Свет
САД ќе стационираат војници во Австралија
САД ќе воспостави трајно воено присуство во Австралија идната година, како дел од високопрофилната промена на надворешната политика на земјата кон Азија, чија цел е да му се спротивстави на се поголемото наметнување на Кина во регионот.
САД ќе воспостави трајно воено присуство во Австралија идната година, како дел од високопрофилната промена на надворешната политика на земјата кон Азија, чија цел е да му се спротивстави на се поголемото наметнување на Кина во регионот.
Од идното лето, САД ќе почне со распоредувањето на своите војници, најпрвин со 250 припадници на Маринскиот корпус, бројка која треба да се искачи до 2.500 американски војници на овој континент.
Претседателот Барак Обама овие планови ги најави на при посетата на земјата, на заедничката прес-конференција со австралискиот премиер Џулиа Гилард и ги опиша како клучен чекор во се поголемата ангажираност на оваа суперсила во пацифичкиот регион, по завршувањето на воените интервенции во Ирак и во Авганистан.
„Тука сме за да останеме. Овој регион има огромно стратешко значење за нас“, рече Обама.
Американските сили, наречени „Наменска единица на маринци земја-воздух“, која ќе биде составени и од повеќе воздухопловни единици, ќе биде сместена во постоечките бази на австралиската армија во Северната територија, вклучувајќи го и Дарвин, област која е блиску до југоисточна Азија.
Најавата предизвика загриженост во Пекинг, кој планот го дочека со скептичност.
„Кина секогаш им се спротивставувала на сите потези кои додатно ги комплицираат споровите со вклучување на надворешни сили и инсистирала дека дијалогот е најдобрата опција. САД треба да ја цени конструктивната улога која сите во регионот очекуваат да ја одигра“м, го пренесува официјалниот став на пекинг кинеската државна агенција Синхуа.
Обама веќе беше изложен на критики од кинеските медиуми откако ја критикуваше Кина за нејзините финансиски политики во текот на самитот на АПЕК на Хаваи, кога претседателот го повика Пекинг да ги направи своите валутни политики пофлексибилни.
САД во последниот период покажуваат се поизразена загриженост за се подрскиот однос на Кина во Јужнокинеското море, битен трговски поморски канал, во кои, според некои проценки, се наоѓаат и огромни залихи на нафта и на ретки минерали. /крај/washigtonpost/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пилотите и кабинскиот персонал на „Луфтханза“ најавија целодневен штрајк
Пилотите и кабинскиот персонал на германскиот авиопревозник „Луфтханза“ во четврток ќе почнат целодневен штрајк поради спор околу платите и условите за работа.
Синдикатот „Vereinigung Cockpit“ бара повисоки пензии за пилотите, додека синдикатот на кабинскиот персонал „UFO“ сака да го принуди работодавачот на преговори за различни колективни договори.
На патниците им е порачано да се подготват за откажувања и доцнења на летовите, а се очекува штрајкот да ги погоди сите поаѓања од Германија. Ќе бидат засегнати и товарните летови.
Засега не е познато колку летови ќе бидат откажани. Портпаролот на компанијата изјави дека очекуваат подетални информации од синдикатите.
Пилотите минатата година со мнозинство гласови одлучиле да преземат индустриска акција поради барањата за повисоки придонеси од страна на работодавачот за пензии.
Синдикатот „UFO“ со штрајкот, кој е свикан без гласање, сака да го натера работодавачот на преговори за колективните договори во матичната компанија Луфтханза и во регионалната подружница „CityLine“. Само во „CityLine“, наводно, околу 800 работни места се загрозени поради овој потег.
Според билтенот на синдикатот, управата одбива преговори. Во матичната компанија досега безуспешно се чекало отворање на разговори за колективен договор.
Свет
ЕУ воведува апликација за пријавување сајбер-насилство кај младите
Младите во Европската Унија наскоро ќе можат преку посебна апликација да пријавуваат сајбер-насилство, најави еврокомесарката за технолошки суверенитет, безбедност и демократија, Хена Виркунен, во Стразбур.
Апликацијата е дел од Акцискиот план за борба против кибернетичкото злоставување, претставен на Меѓународниот ден за побезбеден интернет. Виркунен изјави дека „сите жртви и сведоци на злоставување мора да знаат каде можат да се обратат за помош“, поради што ќе се воведе алатка на ниво на ЕУ.
Таа повика земјите-членки да изработат национални планови и да воспостават заедничка дефиниција за сајбер-насилство, со цел подобра споредба на податоци и поефикасна заштита на младите.
Европската комисија потсети дека со Актот за дигитални услуги од платформите се бара повисоко ниво на приватност и заштита на малолетниците, додека со Актот за вештачка интелигенција се забранува манипулација и измама на корисниците.
Европратениците повикаа на поголема одговорност на социјалните мрежи.
Свет
Витакер: Трамп и Зеленски ќе го потпишат мировниот договор кога ќе дојде време
Американскиот амбасадор при НАТО, Метју Витакер, изјави дека мирот во Украина е поблиску од кога било досега, иако сè уште не е утврдено кога украинскиот и американскиот претседател ќе го потпишат мировниот договор за ставање крај на руската агресија.
Витакер рече дека договорот ќе биде потпишан „кога ќе дојде време“ и дека верува оти завојуваните страни се блиску до постигнување мир.
„Постојано го повторувам тоа, не само затоа што верувам во тоа, туку и затоа што внимателно ги следам преговорите. Мислам дека сме поблиску до мир во Украина од кога било“, изјави тој.
Додаде дека документите за мировниот договор ќе ги потпишат Доналд Трамп и Володимир Зеленски „кога тоа ќе биде соодветно и кога ќе дојде време“.
„Сметам дека треба да продолжиме да се молиме за мир, но истовремено да обезбедиме Украина и натаму да има, преку програмата ПУРЛ (програма преку која европските членки на НАТО од САД купуваат оружје за Украина) и други иницијативи, сè што ѝ е потребно за да се брани“, рече Витакер.
САД очекуваат земјите-членки на НАТО во наредните два дена да објават нови обврски за купување американско оружје за Украина.
Витакер посочи дека трите земји кои досега купиле најмногу американско оружје за Украина преку програмата ПУРЛ се Германија, Холандија и Норвешка.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за време на посетата на Украина вети дека ќе обезбеди повеќе од 15 милијарди долари за купување вооружување за украинските вооружени сили во рамки на истиот програм.

