извор близок до францускиот претседател утрово изјави дека заканите на американскиот претседател за воведување царина од 200 проценти на францускиот шампањ, поради намерата на Франција да ја отфрли неговата покана за учество во таканаречениот „Комитет за мир“, се неприфатливи.
фото/епа
Свет
Лавров: Трамп знае дека Русија нема никаква врска со Гренланд
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, рече дека „воопшто не се сомнева“ дека Вашингтон знае дека Русија „нема никаква врска“ со Гренланд.
Тој додаде дека „нема докази“ дека Русија има намера да го окупира Гренланд.
Лавров, исто така, истакна дека Москва ќе продолжи да ја следи „сериозната геополитичка ситуација“.
Рускиот шеф на дипломатијата денес изјави и дека Гренланд „не е природен дел“ од Данска и дека прашањето за поранешните колонијални територии станува сè порелевантно.
Тој истакна дека Русија нема планови поврзани со Гренланд, но дека ја следи „сериозната геополитичка ситуација“ околу островот. Додаде дека НАТО треба да одлучи за Гренланд во рамките на алијансата.
фото/Depositphotos

