Свет
Саиф ал-Ислам вели дека се чувствува добро
Саиф ал-Ислам Гаафи, уапсениот син на убиениот поранешен водач на Либиската Џамахирија, полковникот Моамер ел-Гадафи, во саботата на новинарката на Reuters и’рекол дека се чувствува добро, откако во петокот вечерта го уапсија борците на либискиот Националниот преивремен совет (NTC).
Саиф ал-Ислам Гаафи, уапсениот син на убиениот поранешен водач на Либиската Џамахирија, полковникот Моамер ел-Гадафи, во саботата на новинарката на Reuters и’рекол дека се чувствува добро, откако во петокот вечерта го уапсија борците на либискиот Националниот преивремен совет (NTC).Новинарката на агенцијата се наоѓала во товарниот авион од советската ера со којшто Саиф ал-Ислам беше превезен од југот на Либија од местото Обари каде што беше уапсен до градот Зинтан, 170 километри јужно од главниот град Триполи. На прашањето дали се чувствуа добро, тој само кусо одговорил „Да“. На прашањето, пак, да ги обајсни дебелите завои на трите прста од десната рака, Саиф само рекол „Воздушен напад, воздушен напад“. На дополнителното прашање потврдил дека е ранет во воздушен напад на силите на НАТО пред еден месец. Неговите соработници, кои исто така беа уапсени со него, дополниле дека станува збор за нападот на НАТО врз колоната со којашто Саиф ал-Ислам побегна од градот Бани Валид на 19-ти октомври, ден пред неговиот татко да настрада во сличен напад кога се обиде да го пробие обрачот на востаниците околу неговиот роден град Сирт. Саиф е уапсен во петокот навечер во пустината на југот од Либија. Него го уапси група борци на новите либиски власти од градот Зинтан, во место покрај пустинската населба Обари. Тој во саботата беше довезен со авион во Зинтан каде ќе биде задржан, а борците што го уапсија спречија во авионот да влезе разгенвена толпа луѓе коишто сакале да му пресудат на Саиф. Пртходно во саботата либиската телевизија ја прикажа првата фотографија на Саиф по апсењето, на којашто тој седи во просторија на фотелја во добра состојба но со дебел завој на палецот, пказалецот и средниот прст од десната рака. Телвизијата Al Arabia повикувајќи се на извори меѓу борците на NTC, објави дека Саиф бил уапсен во заседа, опткако либиските власти добиле информација дека се наоѓа во близината на Обари. Меѓународниот кривичен суд (ICC) уште на 27-ми јуни издаде налог за апсење на 39-годишниот Саиф ал-Ислам Гадафи, кој беше најекспонираниот син на полковникот Гадафи и го сметаа за несомнен негов наследник, поради злосторства против човечноста во текот на протестите во Либија, како и против вторито преживеан од оваа потерница на којашто беше и самито Гадафи, поранешниот началник на разузнавачката служба Абдулах ал-Сенуси. Според последните информации NTC нема да го предаде Саиф на Хашкиот трибунал, туку нему ќе му се суди во Либија./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пилотите и кабинскиот персонал на „Луфтханза“ најавија целодневен штрајк
Пилотите и кабинскиот персонал на германскиот авиопревозник „Луфтханза“ во четврток ќе почнат целодневен штрајк поради спор околу платите и условите за работа.
Синдикатот „Vereinigung Cockpit“ бара повисоки пензии за пилотите, додека синдикатот на кабинскиот персонал „UFO“ сака да го принуди работодавачот на преговори за различни колективни договори.
На патниците им е порачано да се подготват за откажувања и доцнења на летовите, а се очекува штрајкот да ги погоди сите поаѓања од Германија. Ќе бидат засегнати и товарните летови.
Засега не е познато колку летови ќе бидат откажани. Портпаролот на компанијата изјави дека очекуваат подетални информации од синдикатите.
Пилотите минатата година со мнозинство гласови одлучиле да преземат индустриска акција поради барањата за повисоки придонеси од страна на работодавачот за пензии.
Синдикатот „UFO“ со штрајкот, кој е свикан без гласање, сака да го натера работодавачот на преговори за колективните договори во матичната компанија Луфтханза и во регионалната подружница „CityLine“. Само во „CityLine“, наводно, околу 800 работни места се загрозени поради овој потег.
Според билтенот на синдикатот, управата одбива преговори. Во матичната компанија досега безуспешно се чекало отворање на разговори за колективен договор.
Свет
ЕУ воведува апликација за пријавување сајбер-насилство кај младите
Младите во Европската Унија наскоро ќе можат преку посебна апликација да пријавуваат сајбер-насилство, најави еврокомесарката за технолошки суверенитет, безбедност и демократија, Хена Виркунен, во Стразбур.
Апликацијата е дел од Акцискиот план за борба против кибернетичкото злоставување, претставен на Меѓународниот ден за побезбеден интернет. Виркунен изјави дека „сите жртви и сведоци на злоставување мора да знаат каде можат да се обратат за помош“, поради што ќе се воведе алатка на ниво на ЕУ.
Таа повика земјите-членки да изработат национални планови и да воспостават заедничка дефиниција за сајбер-насилство, со цел подобра споредба на податоци и поефикасна заштита на младите.
Европската комисија потсети дека со Актот за дигитални услуги од платформите се бара повисоко ниво на приватност и заштита на малолетниците, додека со Актот за вештачка интелигенција се забранува манипулација и измама на корисниците.
Европратениците повикаа на поголема одговорност на социјалните мрежи.
Свет
Витакер: Трамп и Зеленски ќе го потпишат мировниот договор кога ќе дојде време
Американскиот амбасадор при НАТО, Метју Витакер, изјави дека мирот во Украина е поблиску од кога било досега, иако сè уште не е утврдено кога украинскиот и американскиот претседател ќе го потпишат мировниот договор за ставање крај на руската агресија.
Витакер рече дека договорот ќе биде потпишан „кога ќе дојде време“ и дека верува оти завојуваните страни се блиску до постигнување мир.
„Постојано го повторувам тоа, не само затоа што верувам во тоа, туку и затоа што внимателно ги следам преговорите. Мислам дека сме поблиску до мир во Украина од кога било“, изјави тој.
Додаде дека документите за мировниот договор ќе ги потпишат Доналд Трамп и Володимир Зеленски „кога тоа ќе биде соодветно и кога ќе дојде време“.
„Сметам дека треба да продолжиме да се молиме за мир, но истовремено да обезбедиме Украина и натаму да има, преку програмата ПУРЛ (програма преку која европските членки на НАТО од САД купуваат оружје за Украина) и други иницијативи, сè што ѝ е потребно за да се брани“, рече Витакер.
САД очекуваат земјите-членки на НАТО во наредните два дена да објават нови обврски за купување американско оружје за Украина.
Витакер посочи дека трите земји кои досега купиле најмногу американско оружје за Украина преку програмата ПУРЛ се Германија, Холандија и Норвешка.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за време на посетата на Украина вети дека ќе обезбеди повеќе од 15 милијарди долари за купување вооружување за украинските вооружени сили во рамки на истиот програм.

