Свет
Абрамович изјави пред судот дека легално купувал од Березовски
Рускиот милијардер и сопственик на англискиот премиерлигаш Челзи, Роман Абрамович кој и во средата продолжи да дава искази пред Високиот суд во Лондон, тврди дека исплатата на Борис Березовски, за удел компанијата „Сибнефт“
Рускиот милијардер и сопственик на англискиот премиерлигаш Челзи, Роман Абрамович кој и во средата продолжи да дава искази пред Високиот суд во Лондон, тврди дека исплатата на Борис Березовски, за удел компанијата „Сибнефт“ била спроведена легално и одрекува употреба на какви да се нелегални шеми во бизнисот со алуминиумот, пренесува РИА Новости.Поранешниот гувернер на руската губернија Чукотка е тужен со побарување од повеќе милијарди од страна на сега осудениот и затворен руски милијардер Борис Березовски, кој тврди дека Абрамович пред десет години, со закани и уцени го принудил да му ги продаде акциите на нафтената компанија „Сибнефт“ по пониска цена. Березовски тогаш добил 1,3 милијарди долари, како што тврди, за својот удел во компанијата. Абрамович вели дека тужителот никогаш не бил акционер на „Сибнефт“ и парите ги добил за обезбедување на заштита на уделот или ткн „покрив’.Средствата биле префрлени кога Березовски веќе бил во странство, па тој и неговиот партнер, Бадри Патаркацишвили барале да им бидат префрлени на сметки во западните банки. Абрамович негира дека за тоа користел криминални шеми, вклучувајќи и трансфери преку банката на неименуван шеик од Абу Даби.„Ние им ги дадовме парите од трговијата со алуминиум и му ги дадовме дадовме акциите на доносителот“, рекол Абрамович во судот во Лондон, ги цитира неговите зборови РИА Новости. Овој метод на плаќање за делови од „услугите“ на Березовски и на неговото опкружување, Абрамович и неговиот ортак Евгениј Швидлер го избрале по разгледувањето на различни опции како да се изврши трансферот на парите во западните банки и обезбедувањето документација потребна за службите кои дејствуваат во рамките на борбата против перењето пари.Абрамович, исто така, рече дека не знае преку кои сметки оделе средствата. „Но за, каков вид перење може да се зборува, кога тоа беа легални средства заработени во бизнисот“, додал рускиот милијардер.Овие1,3 милијарди долари биле последната исплата, со која завршиле релациите меѓу Березовски и Абрамович. Доколку Березовски сега тврди дека цената е премногу ниска, Абрамович во лондонскиот суд изјавил оти тој верува дека тие средства, кои според него тужителот наводно постојано ги зголемува, се последните од серијата трансферите коишто ги добивал Березовски.Исто така, Абрамович во судот изјавил дека тој радо би ја платил бараната сума и да ги заврши сите врски со тужителот, така купувајќи си ја за себе „слободата“.„Јас не жалам што му платив. Не сум горд, но мило ми е што го што го сторив тоа, бидејќи јас сум му многу благодарен за она што го стори за компанијата. Да, мислам дека тој имаше право да бара да му се плати, иако 1,3 милијарди долари, можеби, се и спорна бројка“, изјавил обвинетиот Абрамович.Адвокат на Березовски, Лоренс Рабиновиц, сепак, не е убеден дека ова е последната исплата. Кога станува збор за дивидендата, инсистира Рабиновиц, исплатите можеле да продолжат и по 2001 година./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден зборуваше за дебатата со Трамп, но и за детали од неговиот личен живот
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека ќе учествува на дебата со Доналд Трамп, неговиот републикански противкандидат на ноемвриските избори.
„Не знам кога“, изјави Бајден во интервјуто со Хауард Стерн и додаде дека со нетрпение го очекува тоа, пренесе Ројтерс.
Бајден раскажуваше семејни приказни и рече дека пелтечењето било подготовка за тешките удари во животот. Тој рече дека пелтечењето како дете било најдоброто нешто што му се случило. Додаде дека на крајот го надминал пелтечењето, но дека повремено му се враќа кога зборува во јавност.
Интервјуто со Хауард Стерн се случи додека Бајден присуствуваше на политички настан во Њујорк.
За време на интервјуто, тој презентираше многу биографски детали, обидувајќи се да се претстави пред гласачите. Бајден, исто така, рече дека неговиот татко, Џозеф Робинет Бајден постариот, ретко покажувал љубов и раскажал приказна што напраавил кога бил нокаутиран додека играл рагби кога бил во четврто одделение.
„Татко ми излезе со нас и рече Џои стани. Само стани. Мора да станеш“, раскажал Бајден.
Свет
(Видео) Снимка од Ердоган хит на социјалните мрежи: Телохранител му подаде чешел на турскиот претседател, а потоа цела делегација мораше да застане
Видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи.
Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, цело време беше придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаше.
— Pluton (@Pluton45873221) April 26, 2024
Откако заврши со средувањето на косата, Ердоган му го даде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкај, насмеан.
Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од формирањето на Уставниот суд.
Свет
Се слушнало тропање и силни вибрации: Боинг изгубил дел за време на лет, извршил принудно слетување
Авионот на „Делта ерлајнс“ кој утрово полета од аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк мораше да се сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи, пренесува „Индекс“.
Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале звук на тропање.
Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пишува „ABC7 New York“.
„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент отпадот за итни случаи паднал“, рече портпаролот на „Делта“. За време на инцидентот во „Боингот 767“ имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.
Патниците биле префрлени во друг авион, кој полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот чиј дел за итни случаи паднал е стар 33 години и нема да биде во служба додека „Делта“ не ја процени неговата соодветност. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.