Свет
Иранска база тешко оштетена во експлозија?
Ирански воен комплекс во кој порано во ноември дојде до силна експлозија е тешко оштетен, соопшти во понеделникот Институтот за наука и меѓународна безбедност (ISIS)од Вашингтон, по анализата на сателитски снимки.
Ирански воен комплекс во кој порано во ноември дојде до силна експлозија е тешко оштетен, соопшти во понеделникот Институтот за наука и меѓународна безбедност (ISIS)од Вашингтон, по анализата на сателитски снимки. Институтот ги споредил сателитските снимки направени од DigitalGlobe од 22-ри ноември со една снимка од септември, која укажува на драматични разорувања во воената база крај градот Бир Канех. „Изгледа дека некои згради во целост се уништени. Нешто од уништувањата на снимката може исто така да биде резултат на контролирано уривање на зградите и отстранување на отпад. Не се чини дека на локацијата се гледаат многу парчиња од тешка опрема, како што се дигалки или камиони кипери, а значително количество отпад сѐ уште е присутно“, се наведува во анализата објавена на интернет страницата на институтот.Фисоки функционери од Пентагон за CNN изјавиле дека САД сметаат оти Иранците мешале нестабилно гориво за ракетни мотори за големите балистички проектили на 12-ти ноември, кога се случила несреќата. Најмалку 17 луѓе, меѓу кои и генералот на елтината Гарда на Чуварите на револуцијата, загинаа при експлозија во војна база во близината на Техеран, соопштија иранските државни медиуми во времето на експлозијата, на 12-ти ноември. Иранскиот претставник Хусеин Гаруси изјави за државните медиуми дека експлозијата се случила кога случајно избил пожар во складиштето за муниција на воената база на корпусот на Гардата во местото Бигденех, околу 35 километри западно од Техеран. Детонација од експлозија се слушнала во понеделник попладне во иранскиот град Исфахан, изјави првиот човек на правосудните органи во провинцијата, пренесе иранската новинска агенција ISNA. Во близината на Исхафан се наоѓа важен ирански нуклеарен погон за обработка на ураниум, но иранските медиуми не информираа дали експлозијата се случиле во близината на нуклеарниот центар. Џил Тјудор, портпаролката на агенцијата на Обединетие нации за атомска енергија (IAEA) изјави дека агенцијата ја знаа оваа информација, но дека нема други податоци. Иранските медиуми објавија контроверзни информации за инцидентот. Новинската агенција FARS објави дека во Исфахан имало силна експлозија, но подоцна ја симна оваа информација од итнернет страницата. Reuters контактирал со повеќе жители на градот кој изјавиле оти ништо не слушнале.Иранската агенција IRNA вечерва повикувајќи се на Мохамад –Мехди Исмаил, гувернер на Исфахан за политчки и безбедносни прашања, пренесе дека информацијата била „целосно произволна и фабрикувана“.Официјален претставник на службите за помош во Исхаван, Масуд Анајеб, изјавил дека до него не дошле информации за експлозија во градот. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шефот на НАТО: Кина сака добри односи со Западот и и помага на Русија, не може да ги има и двете
Кина мора да престане да ја поддржува руската војна во Украина ако сака да ужива во добри односи со Западот, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, предупредувајќи го Пекинг со невообичаено остри зборови дека не може да ги има и двете. За време на посетата на Берлин, шефот на западната воена алијанса рече дека помошта на Пекинг е од витално значење за воените напори на Москва бидејќи ја зајакнува воената економија на Русија со споделување на врвна технологија, како што се полупроводниците.
„Минатата година Русија увезе 90 отсто од својата микроелектроника од Кина, која се користи за производство на проектили, тенкови и авиони. Кина исто така работи на Русија да и обезбеди подобрени сателитски способности“, рече Столтенберг. „Кина вели дека сака добри односи со Западот. Во исто време, Пекинг продолжува да го поттикнува најголемиот вооружен конфликт во Европа од Втората светска војна. Не може да ги има и двете“, предупреди тој.
Столтенберг ги предупреди западните сојузници да не станат зависни од Кина како што беа од Русија. „Во минатото направивме грешка што станавме зависни од руската нафта и гас. Не смееме да ја повториме таа грешка со Кина и да зависиме од нејзините пари, суровини и технологии. Зависноста не прави ранливи“, додаде тој.
Кина ги зајакна трговските и воените врски со Русија во последниве години, бидејќи САД и нивните сојузници воведоа санкции и на двете, но особено на Москва, поради нејзината инвазија на Украина. Рускиот претседател Владимир Путин изјави во четвртокот дека планира да отпатува за Кина во мај, но не прецизираше точно кога.
Свет
САД градат привремено пристаниште во близина на Газа за испраќање хуманитарна помош
Соединетите Држави почнаа да градат пристаниште во Газа, соопшти денеска Пентагон, проект кој треба да ја олесни испораката на хуманитарна помош на палестинската територија. Пристаништето треба да профункционира на почетокот на мај.
Во март, претседателот Џо Бајден објави дека американската војска ќе изгради привремено пристаниште на медитеранскиот брег на Газа за да добива хуманитарна помош по море.
Изградбата е дел од напорите да се спречи гладувањето во палестинската енклава, која веќе пет месеци се наоѓа во средината на израелската воена кампања против Хамас, која го опустоши Појас Газа и ги потопи нејзините 2,3 милиони луѓе во хуманитарна катастрофа.
„Можам да потврдам дека американските воени бродови, вклучително и УСНС Бенавидез, почнаа да градат привремено пристаниште…“ изјави за новинарите портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер.
ОН предупредија дека Газа е во опасност од глад и се пожалија на „огромни пречки“ при добивањето помош и нејзино дистрибуирање низ енклавата.
Агенциите за помош и администрацијата на Бајден го молеа Израел да ја олесни испораката на помош во Газа и да им дозволи на нивните конвои безбедно поминување на територијата.
Рајдер рече дека Пентагон следи некој вид минофрлачки напад во Газа што предизвика минимална штета во близина на областа каде што се гради пристаништето, но додаде дека американските сили сè уште не почнале да преместуваат ништо во областа и дека нема американски сили на теренот.
Свет
(Видео) Големи поплави во Танзанија, загинаа 155 луѓе
Во поплавите во Танзанија загинаа 155 луѓе, а најмалку 236 се повредени, изјави денеска премиерот Касим Мајалива. Во поплавите оштетени се повеќе од 10.000 куќи.
Премиерот додаде дека обилните дождови предизвикани од Ел Нино и придружени со силен ветер доведоа до поплави и лизгање на земјиштето во различни делови на земјата.
„Многу луѓе загинаа. Имаше штета на посевите, куќите, инфраструктурата како патишта, мостови и железници“, рече Мајалива.
Поплави ја погодија и Кенија, која се граничи со Танзанија на истокот на Африка, при што загинаа повеќе од 30 луѓе, пишува Си-ен-ен.
Во Кенија врне силен дожд од средината на март, а врнежите се интензивираа минатата недела. Кенискиот Црвен крст изврши повеќе од 188 спасувачки операции од март. Властите вчера затворија некои патишта во главниот град на Кенија, а неколку населби беа поплавени.