Свет
Војска на САД:Книгата за убиството на Бин Ладен содржи невистини
Војската на САД денеска ја демантираше „вистинската“ верзија на акцијата на нејзините специјалци во која беше убиен Осама Бин Ладен, а која е опишана во книгата „SEAL Target Geronimo“, на поранешниот специјалец Чак Ферер.
Војската на САД денеска ја демантираше „вистинската“ верзија на акцијата на нејзините специјалци во која беше убиен Осама Бин Ладен, а која е опишана во книгата „SEAL Target Geronimo“, на поранешниот специјалец Чак Ферер.„Тоа едноставно не е вистина. Не се случи така. Тоа се фабрикации“, изјави портпаролот на командата на специјалните операции на американската војска Тим Њу.Преполна со теории на заговор и напади на администрацијата на претседателот на САД Барак Обама, книгата на Ферер изнесува алтернативно видување на нападот на специјалната единица на американските маринци и тврди дека специјалците го убиле лидерот на Ал Каеда само 90 секунди откако на 2 мај упаднале во неговото засолниште, кое се наоѓало длабоко на територијата на Пакистан.Книгата „SEAL Target Geronimo“ (Специјалците го напаѓаат Џеронимо“ е меѓу 20 најпродавани на интернет книжарниците Амазон, а нејзиниот автор ја промовираше и на телевизиските гостувања на Фокс њуз, Си-Ен-Ен и на други места.Ферер тврди дека Белата куќа објавила фиктивен и штетен опис на акцијата која укажува дека специјалците биле неспособни.Според неговите зборови, брзото признание на Обама за нападот беше кукавички политички акт кој многу разузнавачки податоци собрани за време на акцијата ги направи неупотребливи.„Вистината е на моја страна. Разговарав со момците кои беа на лице место, како и со оние што беа во другото летало., односно со припадниците на втората специјална единица која би требало да ја спасува првата во случај таа да биде нападната“, рече Ферер во интервју за Асошиејтед прес.Агенцијата наведува дека Ферер имал редица грешки при наведувањето на податоците, кои се јавно достапни.Ферер осум години бил активен специјалец, од што направил кариера долга две децении. По пензионирањето кон крајот на 80-сетите години на минатиот век, стана косценарист на филмот „Нејви силс“, со Чарли Шин во главната улога, а напиша и две книги за специјалните единици на американските маринци. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Вооружени напаѓачи киднапираa 25 ученички од интернат во Нигерија
Наоружани напаѓачи однеле 25 ученички од интернат во раните утрински часови во сојузната држава Кеби, во северозападна Нигерија, потврдила полицијата. При нападот, кој се случил околу 4 часот изутрина по локално време, е убиено едно лице од персоналот, а друго е рането. Напаѓачите имале софистицирано оружје и размениле оган со чуварите пред да ги одведат девојчињата.
Полицијата известила дека надлежните тимови пребаруваат сомнителни бегалски патишта и околни шуми во потрага по киднапираните ученички и сторителите.
Овој инцидент е најнов во низата на киднапирања на деца од училишта во северниот регион на Нигерија, каде што вооружени групи целат кон деца повеќе од една деценија. Оваа година бројот на напади од различни вооружени групи дополнително се зголемил. Најпознатиот случај е од 2014 година, кога милитантната група Боко Харам киднапира 276 ученички од средно училиште во Чибок, а судбината на голем дел од нив сѐ уште не е позната.
Свет
Германскиот министер за одбрана: Европа можеби го имаше последното мирно лето
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави за „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ дека германскиот начин на живот е загрозен и дека европските држави мора итно да ја зајакнат одбранбената способност.
„Путин не ги крие своите империјални фантазии, во кои нашата слобода, нашиот ред, каков што го знаеме, немаат никакво значење. Мораме брзо и јасно да реагираме на оваа закана со зајакнување на нашите одбранбени капацитети“, нагласи Писториус.
На прашањето кога Русија би можела да биде способна за напад, Писториус дава претпазлив одговор.
„Воените експерти и разузнавачките служби можат грубо да проценат кога Русија ќе ги обнови своите вооружени сили до степен до кој би била способна да започне напад врз земја членка на НАТО на исток. Секогаш сме велеле дека тоа би можело да биде веќе во 2029 година. Сега, сепак, има и други кои велат дека тоа е замисливо уште во 2028 година, а некои воени историчари дури велат дека ова беше нашето последно мирно лето“, рече тој.
Сепак, тој ја смирува јавноста со пораката: „Не треба да оставаме впечаток дека НАТО не може да се одбрани. Може. Има значаен потенцијал за одвраќање. Конвенционален, но секако и нуклеарен.“
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, брзо реагираше на изјавата на Писториус, велејќи дека сега нема сомнение кој е агресорот.
Свет
ЕУ разгледува три опции за финансиска поддршка на Украина
Фон дер Лајен им испрати писмо на лидерите на ЕУ со три можни решенија за финансирање на Украина.
Првата опција е секоја земја членка да одобри билатерарна бесповратна помош за Украина. Втората е заедничко задолжување на ниво на ЕУ, при што земјите би дале правно обврзувачки и неотповикливи гаранции за заемот. Третата опција е репарациски заем од 140 милијарди евра, користејќи го запленетиот руски имот, при што Украина би го враќала заемот само ако и кога Русија ќе плати воена отштета.
Фон дер Лајен наведува дека првите две опции би го зголемиле фискалниот товар на земјите членки, додека третата не би предизвикала дополнителни трошоци или ново задолжување.
Според писмото, на Украина ѝ се потребни 135,7 милијарди евра за 2026 и 2027 година – 83,4 милијарди за воени потреби и 52,3 милијарди за стабилизација на економијата и покривање на буџетскиот дефицит. Лидерите на ЕУ треба да донесат одлука на самитот на 18 и 19 декември.
Прашањето за користење на замрзнатиот руски имот останува отворено поради противењето на Белгија, која бара гаранции дека ризикот ќе биде споделен ако се донесе пресуда за враќање на средствата на Русија.
Фон дер Лајен во писмото наведува дека „Европа не може да си дозволи парализа“, и дека нема едноставни решенија, но потребно е да се дејствува.

