Свет
Холандија почна преговори за отштета за масакрот во Индонезија
Холандија денеска започна преговори за надокнада на штета со роднините на лицата, кои биле погубени од холандските сили за време на индонезиската борба за независност од колонијалната власт.
Холандија денеска започна преговори за надокнада на штета со роднините на лицата, кои биле погубени од холандските сили за време на индонезиската борба за независност од колонијалната власт.Холандскиот суд во септември пресуди дека државата Холандија е одговорна за масакрот во 1947 година во селото Равагеду на островот на Јава, во кој биле ликвидирани 4230 лица.Владата на холандија во денешното соопштенија информира дека започнала прелиминарни разговори со адвокатот на жртвите за евентуален договор. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Хамас: Израел ги враќа преговорите на почеток со измени на предлогот за прекин на огнот
Палестинската милитантна група Хамас соопшти дека Израел практично го отфрлил предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа, откако на посредниците во преговорите им доставил амандмани на предлогот, со што преговорите се вратиле на самиот почеток.
Хамас соопшти дека ќе одржи консултации со палестинските фракции за да ја разгледа преговарачката стратегија, објави Ројтерс.
Индиректните разговори меѓу Израел и Хамас за договор за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободувањето на заложниците се чини дека се заглавени без очигледен напредок, бидејќи Хамас рече дека нема намера да се откаже од предлогот веќе отфрлен од Израел.
Свет
Најмалку 60 лица се повредени во судир на воз и локомотива во Буенос Аирес
Најмалку 60 лица се повредени кога патнички воз се судрил со локомотива и празен вагон во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес, соопштија локалните власти.
Пожарникарите, полицијата и брзата помош се на терен и помагаат да се префрлат повредените патници во болниците, објави Ројтерс.
Во судирот првиот вагон од патничкиот воз излета од шините и беше оштетен.
Свет
Најмалку 50 луѓе загинаа во поплавите во Авганистан
Најмалку 50 лица загинаа во Авганистан во поплави по обилните дождови во северната провинција Баглан, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Абдул Матен Кание.
Тој посочи дека бројот на жртви може да се зголеми, пренесе Ројтерс.
Кание рече дека има поплави во повеќе од пет области во Баглан по обилните дождови и на некои домаќинства им е потребна итна помош.
Тој додаде дека за вечерва се предвидуваат две силни невремиња.
„Министерството за внатрешни работи испрати екипи и хеликоптери во областа, но поради недостиг на светла за ноќно гледање во хеликоптерите, операцијата можеби нема да биде успешна“, рече тој.
Најмалку 33 лица загинаа, а 27 се повредени во силните поплави предизвикани од сезонските дождови во средината на април во Авганистан.
Поплави во април го погодија главниот град Кабул и неколку провинции низ земјата.