Свет
Најмалку двајца загинати во експлозија во Багдад

Во минофрлачки напад во престолнина Багдад врз паркиралиштето на парламентот на Ирак, загинале најмалку две лица а девет се повредени од кои еден е пратеник, пренесува Reuters повикувајќи се на безбедносни извори.
Во минофрлачки напад во престолнина Багдад врз паркиралиштето на парламентот на Ирак, загинале најмалку две лица а девет се повредени од кои еден е пратеник, пренесува Reuters повикувајќи се на безбедносни извори. Портпаролот на безбедносните служби на Багдад, Касим ал-Мусави тврди дека е загинато едно лице а ранети се две, но други полициски извори тврдат дека во експлозијата на мината загинале три лица, а ранети се девет лица, меѓу кои е и еден парламентарец. Во понеделникот претходно во Ирак се случи уште еден крвав напад кога бомбаш самоубиец во воената база во близина на населбата Таџи активирал автомобил-бомба, притоа убивајќи најмалку 19 а ранувајќи 24 лица./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Вучиќ ги критикуваше српските министри: „Ѓуро, не сум задоволен од ангажманот на луѓето во Владата, срамота е“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, обраќајќи се кон премиерот Ѓуро Мацут, изјави дека не е задоволен од ангажманот на министрите во Владата на Србија.
„Ѓуро, не сум задоволен од ангажманот на луѓето во владата и тоа ќе ти го кажам во лице. Не морам да ти кажам дека знам колку време луѓето поминуваат во владата. Срамота е. Тоа е сè што имам да ти кажам“, рече Вучиќ на седницата на Советот за соработка на Србија и Република Српска во проширен состав, во Палатата на Србија, во Белград.
Тој ги замоли министрите да се ангажираат повеќе и да работат понапорно, наведувајќи дека во просек 1,2 министри се на терен секој ден, а не 16.
„Потребна е многу поголема ангажираност, многу поголем напор и работа. Не живејте за да помине уште еден ден, туку за да се направи нешто големо“, рече Вучиќ.
Ko da mu je vladu šio Đuro, a ne on sam… pic.twitter.com/h8ixFb8E4t
— Џyлc (@doprinositelj) September 20, 2025
Свет
Германија на пат кон строга забрана за пушење во возила со деца или бремени жени

Покраините Северна Рајна-Вестфалија и Долна Саксонија планираат да предложат нов закон кој ќе забрани пушење во автомобили ако во нив има деца или бремени жени. Предлогот ќе биде поднесен до Федералниот совет на 26 септември 2025 година.
Целта на законот е да се заштитат најранливите лица од штетниот чад од тутун. Досега, поканите за доброволна претпазливост не помогнале, па пушачите и понатаму пушат во возила во присуство на деца и бремени жени.
Министерот за здравство на Северна Рајна-Вестфалија, Карл-Јозеф Лауман, вели дека пушењето во автомобил со деца или бремени жени е неодговорно, затоа што чадот може да им наштети на нивното здравје.
Според германски научници, околу еден милион деца редовно вдишуваат чад од тутун во возила, што го зголемува ризикот од сериозни болести.
Иако специфичните казни сè уште не се дефинирани, се очекува дека тие ќе се движат помеѓу 500 и 3.000 евра.
Слични закони веќе постојат во Италија, Франција, Велика Британија и други европски земји. Казните таму се движат од неколку стотици до неколку илјади евра.
Ако предлогот биде прифатен, Бундестагот ќе треба да го донесе конечниот закон.
Свет
Две лица загинаа при уривање на училиште во Москва

Две лица загинаа при уривање на градежни конструкции за време на реконструкција на училиште во Москва. Спасувачките екипи интензивно трагаат по исчезнатите, а на терен се присутни и службите за итна помош и полицијата. Едно лице е спасено живо.
„Четири ката од зградата се срушија, а се стравува дека под урнатините има уште минимум шест лица,“ изјавија од руската полиција.
Овој настан доаѓа само неколку дена откако руските власти отворија истрага поради уривање на плафон во училиште во Владивосток, каде повредено беше 12-годишно девојче.
Истражните органи продолжуваат со работа за да ги утврдат причините за несреќата и дали има пропусти во безбедносните мерки.