Свет
Берлин и Париз разгледуваат план за скусување на еврозоната

Властите на Франција и Германија активно разгледуваат план за радикални реформи на структурите на Европската унија, под претпоставка за излезот на некои земји, особено на Грција, од еврозоната, пишува Reuters, повикувајќи се на извори во дипломатските кругови.
Властите на Франција и Германија активно разгледуваат план за радикални реформи на структурите на Европската унија, под претпоставка за излезот на некои земји, особено на Грција, од еврозоната, пишува Reuters, повикувајќи се на извори во дипломатските кругови.„Франција и Германија одржуваат интензивни консултации на оваа тема во последните неколку месеци, на различни нивоа. Ние мора да се движиме многу внимателно, но вистината е дека ние треба да донесеме точен список на оние кои не сакаат да бидат дел од ’клубот’ и на оние кои едноставно не можат да бидат“, вели соговорникот на агенцијата.Истовремено, уште еден извор на Reuters забележува дека преговорите се наоѓаат во „шпекулативна“ фаза, односно дека властите на двете водечки земји во Европската унија сé уште не разговарале за техничките аспекти.Меѓутоа, самите власти на Унијата се противат на идејата за „преуредување“ на еврозоната. На пример, претседателот на Европската комисија. Жозе Мануел Баросо, во четвртокот изјави дека промените во монетарната унија ќе бидат скапи, како за Франција, така и Германија.„Мир и просперитет во Северна и во Западна Европа не може да има без мир и просперитет на Истокот (од Европа- з.р.)“, рече Баросо.Тој истакна дека Германија треба да се грижи за натамошниот развој, интеграциите и зголемување на конкурентноста во еврозоната. Во случај на „скусување“ на еврозоната, најголема економија во Европа очекува пад на БДП-то од 3 отсто, посочи Баросо.„И, покрај тоа, тоа (се мисли на намалувањето на членките на еврозоната – з.р) ги поткопува перспективите на идните генерации (на германските државјани – з.р)“, заклучи претседателот на Европската комисија. Минатата седмица во европските медиуми беше отворена темата за можното излегување на Грција од еврозоната. Причината за овие разговори беше изјавата на грчкиот премиер на заминување Јоргос Папандреу дека треба да се одржи референдум за прашањето, како што се претпоставуваше, за натамошно учество на земјата во еврозната./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Ердоган: Нетанјаху е најголемата пречка за мирот во регионот

Владата на Израел под водство на Бенјамин Нетанјаху е најголемата пречка за мирот на Блискиот Исток, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Ердоган го обвини Израел дека се обидува да го саботира секој обид за нуклеарни преговори меѓу САД и Иран, посочувајќи дека израелските напади покажуваат дека Тел Авив не сака дипломатија.
Тој ги повика другите земји да не наседнуваат на „отровната реторика“ на Израел за конфликтот, туку наместо тоа да бараат дипломатско решение.
Голем број земји го повикуваат Иран да влезе во преговори со цел да се најде решение за сегашниот конфликт. Иранските власти, сепак, велат дека дипломатско решение не е можно додека продолжуваат израелските напади.
Свет
Иранскиот министер за надворешни работи: Вклучувањето на САД во конфликтот би било многу, многу опасно

Министерот за надворешни работи на Иран Абас Аракчи изјави дека неговата земја не може да преговара со Соединетите држави додека нејзиниот народ е бомбардиран. Тој, исто така, тврди дека „САД се вклучени во агресија од првиот ден“ иако за тоа не дал никакви докази, пишува Би-Би-Си.
Зборувајќи за новинарите во Истанбул, каде што ги продолжува дипломатските разговори, Аракчи предупреди дека вклучувањето на САД во конфликтот меѓу Израел и Иран би било „многу, многу опасно“.
Иранскиот министер за надворешни работи нагласи дека е „апсолутно подготвен за решение преку преговори“ во врска со нуклеарната програма. Во 2015 година, Иран потпиша долгорочен договор за својата нуклеарна програма со група светски сили, по години напнатост поради сомневањата дека се обидува да развие нуклеарно оружје.
Аракчи додаде: „Дипломатијата работеше во минатото и може повторно да работи. Но, за да се вратиме на дипломатијата, агресијата мора да престане“.
Свет
(Видео) Израел објави снимка од ликвидацијата на командантот на Иранската револуционерна гарда

Израелското Министерство за надворешни работи објави видео од ликвидацијата на командантот на единицата за пренос на оружје на Иранската револуционерна гарда.
Бехнам Шахријари, командантот на Единицата за пренос на оружје на иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) и припадник на силите Кудс, бил убиен во прецизен напад на израелската армија (ИДФ) во западен Иран.
„Шахријари беше одговорен за сите трансфери на оружје што иранскиот режим им ги испраќа на своите групи низ Блискиот Исток со цел да ја спроведе стратегијата за уништување на Израел. Тој го предводеше трансферот на стотици милиони долари годишно на терористички организации“, се вели во соопштението.
🔴ELIMINATED: Behnam Shahriyari, commander of the Quds Force’s Weapons Transfer Unit in the IRGC, was eliminated in a precise IDF strike in western Iran.
Shahriyari was responsible for all weapons transfers from the Iranian regime to its proxies across the Middle East in order… pic.twitter.com/jKusiBTEJi
— Israel Foreign Ministry (@IsraelMFA) June 21, 2025
Тој исто така, како што се додава, го водел трансферот на стотици милиони долари годишно на различни терористички организации. Покрај финансирањето, бил и клучна фигура во снабдувањето на тие групи со оружје, што довело до смрт и ранување на бројни израелски цивили и војници.
Бил убиен на повеќе од илјада километри од границата со Израел во западен Иран.