Свет
Се сруши индонезискиот мост „Голден гејт“, најмалку четири жртви
Спасувачите во Џакарта и понатаму трагаат по преживеани по вчерашната трагедија во кога се сруши доста прометен мост изагинаа најмалку четири лица, а 19 повредени се пренесени во болница.
Спасувачите во Џакарта и понатаму трагаат по преживеани по вчерашната трагедија во кога се сруши доста прометен мост и загинаа најмалку четири лица, а 19 повредени се пренесени во болница.
Во тек е истрага која што би требало да утврди како се срушил 720 метри долгиот мост кој што е направен по примерот на мостот „Голден гејт“ во Сан Франциско и ги поврзуваше градовите Тенгаронг и Самаринда во провинцијатa Источен Калимантан.
Очевидците тврдат дека од мостот покрај повеќе автомобили летнал и еден автобус за градски превоз. Преживеаните очајнички пливале до брегот, вриштеле во паника, додека останатите биле заробени во рушевините.
„Извлековме четири тела и спасивме 39 луѓе“ рече еден од спасувачите од провинцијата источен Калимантан.
Спасувачите нуркачи ја пребаруваат реката но имаат големи потешкотии поради нанмалената видливост и силните струи.
„Не знам дали ќе најдеме уште преживеани, но потрагата ќе продолжи“ рече спасувачот. Се уште не е јасно поради што се срушил мостот но до трагедијата дошло додека на него се работело.
Работниците завртувале штрафови кога потпорниот челичен кабел пукнал и мостот се срушил, иако бил изграден пред помалку од десет години. Не се знае колку точно луѓе се исчезнати, но меѓу нив има и шест работници.
Еден од преживеаните, четириесетгодишниот Адам Нур рече дека пливал 300 метри од моментот кога неговиот автомобил се срушил во реката.
„Почувствував дека нешто ме удри во рамото и повеќе не можев да ја поместувам мојата лева рака. Водата брзо навлегуваше во автомобилот, го скршив стаклото и излегов надвор и на моја среќа знам да пливам. Мојата желба за живот ми даваше сила. Слушнав дека сите мои пријатели се добри“ рече Нур.
Претседателот на државата, Суслио Бамбанг Јудхојоно им нареди на министрите да одат на местото на несреќата и да ја надгледуваат акцијата за спасување. Исто така нареди да се испита што довело до рушење на мостот./крај/бл/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Истражителите ја пронајдоа клучната причина за несреќата во Шпанија
Истражителите на местото на несреќата пронајдоа оштетен спој на шината за кој се верува дека е клучната причина за излетувањето на возот од шините, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на извор запознаен со првичните наоди од истрагата.
Според агенцијата, експертите што ги истражуваат причините за несреќата од синоќа откриле скршен спој на шината.
Техничарите пронајдоа абење на спојот помеѓу деловите од шината, познат како рибја плоча, и рекоа дека ова укажува дека дефектот постоел веќе некое време.
Претседателот на шпанската државна железничка компанија „Ренфе“, Алваро Фернандез Хередија, претходно изјави дека „човечката грешка“ е практично исклучена како причина за несреќата.
Како што претходно беше објавено, засегнатиот дел од пругата беше целосно обновен дури во мај минатата година, но проблемите продолжија да се појавуваат на него.
фото/епа
Свет
Унгарија: Иднината на Гренланд не е прашање за Европската Унија
Иднината на Гренланд не е прашање за Европската Унија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто за време на посетата на Прага, додека Унгарија сигнализираше дека нема да поддржи заедничка изјава на ЕУ за ова прашање.
„Сметаме дека ова е билатерално прашање кое може да се реши преку разговори меѓу двете страни… Не мислам дека е прашање на ЕУ“, рече Сијарто откако американскиот претседател Доналд Трамп ги засили напорите да го преземе суверенитетот над Гренланд од членката на НАТО Данска.
Претходно, Трамп рече дека безбедносните причини се клучни за неговата желба да ја преземе контролата врз Гренланд, сугерирајќи дека Русија и Кина би можеле да ја преземат контролата врз Арктикот ако Вашингтон не го стори тоа.
Заканата на Трамп да воведе царини за осум европски земји доколку не го поддржат неговиот план за купување на Гренланд предизвика шокови.
Тој објави дека ќе воведе царина од 10 проценти за увоз во Соединетите Држави на 1 февруари, која ќе се зголеми на 25 проценти од летото доколку не се постигне договор. Не е јасно дали царините ќе бидат дополнителни на постојните давачки.
Франција и Германија, кои се дел од група од осум земји во која се и Обединетото Кралство, Данска, Норвешка, Шведска, Холандија и Финска, изјавија дека ЕУ треба да биде подготвена да одговори доколку Трамп ги спроведе најавените мерки.
фото/ Depositphotos
Регион
Бугарскиот претседател поднесе оставка
Претседателот на Бугарија, Румен Радев, ја објави својата оставка, бидејќи се приближуваат предвремените парламентарни избори закажани за пролет, нов елемент во политичката криза што ја дестабилизира земјата пет години.
„Утре ќе поднесам оставка од моите должности како претседател на Република Бугарија“, рече Радев (62) во официјално соопштение.
Радев изјави во петокот дека земјата ќе одржи предвремени избори откако водечките партии го отфрлија мандатот за формирање влада, откако претходната администрација поднесе оставка минатиот месец поради широко распространети протести.
Неговата оставка дополнително ќе ги поттикне широко распространетите шпекулации дека ќе формира своја политичка партија. Во петокот, Радев ѝ понуди на Алијансата за права и слободи последна шанса да се обиде да формира влада, но партијата го отфрли барањето, трета што го стори тоа оваа недела.
„Одиме на избори“, рече Радев во петокот.
фото/епа

