Свет
Вдовицата и ќерката на Гадафи може да најдат засолниште во ирачки Курдистан
Ирачкиот претседател Џалал Талабани, го разгледува прашањето за давање азил во ирачки Курдистан за семејството на поранешниот либиски лидер Моамер ел-Гадафи, посебно за „неговата единствена ќерка и нејзината мајка“, коешто најде прибежиште во Алжир.
Ирачкиот претседател Џалал Талабани, го разгледува прашањето за давање азил во ирачки Курдистан за семејството на поранешниот либиски лидер Моамер ел-Гадафи, посебно за „неговата единствена ќерка и нејзината мајка“, коешто најде прибежиште во Алжир. Ова во четвртокот го јави независната курдска телевизија „Napaa“ цитирајќи извор близок до раководството на Патриотската унија на Курдистан, чиј лидер е Талабани.Ирачкиот претседател го прави тоа „во знак на благодарност за поддршката дадена во минатото на Курдите, од страна на поранешниот либиски лидер“, се вели во информацијата.Гадафи, според него, „го помагаше курдското ослободително движење со пари, неопходни за набавка на оружје, и заземаше јасен став за правото на Курдите за самоуправа“. Во сегашниот состав на Ирак, тамошниот дел на Курдистан има статус на широка автономија.Вдовицата на соборениот Гадафи, Сафија, неговата ќерка Ајша, која беше во деветтиот месеци од бременоста, и двата сина, Мохамед и Ханибал, кон крајот на август пребегаа од Либија во соседен Алжир, чиишто власти го образложија својот потег „од хуманитарни причини“. Во Алжир, Ајша се породи со ќерка, внука на ликвидираниот поранешен водач на Либиската Џамахирија полковникот Моамер ел-Гадафи. Подоцна алжирските власти соопштија дека ќе му помогнат на семејството Гадафи да ја избегне екстрадицијата во Либија и да замине во трета земја.По 42 години владеење со Либија, Моамер ел-Гадафи, беше убиен на 20-ти октомври, откако се обиде да избега од неговиот роден град Сирт кој веќе падна во рацете на востаниците. Малиот конвој во кој беше Гадафи се најде под оган на воздушните сили на НАТО и беше принуден да се крие во водовод во близина на Сирт каде што ранет го пронајдоа бунтовниците и по три часа малтретирање беше застрелан во главата и стомакот. Телото на Гадафи беше изложено во градот Мисрата за да може да се уверат Либијците дека тој навистина е мртов. Неговото тело е погребано на тајна локација во пустината.Вооруженото востание во Либија траеше околу девет месеци. Во текот на конфронтација меѓу владините сили, од една страна, и воздушните сили на НАТО кои даваа поддршка на бунтовничката опозиција, од друга страна, загинаа илјадници луѓе а економијата и инфраструктурата на некогаш богатата земја доживеаја големи штети./крај/рн/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Претседателот на Колумбија: Ги раскинуваме дипломатските односи со Израел
Колумбискиот претседател Густаво Петро изјави дека ќе ги прекине дипломатските односи со Израел поради војната во Газа.
Петро претходно силно го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и повика Колумбија да се приклучи на тужбата за геноцид на Јужна Африка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата.
„Овде пред вас, владата на промени, претседателот на републиката, најавува дека утре ќе ги прекине дипломатските односи со државата Израел, затоа што има влада, затоа што има претседател геноциден“, рече Петро на собир по повод Меѓународниот ден на трудот.
Светот не може да биде слеп пред настаните во Газа, додаде тој.
Во шестмесечната воена операција на Тел Авив загинаа 34.488 Палестинци, а ранети се 77.643, според здравствените власти во Газа. Војната ги расели повеќето од 2,3 милиони жители на Појасот Газа и го уништи најголемиот дел од крајбрежната енклава.
Најавата на Петро за прекин на дипломатските односи со Израел доаѓа во екот на се почестите шпекулации дека Израел наскоро ќе го нападне градот Рафах во јужниот дел на Газа, каде што се засолниле повеќе од милион Палестинци раселени од своите домови.
Регион
Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција
Два земјотреси, во растојание од една минута – во 19.19 и 19.20 часот – вечерва се регистрирани на територијата на Албанија.
Земјотресите се со интензитет од 2,1 степен според Рихеровата скала.
Епицентарот на првиот земјотрес бил на седум километри од Елбасан, додека вториот на 62 километри од Тирана.
Според информациите на ЕМСЦ, неколку минути претходно, земјотрес од 2,5 степени имало и во јужниот дел од Грција, а уште два од 2 и 2,3 степени се регистрирани предмалку на Крит.
Претходно денес, Хрватска ја погоди силен земјотрес од 4,7 степени, а беше почувствуван и во Босна и Херцеговина. По овој потрес, следеа неколку помали.
Свет
Хамас: Одговор за предлогот за примирје и ослободување на заложниците веројатно утре
Водачите на Хамас вечерва рекоа дека го проучуваат предлогот за примирје и ослободување на заложниците што им го претставија египетските посредници и велат дека се надеваат оти ќе го испратат својот одговор до утре, се вели во соопштението на палестинската милитантна група испратена до „Асошиејтед прес“.
Тековната рунда разговори за примирје меѓу Израел и Хамас изгледаат сериозни, но страните се во несогласување за едно клучно прашање – дали војната треба да заврши како дел од договорот, објави „Тајмс оф Израел“.
„Многу веројатно утре, односно четврток, ако даде Господ, посредниците ќе добијат одговор“, соопшти Хамас.
Преговорите меѓу Хамас и Израел, преку посредници како САД, Катар и Египет, траат со недели, а по Париз се водат нови рунди разговори во Каиро.